Иако е една од најмладите, Корнелија Ѓоргиевска меѓу првите од својата група го заврши патувањето во Galeksia и се стекна со титулата Certified Digital Marketing Specialist. Студира социологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, а истовремено работи како Creator Sales во Influencers.Club.
Исклучително амбициозна и трудољубива, себеси се опишува како креативец, hard-working и секогаш отворена за нови идеи. Email маркетингот ѝ е пасија, и како што самата вели, пресреќна е што веднаш по завршување на академијата започна да го работи тоа што навистина го сака и има можност да го продлабочи знаењето во таа област.
Зошто Корнелија ја одбра токму Galeksia и дигиталниот маркетинг и што таа ги советува оние кои и за миг се двоумат да направат промена во кариерата. Прочитај подолу!
1. Здраво Корнелија! Ете сме, непосредно по крајот на твоето патување во Galeksia, овојпат со сертификатот како додаток во твоето CV. За почеток, претстави им се кратко на сите оние кои не те познаваат, која е Корнелија?
-Здраво! Јас сум Корнелија, имам 23 години. Би се опишала како hard working личност, секогаш отворена за нови идеи и креативец!
2. Студираш социологија на Филозофскиот Факултет и се запиша на програмата со желба да научиш нешто ново и да ја пренасочиш кариерата во друг правец. Со оглед на твоето супер брзо вработување, веднаш по завршување на обуката, мал збор е да се каже дека си успеала во намерата. Што мислиш дека е клучно за започнување кариера во ова конкурентно поле?
– Само ќе кажам дека кога го сакаш тоа навистина, нема никакви пречки!
3. Работиш како creator sales во Influencers.Club, кои се твоите одговорности, што подразбира точно оваа позиција?
– Главен task ми е да се поврзам со content креаторите и да ги доведам до конверзија, секако и постојана комуникација со нив. Потоа, creator lead prospecting, lead nurturing, пишување на персонализации за нив, и следење на кампањи преку Gmass или Saleshandy.
4. Како апсолутен почетник во областа на дигиталниот маркетинг, без никакво претходно искуство ја започна програмата а меѓу првите веќе се стекна со сертификатот. Има ли некој рецепт за успех, или сепак има нешто во слоганот “hard work pays off”?
-Hard work pays off 100%.
5. DMI програмата предвидува десет модули односно тоа се десет различни области на дигиталниот маркетинг. Дали некоја ти привлече особено внимание и би сакала да ја усовршиш во иднина?
-Дефинитивно морам да ги издвојам email marketing и social media marketing како најинтересни модули за мене. Имав среќа да почнам веднаш со работа со email и баш се пронајдов таму. Секако, следна цел ми е усовршување во social media marketing сферата.
6. Ако можеш да се вратиш назад, кој совет би си го дала на себе пред почетокот на програмата?
-Не плаши се да ризикуваш! Без ризик нема награда!
7. Како се гледаш себеси за десет години од сега, од професионален аспект?
-Најпрво, како го работам она што го сакам, а тоа е дигиталниот маркетинг. Со усовршени лидерски и менаџментски вештини, на позиција каде што ќе можам да водам растечки тим.
8. Малку ако се дистанцираме од digital marketing talks, како го поминуваш слободното време? Од каде ја добиваш позитивната енергија?
-Секој ден гледам да одвојам барем еден час за себе, каде што ќе можам тотално да се релаксирам. Секако, дружбата со пријателите ми годи најмногу!
9. Како за крај, што би ги советувала на кратко сите кои сакаат да направат промена на кариерата и да се запишат во Galeksia?
-Доколку навистина го сакаат тоа, нема да згрешат во ниеден случај. Како што кажав претходно, без ризик нема награда!
Инспирирај се и ти од приказната на Корнелија и започни ја твојата кариера во дигиталниот свет. Нема подобро време од сега да се стекнеш со дигитални вештини и да се запишеш на програмата за дигитален маркетинг. Уписите се во тек, приклучи се денес!
Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.