Интервју со Лука – Маркетинг Менаџер во ЕСП

Лука е студент од септемвриската група на Galeksia за дигитален маркетинг. Иако е еден од најмладите во нашата академија, сепак тоа не му претставува никаков проблем, напротив само мотив повеќе за уште поголеми успеси.

 

На CDMP програмата се запиша без никакво предзнаење, а за исклучително кратко време успеа да стекне мноштво дигитални вештини кои му помогнаа и да се вработи во оваа индустрија. Во моментов сме во исчекување единствено на финалниот испит и сертификатот за и официјално да зборуваме со Certified Digital Marketing Professional.

 

Упорност, амбиција, и енормна трудољубивост и посветеност се квалитетите со кои ние би го опишале Лука. А како тој би се опишал себеси, неговото искуство во Galeksia, што досега тој научи од модулите предвидени во програмата на Digital Marketing Institute, ќе ни открие тој самиот. Прочитај подолу!

 

1.Лука, здраво! Ти си студент од септемвриската група на Galeksia, еден од најмладите но и најамбициозните we might say. Како би се опишал ти во неколку зборови? 🙂

 

Најпрво, би рекол дека age is just a number, секоја личност си поставува свои амбиции и лимит колку ќе успее да ги оствари своите замислени цели. Јас би се опишал како динамична и комуникативна личност која работи постојано токму на тоа. 

 

2.Имаме впечаток дека помладите генерации сѐ повеќе ја одбираат опцијата – неформално образование. Како претставник на оваа генерација ќе можеш ли накратко да направиш осврт, кои се бенефитите што ги нуди неформалното образование, кои се разликите со формалното?

Дали можеби самата динамика на животот и растот на информатичките технологии налагаат веќе сосема друг тип на едукација, поинаква од онаа стандардната? 

 

Јас би рекол дека најголемиот бенефит што го нуди неформалното образование е самиот принцип на одржување на наставата и поусовршените методи кои се користат и се up to date со светските промени и стандарди, за разлика од формалното кое има хаотичен систем и неминовно ни го дава чувството дека откако ќе го завршиме не поседуваме апсолутно никакви конкретни и корисни вештини кои би нѐ подготвиле за следниот чекор – применување на знаењето во пракса и наоѓање соодветна работа. 

 

3.Од каде се роди кај тебе желбата да изучуваш токму дигитален маркетинг? Зошто се одлучи да се запишеш на CDMP програмата на Galeksia? 

 

Желбата за изучување на дигиталниот маркетинг ја добив од моето хоби а воедно и втора работа, а тоа се часовниците. Пред сѐ сакав да ја дознаам суштинската разлика помеѓу традиционалниот и дигиталниот маркетинг, и како се постигнуваат оптимални резултати кои би ми донеле поголем успех. Откако ги разгледав детално сите понуди на пазарот, се одлучив за Galeksia, сметајќи дека е правиот избор за мене, и драго ми е што не погрешив. 

 

4.Кои се најголеми предности од работата како digital marketer?

 

Ова е доста динамична професија, бара одлични комуникациски вештини, а нуди и безброј опции за буквално секој да може да се пронајде во неа. Дава поголема слобода доколку некој се одлучи да работи како фриленс маркетер, но од друга страна и канцелариското работење не е никако за потценување. 

 

5.Иако сѐ уште си дел од програмата и активно ги слушаш предавањата, успеа да се вработиш како маркетинг менаџер во ЕСП. Најпрво, честитки! Кои се твоите обврски? Како изгледа еден твој работен ден?

 

Мојот работен ден започнува во 09:00, најпрво го проверувам email-от и веб страната, па потоа гледам кои ми се работните обрски кои треба да ги завршам до крајот на денот. Генерално моите обврски како маркетинг менаџер се движат околу менаџирање на социјалните мрежи (Facebook. Instagram, LinkedIn),  email маркетингот со мрежата на постојани клиенти, пишување блогови и менаџирање на веб страната.

                

6.Какви digital skills стекна до сега? Што од наученото започна веќе да применуваш и што понатаму би сакал да усовршиш?

 

Од сите досегашни вештини кои ги стекнав со CDMP програмата на Galeksia, моментално ги применувам најмногу оние од Content и Social Media маркетинг, SEO како и Digital Marketing Strategy, но да бидам искрен доколку би морал да одберам една област, би сакал да се усовршам во полето на Content и Social Media Marketing.

 

 7. Програмата на DMI предвидува изучување на десет модули како основи на дигиталниот маркетинг а секој од менторите го пренесува знаењето на свој  начин. Лично тебе, кој ментор ти остави најголем впечаток и зошто? 

 

Сите ментори го даваат максимумот за да ни го доближат материјалот на што е можно поразбирлив начин, но најголем впечаток ми остави Михаил кој го предава Digital Marketing Strategy модулот, пред сѐ поради неговиот уникатен начин на предавање и пренесување на знаењето до студентите.

 

8.Иако ова се чини како многу далечно време, give it a try. Како се гледаш себеси за пет години од сега од професионален аспект? 

 

Себеси за 5 години се гледам како афирмиран и усовршен дигитален маркетер кој би работел фриленс за некоја странска компанија.

 

9.Ти си исклучително темпераментна, динамична и комуникативна личност.  Колку тоа ти помага во работата и општо во животот? Дали се разликуваш на приватен и професионален план?  

 

Искрено кажано, тие особини ми помагаат и на приватен и на професионален план во побрзо остварување на замислените цели, а тука би ја додал и себемотивацијата како особина која ми носи уште поголеми успеси.

 

10.Како за крај, што би ги советувал сите оние кои сакаат да се запишат на програмата на Galeksia и да започнат кариера во дигитален маркетинг? 

 

Доколку се интересираат и сакаат да научат нешто повеќе за дигиталниот маркетинг, да не се двоумат и да се запишат на програмата на Galeksia бидејќи тоа е вистинскиот избор. 

 

 

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче