Како Ива го сруши рекордот за highest score ever на финалниот тест?

Ива Јосифоска е сертифициран дигитален маркетер од програмата, која успешно ја гради својата digital кариера во Vrootok како digital marketing specialist. Исто така, Ива е дел и од маркетинг тимот на Galeksia кадешто посветено ги развива и координира сите проекти кои се реализираат во Galeksia.

 

Ива е дипломиран економист на Финански менаџмент, со работно искуство во банкарскиот сектор, која ги препозна можностите кои ги нуди дигиталниот маркетинг и се приклучи на програмата. За неполна година успеа да ја трансформира својата кариера и да започне успешна кариера во оваа област. Самото тоа што постави рекорд за highest score на финалниот тест од самите почетоци на Galeksia, зборува многу за нејзината посветеност, компетентност и стекнато знаење. Па не се ни сомневаме дека ја очекуваат уште многу големи успеси и напредок во кариерата!

 

Прочитај повеќе за Ива и нејзиниот кариерен пат, како и советот за сите оние кои допрва ќе започнат со изучување на дигиталниот маркетинг.




1. Здраво Ива! Ти си уште една успешна приказна од програмата, кадешто успеа за неполна година да ги совладаш најбараните дигитални вештини на денешницата. За почеток, кажи ни збор-два за тебе!

 

Здраво на сите! Прво, морам да признаам дека не е едноставно да си на оваа страна од интервјуата хаха. Збор-два за мене? Дипломиран економист на смер Финансиски менаџмент кој сфати дека му е потребна кариерна трансформација. После година и пол работа во банкарскиот сектор, сфатив дека е време за промена. Од тогаш започна мојата приказна со Galeksia. 🙂


2. Работиш како digital marketing specialist во Galeksia и Vrootok, агенција за дигитален маркетинг која работи со домашни и странски клиенти. Раскажи ни го на кратко твојот работен ден во дигиталниот свет, кои се твоите работни активности?

 

Ако треба со еден збор да ја опишам работата во дигиталниот маркетинг, тоа е динамична. Мојот фокус е генерално на Social Media Marketing и Email Marketing. Сè што вклучува платено рекламирање на социјалните мрежи, како и креирање newsletters и автоматизирани email flows се дел од моето секојдневие. Исто така се грижам и за координација на сите проекти кои се реализираат во Galeksia.


3. Програмата нуди безброј можности во digital marketing индустријата, меѓу кои и светски признатиот сертификат од DMI. Која е главната причина поради која се приклучи на програмата? И како ова искуство ти помогна да напреднеш во секојдневата работа? 

 

Главната причина поради која се приклучив на програмата беше мојата желба за кариерен напредок и трансформација. Едноставно не се чувствував исполнето таму кадешто бев. Програмата на Galeksia е сеопфатна и овозможува сè што е потребно за еден почетник да навлезе во светот на дигиталниот маркетинг. Фактот што пред програмата немав никакво познавање од дигиталниот маркетинг, а денес работам со домашни и странски клиенти, зборува многу за квалитетот на програмата. 🙂 


4. Дигиталниот маркетинг е сфера во која можат да се пронајдат сите, од креативци до сите кои имаат интерес во data анализа и технички дел. Каде се пронајде ти?

 

Можам да кажам дека сè уште се пронаоѓам. Дигиталниот маркетинг е толку широко поле што буквално од секоја сфера има нешто што може да ти го привлече вниманието. Во секој случај, она што ме фасцинира е можноста да се влијае на потрошувачките одлуки преку добро осмислен funnel. 


5. По завршувањето на програмата, не само што успеа за брзо време да го положиш финалниот тест, туку и постави рекорд за highest score од самиот почеток на Galeksia. Great job! Како се подготвуваше за тестирањето? Кој совет би им го дала  на сите оние допрва ќе полагаат?

 

You’re gonna make me blush! Се шалам. 🙂 Советот што би им го дала, а би сакала повеќе да го применував е прашувај, прашувај и само прашувај! Има толку многу „скриени“ моменти што само со прашување можеш да ги откриеш. 

 

Во врска со подготвувањето за тестот, би рекла дека е континуирано. Од самиот почеток на предавањата треба максимален фокус, решавање на сите домашни задачи кои навистина даваат можност да се примени наученото во пракса. Менторите ви даваат подготвителни тестови, исти такви тестови има и на самата DMI платформа така што има повеќе од доволно материјал за добро да се подготвите.

 

И секако, месец дена пред полагањето на тестот добро „загревање“ на столчето. 🙂 


6. На програмата имаше шанса да учиш од врвни ментори кои се експерти во својата област. Но кој ти остави најголем впечаток на предавањата. И зошто? 

 

Не можам да издвојам некој. Секој си има свој уникатен начин на предавање и пренесување на материјата. Она што е заедничко за сите е дека се ужасно посветени, врвни предавачи and they are playing no games! Тука се за да научите, и бидете сигурни дека ќе биде така.


7. Како би си го оценила своето знаење пред почетокот на програмата и сега, од 1 до 10?

 

Како што спомнав, започнав како почетник без никакво познавање така што тоа не би можело ни да се оцени. 😀 Сега би си дала една солидна осмица бидејќи мислам дека во дигиталниот маркетинг не можеш да знаеш сè. Промените се постојани и треба да се трудиш да ги следиш. 


8. Не се ни сомневме дека те очекува блескава иднина на професионален план и понатаму. Но, која е Ива кога не работи? 🙂 Што е она што те исполнува и инспирира?

 

Ива е екстровертен интроверт. 🙂 По природа сум доста реална, но истовремено и голем ентузијаст. Голем перфекционист. Она што ме инспирира е желбата постојано да бидам подобра верзија од себе. Она што приватно ме исполнува е среќата и здравјето на моите најблиски. Имам вечен wanderlust и сум plant mama во подем. 😀


9. Kој совет би им го дала на студентите кои допрва ќе започнат со изучување на дигиталниот маркетинг?

 

Клише е, ама почнете уште денес. Буквално. Индустријата е во подем, побарувачката за дигитални маркетери е во нагорна линија, така што конкуренцијата нема да ве чека. Вложување во обука за дигитален маркетинг е инвестиција што несомнено ќе ви се исплати. Многукратно!

 

 

You heard it, направи го вистинскиот избор и ти и започни да ја изучуваш една од најбараните професии на денешницата. Иднината е дигитална! Инспирирај се и ти од успешната приказна на Ива и трансформирај ја твојата кариера! Нема подобро време од сега да се стекнеш со дигитални вештини и да се запишеш на програмата за дигитален маркетинг во Galeksia. Пријави се денес.

 

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче