Маркетингот нуди бесконечно можности за искажување на креативноста

Стефанија Костовска е студентка од септемвриската група на програмата Professional Diploma in Digital Marketing. Моментално работи како Retail Customer Representative во HalkBank, но желбата да направи професионален скок во својата кариера ја мотивираше да се запише на програмата за дигитален маркетинг.

 

Уште еден роден креативец, со голема љубов и талент кон фотографијата која го најде идеалното место да ја изрази својата креативност. И сама вели дека дигиталниот маркетинг е динамично поле кое се менува секојдневно, па така е идеалната сфера кадешто можеш да ги креираш и реализираш своите идеи.

 

Прочитај зошто Стефанија ја избра баш Galeksia и каков совет има за сите они кои сè уште размислуваат да се приклучат на програмата во интервјуто подолу!



1. Здраво Стефанија! Ти си студент од септемвриската група на програмата.Како би се опишала себеси во неколку зборови. Која е Стефанија? 🙂

 

Здраво, здраво. Hard worker и авантурист во душа кој го мотивираат новите предизвици, е токму тоа е Стефанија. Дефинитивно сум креативна личност и низ годините барав каде да ја негувам таа креативност, но сега сум среќна што го открив маркетингот кој дава бесконечно можности за искажување на креативноста.


2. Се запиша на програмата со цел да се стекнеш со нови знаења и дигитални вештини, со што би достигнала уште поголеми успеси на професионален план. Како си задоволна од целокупното искуство на програмата до сега?

 

Програмата ми помогна да стекнам солидна основа во сите области на дигиталниот маркетинг. Тешко е да совладаш сè без да се соочиш со предизвици. Ми се допаѓа тоа што програмата е сеопфатна, бидејќи на тој начин можам да се одлучам кој дел од дигитален маркетинг мене ми одговара, а вистинските предизвици допрва доаѓаат.


3. Имаш дипломирано на Економски факултет и моментално работиш во HalkBank како Retail Customer Representative. Дали тоа значи дека сакаш работа со бројки и си повеќе наклонета кон техничкиот дел и во дигиталниот маркетинг? Или пак токму спротивното? 🙂

 

Јас сум личност која обожава да работи со бројки, на некој начин ме релаксира :). Меѓутоа исто така сум и доста креативна. Се запишав на програмата повеќе за техничкиот дел, но имаше доста модули за кои сега би размислила во која област да се насочам и да продолжам да го надоградувам моето знаење.


4. Како што се наближува крајот на програмата, верувам дека и сè повеќе размислуваш за можностите кои ги нуди оваа индустрија. Кои се твоите планови за во иднина? Дали веќе целиш кон одредена dream job?

 

Сега за сега план ми е да почнам како практикант или freelancer, да стекнам искуство, затоа што ова е цел нов свет за мене. За понатаму ќе видиме.


5. Кажи ни, зошто баш Galeksia? Што е она што те привлече да се запишеш токму на Professional Diploma in Digital Marketing програмата?

 

Отсекогаш го сметав маркетингот како клучен за успехот на секој бизнис, па по долго размислување за дигиталниот маркетинг почнав повеќе да истражувам за програмите кои се нудат и да направам промена. За Galeksia слушнав од пријателка и ми го привлече вниманието на сеопфатноста од програмата. По разговор со Мартин и Билјана одлучив да се запишам и да влезам во светот на дигиталниот маркетинг.


6. Освен твојата tech-savvy страна и умешност со бројки, по природа си роден креативец! Многу интересен факт за тебе е твојата љубов кон фотографијата. Откриј ни нешто повеќе за тоа, дали е само хоби или посериозно работиш во таа сфера?

 

Љубовта кон фотографијата се јави уште од многу мала, генетски наследена од татко ми кој професионално се занимаваше со фотографија, па ми ја пренесе љубовта и мене :). Моментално е хоби, но никогаш не се знае за понатаму.


7. Каков совет имаш за сите оние кои размислуваат да почнат со изучување дигитален маркетинг?

 

Јас се одлучив затоа што е динамично поле, а јас не сум личност што сака да стои во место, секогаш има нешто ново што ќе научиш и најважното, има многу простор за развивање како на професионално така, и на лично ниво. Би ги советувала сите да не се плашат да излезат од комфорната зона, да бидат упорни и истрајни за своите соништа. Без разлика на годините и искуствата, никогаш не е доцна за промена, бидете многу љубопитни, бидејќи светот на дигиталниот маркетинг се менува секојдневно.

 

 

Инспирирај се и ти од приказната на Стефанија и направи чекор напред во твојата кариера! Нема подобро време од сега да се стекнеш со дигитални вештини и да се запишеш на програмата за дигитален маркетинг. Уписите сè уште се во тек. Пријави се денес!

 

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче