Дарија Папеш е една од помладите, но и една од најамбициозните студенти на програмата! Студентка е и на Универзитетот American College и моментално е дел од тимот на А1 Македонија како New Business Development Intern.
Впечатливо за Дарија е тоа што постојано вложува во себе и својот професионален развој, сака да се надоградува, па затоа и програмата ѝ претставува идеална можност да си ги развие своите digital skills и да си го сертифицира своето знаење во една од најпросперитетните индустрии на денешницата.
Прочитај повеќе за неа и нејзиното искуство на програмата во интервјуто подолу!
1. Здраво Дарија! Ти си една од помладите студенти на програмата, но и една од најамбициозните, we might say :). Кажи ни на кратко нешто за себе, која е Дарија?
Хелооу! Благодарам од сè срце на убавите зборови. Себеси би се опишала како личност која сака промени, предизвици и e секогаш подготвена да научи нешто повеќе.
2. Ти си дел од февруарската група на Professional Diploma in Digital Marketing програмата. Кои се твоите досегашни впечатоци од предавањата?
Искрено, пред да започнеме со предавањата, моите очекувања беа доста високи, со оглед на тоа што познавам веќе студенти кои беа презадоволни од програмата. Сега, можам само да кажам дека моите очекувања се потврдија.
Предавањата се доста интерактивни и менторите даваат сè од себе да ни го доближат материјалот преку практични примери од нивната досегашна работа, со цел на поедноставен начин да ја разбереме работата на еден дигитален маркетер.
3. Моментално си New Business Development практикант во A1. Како изгледа еден твој работен во една од најголемите компании во Македонија? Кои се твоите дневни активности и обврски?
Практиканството во А1 е најдоброто искуство за еден студент којшто сака практично да ја осознае работата на еден маркетинг сектор во голема фирма. А1 е компанија каде што професионалците доста посветено ни го пренесуваат нивното знаење и искуство, и место каде што може да се научи многу. А најважно од сè работната атмосфера многу пријатна, и луѓето се секогаш расположени и дружељубиви.
4. Дали можеби веќе применуваш дел од работите кои ги научи од часовите во секојдневната работа?
Моите моментални работни активности не се поврзани со Дигиталниот Маркетинг, но можам да кажам дека добар дел од работите кои ги поминавме до сега на часовите ми помогнаа да ја разберам работата на одделот во нашата компанија кој е задолжен конкретно за оваа област.
5. Од досегашното искуство на програмата, дали можеш да издвоиш одредена сфера од дигиталниот маркетинг на која би сакала повеќе да се посветиш во иднина? Која е твојата dream job? 🙂
Мислам дека сè уште е рано, бидејки имам уште модули со кои ми преостанува да се запознаам, и крајно да се пронајдам каде припаѓам. Но, би можела да кажам дека сега за сега, Content Marketing ми беше нешто во кое најмногу се пронајдов, иако не очекував.
6. Кој од менторите ти остави најголем впечаток до сега и зошто?
Теодор кој го предава модулот SEO. Уште од самиот старт, неговиот модул за мене беше најголем предизвик, а тој успеа на многу интересен и едноставен начин да ни ја доближи целата филозофија која стои позади SEO.
7. Една од главните причини поради која се приклучи на програмата е светски признатиот DMI сертификат. Според тебе, кои можности ги нуди на сите оние кои сакаат да работат во дигиталниот свет?
Иако сметам дека знаењето кое го стекнуваме ние како група моментално е повредно од самиот сертификат, сметам дека дополнителни бенефити дава признанието од DMI. Станува збор за светска организација и не те ограничува да аплицираш за работа само тука бидејки самата програма и сертификат се доста признаени и во странските компании.
8. Твојата позитивност и амбиција е нешто што ни остави впечаток кај тебе! Кажи ни нешто повеќе за себе, како го поминуваш слободното време надвор од дигиталниот свет? 🙂
Сите што ме познаваат, знаат дека сум многу дружељубива личност. Па така, најголемиот дел од слободното време гледам да го поминам со најблиските пријатели, и секако со мојата фамилија. Надвор од тоа, пробувам да најдам време и за некоја добра серија на Netflix. 😊
9. Каков совет имаш за студентите кои размислуваат да се запишат на програмата на Galeksia?
Да ја искористат следната прилика и да се запишат, бидејки знаење и skill плус е секогаш од полза за секој.
Доколку сè уште размислуваш да започнеш кариера во дигиталниот свет, направи го вистинскиот избор и приклучи се на програмата за дигитален маркетинг. Зошто да учиш кај нас? Можностите кои ги овозможуваме, постојана поддршка за нашите студенти, во текот и по завршувањето на програмата, нашата learning partner програмата и помош при вработување се само дел од придобивките! Уписите се во тек, приклучи се денес!
Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.