Како да изградиш успешна кариера како digital nomad?

Доколку се прашуваш што е подобро од кариера како дигитален маркетер, одговорот е freelance кариера како digital nomad! 

 

Во последните две години терминот digital nomad или freelancer е особено актуелен поради COVID 19 ситуацијата на глобално ниво. Па така тоа сме принудени да го смениме начинот на кој функционираме, како на професионален така и на личен план.

 

Што всушност значи digital nomad?

 

 

Професија како digital nomad или freelancer значи remote работа од дома или каде било во светот. Можеш да работиш на креирање, развој и имплементирање на успешни маркетинг стратегии кога сакаш, колку сакаш и каде сакаш. Звучи како сечија dream job, зар не? Ако успееш да најдеш ефикасен начин да си го организираш паметно своето време и да ги приоритизираш своите задачи, тогаш со сигурност ќе изградиш успешна кариера како digital nomad.

 

Нема еден правилен начин кој треба да го следиш, сè зависи од твојата флексибилност и карактеристики. Верувам дека веќе имаш многу прашања за како да започнеш и што сè треба да поседуваш за да изградиш стабилна, профитабилна, а сепак флексибилна кариера. No worries, во овој блог пост споделивме клучни tips & tricks и совети за како да изградиш успешна кариера како digital nomad!

 

 

Запиши се!

 

 

Направи план!

 

За почеток најважно е да имаш јасна визија и да направиш конкретен план за твојата иднина. Да, иронично, ова е токму спротивното на она што треба да означува една фриленс кариера. Но ако сакаш успешно да го започнеш ова поглавје на професионален план, мораш добро да се организираш уште на почеток. Направи детален преглед на своите финансии и заштеда и осигурај се дека можеш да започнеш freelance кариера каде било. Без разлика каде и како ќе започнеш, важно е да имаш план.

 

 

Пронајди го својот niche!

 

Можеш да имаш знаење и дигитални вештини и за Content Marketing и анализа на податоци, но многу веројатно е дека една компанија не бара еден човек за овие две сфери. Па затоа најдобро би било да се посветиш на една област во дигиталниот маркетинг во која ќе се развиваш и ќе го надоградуваш твоето знаење. Луѓето и компаниите постојано се во потрага по кандидати кои се експерти во својата област и можат да си ја извршуваат работата самостојно и ефикасно. На овој начин ќе градиш успешна и профитабилна freelance кариера.

 

 

Инвестирај во своето знаење и започни успешна кариера како digital marketing specialist!

 

 

Сертифицирај го твоето знање!

 

Да, најважно е да поседуваш знаење и дигитални вештини, но тоа не значи дека ќе ти помогнат да ја започнеш твојата кариера лесно. Еден од твоите приоритети треба да биде да се стекнеш со релевантни вештини и да го сертифицираш твоето знаење со светски признат сертификат. На овој начин нема да си ограничен со конкретна локација во твојата digial nomad кариера. Ќе можеш да работиш од каде било! 


Исто така, сертификацијата ќе ти овозможи стабилност во работата, која и те како ти треба. Програмата на DMI се обновува на секои шест месеци за да остане релевантна со секојдневните промени во технологијата и светските трендови на пазарот. По завршувањето на програмата студентите се стекнуваат со светски признат сертификат за дигитален маркетинг, издаден од Pearson VUE, најголемото сертификационо тело во светот. Нема подобар начин да ја започнеш својата кариера и да се издвоиш од толпата!

 

 

Алатки кои ќе ти ја олеснат freelance работата!

 

За еден freelancer клучно е да си ги извршува активностите и задачите ефективно и на време. Бидејќи живееме во дигитална ера, денес работните активности се многу олеснати со  безброј алатки кои се достапни онлајн. Со нивна помош ќе можеш да ги автоматизираш повеќето активности и да си го организираш денот, што ќе ти овозможи целосно да го насочиш фокусот на работните активности. Ова е нашиот избор:

 

 

Monday

 

Monday е платформа за менаџирање и организирање на твоите задачи со опција за мерење на времето. Доколку работиш на повеќе проекти или клиенти, мерењето на време ти е неопходно во процесот. Monday е една од најпопуларните алатки на пазарот, која ја препорачуваме од лично искуство!

 

Hootsuite

 

Hootsuite е алатка за закажување на објавите на social media и е одлична опција за автоматизирање на овој процес. Не губи повеќе време со активности на кои значително можеш да заштедиш време. Имаш опција да ги закажеш објавите или сликите на која било од платформите кои ги користиш, па така нема да си приморан да ја објавуваш секоја објава посебно. На кој не би му годело плус слободно време!

 

Canva

 

Верувам дека веќе сите знаеме што е Canva! Оваа алатка треба да е дел од твоето working pack ако не поседуваш дизајнерски вештини. Без разлика дали е креатива за Facebook, LinkedIn или Instagram, со многуте опции и темплејти кои ги нуди Canva, можеш едноставно да креираш и едитираш дизајни за каква било намена.


Што сè можеш да работиш како digital nomad?

 

Во анкета спроведена од EFIP & Malt, 30.9% од freelancer-ите во Европа работат во сферата на маркетинг и комуникации. Овој податок ни укажува дека многу луѓе се одлучиле за freelance кариера. Со цел да ја одбереш професијата во која ќе се надоградуваш, потребно е да направиш добро истражување во индустријата и да го пронајдеш своето niche. Ако успееш уште на старт да си ги поставиш јасно твоите цели, тогаш со тек на време ќе се стекнеш со специјализирано искуство и знаење во одредена област и ќе ти се зголемат шансите за подобра работа.

 

За да донесеш правилна одлука, прочитај кои се најбараните работни позиции во digital во моментов:

 

 

Кои се најактуелни freelance платформи?

 

Откако ќе ја избереш твојата професија и ќе се стекнеш со сертифицирано знаење и вештини, на ред е да ја започнеш твојата nomad кариера и да најдеш работа. Секој почеток е тежок, па така и наоѓањето на првата работа или проект, но no worries, ако направиш профил и аплицираш на вистинското место, ќе успееш за брзо време. Ти спремивме листа од најдобрите платформи за барање freelance работа кои ќе ти бидат од голема помош!

 

Upwork: Верувам дека веќе имаш слушнато за UpWork. Ова е една од најразвиените платформи кадешто ќе ги развиеш своите вештини и ќе го збогатиш твоето портфолио!

 

Freelancer: Многу корисници ја користат freelancer.com за да најдат работа или да вработат некого! Приклучи се и ти за да ја пронајдеш работата од соништата и секако, да заработиш добро!

 

Fiverr: Овде можеш да ги најдеш најдобрите таленти од цел свет. Одлична платформа за поврзување на компаниите и бизнисите!

 

SimpyHired: Една од поедноставните платформи на која лесно можеш да го прикачиш твоето CV и да аплицираш за работа.

 

PeoplePerHours: Многу бизниси ја користат оваа мрежа за да се поврзат со фриленсери за соработка на проекти. Една од поволностите овде е едноставната комуникација помеѓу барателите и компаниите.

 

Кои вештини треба да ги поседува еден digital nomad?

 

Полето на дигиталниот маркетинг нуди безброј можности. Веќе напоменавме колку е важно да го пронајдеш своето niche и да ги развиваш твоите вештини во одредена област. Клучно е да бидеш во тек со трендовите со цел да останеш релевантен во индустријата и да се вработиш како digital marketing specialist! Ако се прашуваш кои дигитални вештини се најрелевантни и актуелни во индустријата, ти издвоивме неколку:

 

  • Copywriting & Content Writing
  • Social Мedia marketing
  • Search Engine Optimization (SEO) 
  • Email marketing 
  • Вештини за креирање видео и photo content
  • Анализа на податоци

 

Ако сакаш да започнеш успешна кариера како digital nomad, да останеш флексибилен/на и сам/а да си го организираш времето, тогаш си на вистинското место! Стекни со светски признат сертификат од DMI, најдобриот институт за дигитален маркетинг и научи сè што ти е потребно за да просперираш во оваа сфера. Програмата ќе ти помогне да станеш експерт на поле по твој избор и да се стекнеш со релевантни, дигитални вештини. Working from home has never been easier! Приклучи се уште денес!

 

 

Уписите се во тек! Искористи ја оваа прилика и стани дел од глобалното семејство на DMI програмата.

 

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче