Интервју со Јана – љубопитнoста ми е driving force

Јана е без сомнеж еден од најамибициозните студенти кои завршија во септемвриската група на програмата за Дигитален Маркетинг во Galeksia. Со својата посветеност, упорност и трудољубивост се издвојуваше уште во текот на предавањата, и токму  овие квалитети ѝ го донесоа од скоро и сертификатот, како круна на нејзината напорна работа, па така веќе разговaраме со Certified Digital Marketing Professional. 

 

Зошто Јана ја одбра токму Galeksia и дигиталниот маркетинг и што таа ги советува оние кои и за миг се двоумат да направат  промена во кариерата. Прочитај подолу!

 

1. Здраво Јана! Ти си еден од најамибициозните студенти на програмата воопшто, не само од твојата група. Сподели накратко нешто повеќе за тебе? Која е Јана?

 

Накратко, Јана е мајка на Алексеј.  На малку подолго, за себе би кажала дека сум љубопитна, позитивна, муабетџика и overthinker. Аматерски фотограф, сертифициран дигитален маркетер и дипломиран протетичар што обожава музеи, стари градби и стари камери. 

 

2. Од стоматолoгија до дигитален маркетинг, можеш ли да ни кажеш како се одлучи да направиш целосен career switch запишувајќи се на програмата на Galeksia? Што те мотивираше?

 

Отсекогаш ме интересирал маркетингот во глобала. Пред неколку години почнав од  љубопитност да “читкам” по нешто и да “чачкам” по Facebook и после неколку поминати Udemy и Hubspot курсеви, сфатив дека е време да се уозбилам. 😆

 

Убедливо најмногу ме мотивираа можностите кои ги нуди и самата динамичност на дигиталниот маркетинг. Буквално можеш да бираш помеѓу неколку работни позиции кои иако се дел од дигиталниот маркетинг, сепак се сосема различни.

 

3. Дали можеби некој од менторите те поттикна да пројавиш интерес за конкретна област од дигиталниот маркетинг? Кој модул ти остави најголем впечаток a кој ти беше најголем предизвик?

 

Ивана и Теодор дефинитивно. И покрај тоа што самата јас постојано правам конверзии преку email маркетинг, некако го занемарив тој момент и не мислев дека тој модул толку ќе ми биде од значење. Фала ѝ на Ивана што совршено го долови секој аспект од Email маркетингот за да сфатиме дека е всушност еден од позначајните делови на дигиталниот маркетинг. Фала и на Теодор за интересниот пристап и несебичното споделување на алатки и совети. 

 

Најголем впечаток ми остави Digital strategy, веројатно поради менторот, а најголем предизвик ми беше Google analytics. Mи требаше малку време да сфатам што да правам со сите тие податоци. 

 

4. Паралелно работиш на повеќе фронтови во различни индустрии, кои се твоите обврски во секоја од нив? Како постигнуваш да го пронајдеш тој баланс, откриј ни ја тајнатa. 

 

Работам како клиничар за проѕирни алајнери за холандско-американска компанија со тим од Костарика. Одговорности имам колку сакаш. Покрај моите обврски како клиничар, одговорна сум и за тим од неколку  луѓе, за нивото на продуктивност, распределба на работа, месечни рапорти и сл. Работам и на неколку проекти како Social media менаџер. И покрај многуте обврски, не би се откажала од ниедна. 😁 Нема тајна за балансирање. Можеби моја среќа беше што наидов на тим на кој квалитетот им е  многу поважен од квантитетот, па го немам тој притисок да морам да жонглирам со обврските. 

 

5. Бидејќи работиш и freelancе, како се снаоѓаш со овој сè почест начин на работа, која платформа ја користиш и според тебе е најсоодветна за почетници? 

 

Freelance е меѓу подобрите опции за работа во моментов и прилично лесно се снајдов. Би рекла дека Fiverr е идеална за почетници. Можеби уште подобра опција е да се обратат до некој близок кој има свој бизнис, и да се понудат да работат додека да стекнат некое практично искуство. После тоа е веќе полесно. 

 

6. Кои се најголемите придобивки од фриленсингот и што е клучно за постигнување успех бидејќи конкуренцијата на пазарот е навистина во огромен пораст? 

 

Убедливо најголемата придобивка е слободата. Креативноста не доаѓа само од 9 до 5. Сам си ги организираш времето и обврските, сам си ги бираш проектите, не си врзан за едно место, можеш да работиш од каде сакаш и колку сакаш. А за успех, најбитни се посветеноста и работата. Добриот збор, надалеку се слуша. 😄

 

7. Беше дел и од практичниот проект за компанијата Pitch121, како ти се допадна тоа искуство како своевиден вовед во digital marketing world?  Колку ти помогна програмата од аспект на примена на наученото во пракса? 

 

Работата на проектот беше навистина супер. Имавме прилика во пракса да го искористиме сето знаење и сите алатки кои ги учевме за време на предавањата и да видиме како реално функционираат. Увидовме и до каде сме со знаењето и на што да посветиме повеќе внимание. Сè на сè, одлично искуство.

 

8. Постојано работиш на себе и се надоградуваш, тешко е да ги одредиме твоите граници хаха, но како ти понатаму се гледаш од аспект на кариерата? Која би била твојата dream job, бар at the moment, од оваа перспектива?

 

Пак ќе повторам, љубопитнoста ми е driving force. Во последните неколку години имам некоја новоткриена љубов за учење која планирам максимално да ја искористам.  Имам уште некоја желба за доедуцирање, но понатаму.

 

Dream job сега за сега ми е работата која што ја работам во моментов поради неколку причини, меѓу кои тимот со којшто работам, самата работна атмосфера и динамичноста. Веројатно со вистинските луѓе, секоја работа може да биде dream job. Нема ограничувања. 

 

9. Јана во професионалниот vs. Јана во приватниот живот, дали се разликува? Како го поминуваш тоа малку слободно време што (ако) ти останува? 

 

 Јана е иста и професионално и приватно. Можеби нешто малку посериозна и поодговорна во професионалниот живот, но ништо претерано. 😄 Можеби е клише муабет, но слободното време се трудам да го поминувам со синот и сопругот, надвор од дома.  Гледаме секоја можна прилика да ја искористиме за во природа или на отворено. 

 

10. Кажи ни, зошто баш Galeksia? Што е она што те привлече да се запишеш токму на Professional Diploma in Digital Marketing програмата? 

 

 Ја одбрав програмата затоа што е навистина добро разработена и ги опфаќа сите аспекти на дигиталниот маркетинг. Пред да се одлучам, истражував и кои се DMI и така и падна одлуката за Галексиа. Исто така и заради сертификатот и заради тоа што кога истражував акедемии за упис, не сретнав ниеден лош збор за Галексиа. 

 

11. Уште пред да го положиш крајниот испит веќе започна да ја градиш својата кариера како дигитален маркетер, каков совет би им дала на оние кои имаат дилема или пак можеби страв да направат ваква голема промена?

 

Kога ќе ги земете предвид можностите во ова динамично поле, ќе видите дека изгледите за кариера во дигиталниот маркетинг не се ништо друго освен позитивни и ќе продолжат да бидат такви и во иднина. Според LinkedIn, „Digital marketing specialist“ е меѓу првите 10 најбарани работни позиции, со преку 860.000 отворени работни места, меѓу кои најбарани се Social media, Content strategy, SEO и Analytics.

 

И за крај, ниедна промена не е за лошо. Менторите се прекрасни, посветени, спремни и навистина  со студентите несебично го споделуваат цело знаење што го поседуваат.

 

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче