Која е вредноста на сертификатот за дигитален маркетинг?

Дали си нов/а во оваа индустрија? Или пак можеби искусен дигитален маркетер што се прашува дали има некоја вредност од добивањето сертификат за дигитален маркетинг?


Ако имаш некое предзнаење за дигиталниот маркетинг, веќе си свесен/на дека секогаш ќе ти треба повеќе. Повеќе знаење, повеќе вештини и повеќе начини да им покажеш на клиентите или работодавачите дека можеш да го издвоиш нивниот бизнис. Додавањето на квалификација во твоето резиме е еден од најдобрите начини да го направиш тоа додека се подготвуваш за успех.


Станува општоприфатен факт дека за станување дигитален маркетер не е потребна четиригодишна диплома. Тоа е поле каде докажаната способност го заменува четиригодишното школо – главно поради фактот што дипломските програми не подучуваат на специфични вештини потребни за да станеш дигитален маркетер.  


Всушност, многумина тврдат дека сертификатот за дигитален маркетинг е дури и подобар од факултетската диплома и може да биде најдобриот начин да покажеш дека си вложил/а време и енергија за учење и совладување на вештините на твојот занает.  




Истражи го твојот потенцијал!



Што го прави сертификатот легитимен?   



Како да знаеш дали сертификатот што го бараш е легитимен? Постави си ги овие прашања за сам/а да одредиш дали сертификатот што го бараш ќе биде корисен за твојата кариера:



Дали го предаваат професионалци од индустријата?



Ако луѓето што ги предаваат курсевите не се вешти во тоа што го учат, ти ќе го изгубиш твоето време и пари. Работодавачите сакаат нивните вработени да учат практично знаење од реалниот свет кое се однесува на оваа индустрија. 



Затоа, секоја добра маркетинг институција го почитува тоа и ангажира врвни ментори со докажано искуство во предметот што го предаваат.



Менторите во Galeksia се врвни професионалци со повеќегодишно домашно и интернационално искуство. Можноста да работат на проекти од различни индустрии и области ги прави високо квалификувани. Ќе имаш прилика да слушнеш практични примери и реални сценарија од индустријата.



Запознај ги менторите!



Дали овозможува практично знаење?



Дали ќе можеш да ги земеш од сертификатот стекнатите вештини и знаења, а потоа да ги примениш во реалниот свет? Дали сертификатот ќе те научи на нови вештини или ќе ги надогради вештините кои веќе ги имаш? Треба да гледаш како ќе можеш да го примениш она што ќе го научиш во твојата дигитална маркетинг кариера. 



Galeksia соработува со голем број learning partners како Матица, Божиновски, Bella, Halkbank, Авалон, Neptun. Овие компании се истакнати лидери во Македонија кои се future-oriented и сакаат нови и свежи идеи. Во текот на програмата ќе имаш можност практично да ги примениш стекнатите знаења со работа на проект за некој од нашите learning partners. Ова е одлична прилика да ги искористиш знаењата во пракса и да излезеш од Galeksia како подготвен маркетер со компетитивна предност. 



Еве како изгледа работа на практичен проект!



Дали е широко прифатен?



Ова можеби е потешко да се одреди, но малку истражување може да помогне. Што велат поранешните студенти по полагањето на овој курс? Провери ги критиките. За жал, не сите програми се прифатени подеднакво, но ако увидиш дека се исполнети горенаведените критериуми, тоа може да биде одлучувачки фактор за тебе. 



Сертификатот од Galeksia се издава од Pearson VUE – најголемото сертификационо тело во светот. Покрај сертификатот од DMI, Pearson VUE издава сертификати за светски гиганти како Cisco, Microsoft, Adobe. Тоа значи дека сертификатот од Galeksia е акредитиран и меѓународно признат и практично ти ги отвора вратите кон светот!



Дознај повеќе за Pearson VUE сертификацијата!



Која е разликата помеѓу сертификација и сертификат?



Сертификација



Сертификацијата подразбира дека си поминал/а серија часови и си положил/а испит за материјалот од курсот. Курсевите можат да бидат доста опширни, опфаќајќи низа теми. Твојата сертификација во некои случаи може да остане валидна само на одредено време пред да мора повторно да ја потврдиш. Сертификациите можат да чинат повеќе затоа што се пообемни од сертификатите и можеби ќе треба да платиш одреден надоместок за да го полагаш испитот. 



Сертификати



Сертификатите се даваат на крајот од курсот и обично опфаќаат една тема. Тие често се даваат за учество во курсот и не мора да бидат одраз на заслуга. Ова не ја намалува нивната вредност ако те научат на нешто корисно. Покрај тоа, многу од нив се понудени и бесплатно, така што нивното стекнување бара само инвестиција на време. Плус, не е на одмет да ги додадеш во твоето резиме.



Стекни се со светски признат сертификат!



Кои се придобивките од добивање на квалификација/сертификат?



Вредноста на квалификацијата за дигитален маркетинг во развојот на кариерата е немерлива. Без разлика дали имаш искуство во оваа област или штотуку започнуваш, постои голема вредност што може да се добие. Еден од повеќе привлечните аспекти за добивање квалификација/сертификат е дека не треба да имаш претходно образование или искуство за да започнеш.



Некои од конкретните придобивки од добивање сертификат вклучуваат: 



Останување релевантен



Сертификатите ти помагаат да бидеш во тек со новите достигнувања во индустријата како што се случуваат. Со иновациите во технологијата што постојано се појавуваат, постојаното надградување ќе ти помогне да останеш релевантен и ќе те научи како да одговораш на промените. 



Вработување



Една неодамнешна студија сугерира дека дипломираните студенти не изгледаат толку подготвени да влезат како работна сила на пазарот, колку што тие мислат дека се. Поседувањето сертификати кои им покажуваат на потенцијалните работодавци дека имаш практично знаење што ти е потребно за да успееш во твојата работа е непроценливо во овој контекст. 



Запиши се!



Можности за унапредување



Дигиталниот маркетинг вклучува разновиден збир на вештини. Додавањето на една или две специјалности во твојата бранша може да ти помогне брзо да напредуваш во компанијата. На пример, content writer што ги совладува PPC и SEO, може лесно да биде унапреден во content manager.



Барање повисока плата



Твојот потенцијал за заработка како дигитален маркетер е висок. Тоа е едно од 10-те топ работни места што носат заработувачка без факултетска диплома. Секој сертификат што ќе го додадеш во твоето резиме ти овозможува да бараш повисока плата и ти ја зголемува самодовербата дека ја заслужуваш таа плата. 



Издвојување од конкуренцијата



Кога сè друго изгледа еднакво, бројот на сертификати што си ги стекнал/а ќе те издвои од твојата конкуренција. Не се работи само за тоа што ги поседуваш сертификатите и вештините што доаѓаат со нив, туку тие ја покажуваат и амбицијата за самоподобрување и надоградување што кажува многу повеќе за твојот карактер.



Дава легитимност



Реалноста е дека сè уште постојат поделени мислење за тоа дали формалното образование е важно. Сертификатот за дигитален маркетинг е местото каде што се вкрстуваат образованието и практичното знаење. Ги исполнува условите за неформално образование што се фокусира на учење на практични работи што всушност ќе треба да знаеш да ги применуваш во реалниот свет.



Направи го првиот чекор!



Колку чини добивањето сертификат?



Тоа многу ќе зависи од она за што сакаш да се сертифицираш. Постојат голем број бесплатни сертификати достапни на Интернет за работи како Google Ads, Google Analytics, Facebook Ad Manager и многу повеќе.



Но, ако сакаш да инвестираш во твоето образование, платените сертификати се неверојатно вредно богатство.



Galeksia во соработка со Digital Marketing Institute (DMI) од Ирска ти овозможува програма која овозможува сертификат за дигитален маркетинг. Слично како и кај традиционалните институции, постојат повеќе достапни опции за финансирање. Програма која ги опфаќа сите фундаментални елементи на дигиталниот маркетинг и покажува како сите елементи функционираат заедно ќе ти даде голема конкурентна предност.



Највозбудливото нешто во врска со овој бизнис е достапноста за оние кои се подготвени да вложат труд за да станат лидери во индустријата. Ако сакаш да станеш дигитален маркетер, или веќе си, додавањето квалификации/сертификати во твоето резиме ќе те постави како лидер и експерт.



Совладај ги дигиталните вештини и стани Certified Digital Marketing Professional.



Превземи ја брошурата денес! 

Уписите се во тек.



Зачувај си место!



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче