Михаил Китановски е дел од менторите во Galeksia од самите почетоци и предава на модулот Digital Marketing strategy and planning. По професија е консултант за менаџмент во бизнис заедницата, сопственик и генерален директор на компанијата Kitanovski & D2EM и сертифициран DMI ментор.
Нашите студенти имаат прилика да учат од реални примери од неговото богато портфолио со над 20 години искуство работа со светски, мултинационални компании од најразлични индустрии.
Во ова интервју Михаил ни откри повеќе за себе и за неговиот професионален пат, но и за искуството во Galeksia и зошто е важно твоето знаење да е сертифицирано.
Прочитај повеќе!
1. Здраво Михаил! За подобро да те запознаат нашите читатели, кажи ни нешто повеќе за себе и твојата улога како ментор во Galeksia?
Здраво здраво. Работата во Galeksia е, со еден збор, одлична – ме исполнува и ми дава мотив за континуирано сопствено учење. Како интернационален бизнис и менаџмент консултант, кариерното збогатување/надополнување со професионални знаења од дигитален маркетинг ми дава можност за напредок, исто како и на моите студенти.
2. Ти имаш работно искуство од 20 години, соработувано со над 700 клиенти низ целиот свет, во 80 различни индустрии во над 30 земји. Дали можеш да ни ja откриеш тајната на успехот?
Тајната на успехот е во: учење од стручна литература, активна партиципација преку уметност – така човек ги согледува работите од друга страна, а во мојот случај тоа е свирење на клавир, и на крајот зацврстување на системот на вредности кој секој човек треба да го идентификува и да носи одлуки како на професионален, така и на приватен план.
3. Сертифициран DMI тренер и ментор во Galeksia е дел од твоето портфолио. Од досегашното искуство во маркетинг и бизнис светот, дали сметаш дека е важно знаењето да е сертифицирано и ако да, зошто?
Апсолутно ДА – многу е едноставно: треба да ги знаеме речиси сите области од дигитален маркетинг, како и сите тековни промени, како би знаеле што да одбереме кога ќе имаме потреба за креирање на дигитална стратегија или кампања на пример.
4. Од нашите студенти добиваме само одлични коментари за твоите предавања по Digital Marketing strategy and planning. Како се одвиваат твоите часови и дали можеби имаш некој поинаков пристап за студентите полесно да го совладаат материјалот?
Благодарам. Часовите се одвиваат според однапред дефиниран план, со тоа што се трудам да бидат 100% интерактивни, сите примери се од реално работење (со мала модификција) и речиси секогаш на крајот на секој час го повторувам материјалот, за да сите учесници бидат свесни за ‘’големата слика’’ и колку/како треба да учат за да бидат компетентни и да ги положат испитите на најлесен можен начин.
5. Според тебе, за кого е наменета DMI програмата за дигитален маркетинг?
Слободно можам да кажам за сите нас – веќе нема разлика во однос на позиција, искуство или индустрија, на пример. Новото нормално создаде потреба за учење за сите и затоа ги поканувам сите кои имаат малку време и енергија да започнат со една од програмите на DMI.
6. Како еден од најистакнатите менаџмент консултанти во земјава, верувам дека имаш исполнет работен ден. Како го поминуваш слободното време?
Максимално се трудам да по посветам времето на семејството, бидејќи мислам дека тоа е најважно, односно и со помладите и со постарите, а најмногу со сопругата Тања, бидејќи со сите нас заедно, се чувствувам најзадоволен. Понекогаш останува време и за вежбање клавир, или рекреативно пливање или кратка посета на некоја локација во регионот. Со новите услови, речиси ги немам патувањата по светот, па така полесно може да се реализира и овој план. 🙂
7. Да можеш да поминеш само еден работен ден во друга професија, што би бил?
Хм, интересно прашање. Дефинитивно би работел со млади музичари, правејќи музика, или заедничка свирка пред публика, или на брод, или во хотел. Бидејќи држам предавања со клавир за лидерство, продажба и градење тимови, знам дека тоа би било повеќе од одлично..може и 3 дена, не мора само еден.
8. Што би им препорачал на сите оние кои се заинтересирани и сакаат да се вклучат во програмата за дигитален маркетинг?
Што е можно побрзо, без разлика каде се наоѓате, запишете се на акредитираната програма во DMI. Научете максимално можно, истражувајте и на крајот, обидете се да размислувате за вистинските вредности и идеи кои ќе ги вградите во проектите кои имаат врска со дигитален маркетинг.
9. Според тебе, како ќе изгледа digital marketing индустријата за пет години од сега?
Мислам дека ќе биде многу слично, затоа и треба да се започне со учење и сега, но ќе има промени во методологијата за размена на информации (од секаков карактер), а во секој случај благосостојбата на работа или дома, во задоволителен процент ќе зависат digital as presence – веќе тоа го чувствуваме.
Доколку сакаш да си дел од предавањата на Михаил и да научиш повеќе од неговото лично, професионално искуство и како да креираш успешна маркетинг стратегија, тогаш запиши се на CDMP програмата на Galeksia и стани дел од глобаното семејство на DMI.
Уписите се во тек!
Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.
Запиши се и учи со нас!