Наставниот кадар и програмата на Galeksia се одлични

Една од учесничките на програмата за Certified Digital Marketing Professional на Galeksia, одвои малку време од нејзиниот динамичен распоред за интервју со нас.

Запознајте ја Александра. Mајка, пријател на животните, по професија моден дизајнер и апсолутен креативец! 🙂 


Во продолжение прочитајте повеќе за тоа што ја натерало да ја промени насоката на кариерата во правец на дигиталниот маркетинг и зошто ја одбрала токму Galeksia како вистинско место да го стори тоа.

 

zapocni svetska kariera vo digitalen marketing


На кратко, кажи ни нешто за себе.


Александра: Јас сум Александра Ристевска Мадиќ, имам 28 години. По професија сум моден дизајнер со завршена обука за груминг и фитнес инструктор. Мајка сум на Малина, и имам 2 кучиња и 4 мачки. 


Зошто реши да се запишеш на програмата за дигитален маркетинг на Galeksia?


Александра: Решив да се запишам на Galeksia, бидејќи ми се роди желба да се едуцирам во областа на дигиталниот маркетинг и бидејќи наставниот кадар и програмата се одлични.


Што очекуваш од програмата на Galeksia?


Александра: Од програмата на Galeksia очекувам добро пренесено знаење, кое ќе можам понатаму да го практикувам и усовршувам.


Што е најголем предизвик за твојата идна кариера?


Александра: Најголем предизвик за мојата идна кариера е да се најдам во вистинското опкружување, каде ќе биде задоволена мојата креативност и потребата на идните клиенти.


Каков совет имаш за студентите кои размислуваат дали да се запишат на оваа програма?


Александра: Мој совет е да се одлучат на тој чекор, бидејќи предностите на академијата се големи.



Пријавете се и вие! Станете дел од семејството на Digital Marketing Institute кое брои повеќе од 58 илјади алумни членови. Учете од професионалци со долгогодишно искуство, по програма креирана од најголемите светски компании. 

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче