Како најлесно да промените кариера?

Дали сте размислувале за промена на кариера? Можеби сте љубопитни за тоа како можете да започнете нова, возбудлива авантура и кој би бил најдобриот и најлесен начин за да се насочите кон кариера која ве исполнува. 


Низ текот на годините, секој може да се најде себе си во улога што одзема повеќе отколку што дава. Ова може да биде и во однос на пари, но и кога станува збор за среќа, чувство на исполнетост и позитивна енергија. 


На почетокот, намалувањето на задоволството од работата може да не биде забележливо, бидејќи е опфатено со дневните побарувања и очекувања. Но, во одреден момент, станувате свесни дека вие преживувате а не напредувате на вашата работа, па така вашиот ентузијазам се намалува.


Без оглед на тоа што ја предизвикува ваквата реализација, треба да знаете дека е потребна промена. Можеби е време за нова позиција, или пак учење на нешто сосема ново. 


Наоѓањето нова работа може да биде доста предизвикувачко. Ќе треба соодветно да го пополните вашето CV, да одите на повеќе интервјуа, а тоа може да биде доста тешко кога балансирате голем обем на работа или често патувате. Менувањето на кариерата може да биде тешко кога се соочувате со исцрпеност, предизвикана од вашата моментална позиција.


Тоа е парадоксот со кој се соочуваат многу менувачи на кариера, како да се справат со голема транзиција кога немаат ниту време, ниту енергија.


Оваа дилема честопати е придружена со искушение да се одлучат за брзо решение: позиција во исто поле, но во друга компанија. Иако овие опции се привлечни во моментот, мора да сфатите што ја предизвикува вашата несреќа за да не ја повторите историјата и во вашата наредна работна позиција. 

 

zapocni svetska kariera vo digitalen marketing

 

Искористете ги вашите стекнати вештини

Проценете ги вашите досегашни вештини и искористе ги да го најдете она што навистина ќе ве исполнува. Убаво истражете ги сите ваши претходни успешни улоги: работни позиции, волонтерска работа, проекти. Според нив идентификувајте ги вашите досегашни вештини и утврдете го вашето ниво на експертиза.


Сега размилете кон каква кариера целите и како вашите досегашни искуства можат да ви помогнат. Има големи шанси да пронајдете нешто што е прилично применливо во кариерата кон која целите.

Стекнетe нови или закајнете ги вашите постоечки вештини

Истражете ги можностите за образование што би ве премостиле до вашата нова кариера. Аплицирајте за некој курс или семинар кој ќе го надогради вашето знаење. Треба да барате начини за развој на нови вештини што би ви го отвориле патот за промена.

Доколку сте заинтересирани за кариера во полето на дигитален маркетинг, добро би било да ги разгледате програмите на Galeksia кои што ќе ви помогнат да го направите отскокот кон кариерата која што одсекогаш сте ја посакувале.


Ако веќе работите во компанија во која има простор за дополнително развивање и ваш напредок, сертифицираните едукативни програми на Galeksia се вистинскиот избор за вас! Сè што треба да направите е да го убедите вашиот претпоставен за бенефитите кои се очигледни – со тоа што ќе бидете учесници на некоја од програмите, вашиот претпоставен ќе добие професионалец за Дигитален Маркетинг, а вие ќе дојдете до кариерата до која што сте ја посакувале.

Поставете си ги важните прашања

Навистина е лесно да се движиме низ животниот пат со вклучен авто-пилот, без да трошиме време време искрено да го истражиме она што навистина го сакаме во кариерата. Затоа, направете си добра самоевалуција и поставете си ги важните прашања, како што се:

  • Во што најмногу би сакал/а да вложувам време и енергија?
  • Која е мојата лична мисија?
  • Кои се моите главни вредности?
  • Кои клучни искуства ме направија она што сум денес?
  • Кои препреки стојат во правец на мојата промена на кариера?
  • Кои јаки страни можам да ги искористам за време на мојата транзиција?


Овие прашања треба да предизвикаат креативно размислување и да ви помогнат да стапите во контакт со корените на вашите лични преференции и она што навистина сакате да го правите. 


Вие нема да стигнете до одговорите во текот на ноќта, но колку повеќе ќе размислите за нив, толку повеќе ќе добиете јасност што ви треба за да бидете среќни, успешни и да напредувате.

Дејствувајте

Додека процесот на разјаснување на вашите вредности и вашите јаки страни е важен, овие откритија се бескорисни, без да се дејствува. Ако сте исплашени да направите поголем чекор, започнете со мали чекори кои што се со низок ризк, а ќе можете да ги постигнете во неколкуте слободни часови што ги имате. 


Можете да започнете да следите и да се приклучувате на Твитер разговори постирани од компанија за која сте заинтересирани. Можете да испратите покани за конекција на LinkedIn до луѓе кои ве инспирираат или пак да контактирате некого кој направил промена на кариера и да се консултирате. 


Во овој процес, можете да стекнете врски со луѓе кои веќе ја работат вашата работа од соништата, дури и да дојдете до работна понуда без традиционалниот процес на интервју.

Заклучок

Ако внимателно ја погледнете вашата историја на работа, ќе најдете искуство што може да се пренесе во вашата нова кариера. Додека ги прегледувате овие вештини, искористете го времето за она што треба да го научите дополнително за да си ја овозможите успех во вашата нова кариера. 

 

Уписите се во тек!  Искористи ја оваа прилика и стани дел од глобалното семејство на DMI програмата.

 

Пријави се уште денес!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче