Се стремам кон интернационална кариера како дигитален маркетер

Едeн од нашите успешни студенти е и Зоран Николовски. Зоран е вечен ентузијаст за учење и надоградба на професионален план. Тој со нас ги сподели деталите за неговата одлука да го усоврши своето знаење во полето на дигиталниот маркетинг.


Во интервјуто ќе имаш можност да го прочиташ и искуството на Зоран од изучувањето на програмата на Galeksia и неговото работење по стекнатото знаење.


Уписите за програмата Professional Diploma in Digital Marketing се во тек. Тестирај го твоето знење за дигитален маркетинг и откриј дали ова е твојата идна кариера!


Проследи го интервјуто со Зоран и инспирирај се кариерно да напредуваш. Програмите на Galeksia се тука да ти го овозможат тоа.


1. Веќе имаш повеќегодишно работно искуство и континуирано го надополнуваш твоето знаење, која е тајната за твојот досегашен успех и како Galeksia се вклопува во оваа слика?


Континуираното надоградување овозможува да си различен, уникатен, оттука и успехот е неминовен. Galeksia и програмата Professional Diploma in Digital Marketing се преубав почеток во остварување на една нова цел, сон кој не е само мој, туку и на мојата потесна фамилија.  


2. Какво влијание има учењето на програма од светски ранг на твојата кариера?


Програма од светски ранг за професионален ангажман од светски ранг.


3. Зошто совладување на програмата Professional Diploma in Digital Marketing е важно знаење и сертификат кој сакаш да го постигнеш? 


За успешна подготовка за професионален ангажман во Светот на дигиталниот маркетинг.


4. Кои се твоите планови за во иднина, кога станува збор за твојот професионален напредок?


Сега веќе како Certified Digital Marketing Professional се стремам кон оставарување на интернационална кариера во областа на Дигиталниот маркетинг.


5. Кој дел од изучувањето на програмата најмногу ти се допадна и зошто?


Сеопфатноста на програмата овозможува иден професионален ангажман во сите сфери од Дигиталниот маркетинг, но најмногу се пронаоѓам во Content marketing, PPC & Digital marketing strategy.


6. Како би го опишал работењето во Одделот за градежништво, опрема и експанзија во Кам и како знаењето од областа на дигитален маркетинг ти помага во секојдневното работење?


Работна позиција која бара голема професионалност, срочност и know how за успешно совладување на сите предизвици. Знаењето од областа на дигитален маркетинг е бенефит кој полека но сигурно го надоградува брендот КАМ и неговата визија во целина.


7. Кои техники на учење често ги применуваш, ти помагаат при совладување на материјалот и подготовка за испитот?

Моето искуство во совладување на материјалот е преку креирање на mind map со главните поенти и нивни поединости, нивно логичко поврзување во целината како теориско така и практично.

Оттука успехот е загарантиран и проширен, не е веќе само да се положи испитот, да се стекнеш со сертификат, туку и ова ново стекнато образование од светски ранг практично да се пренесе во деловниот свет.


8. Кој е следниот чекор кога станува збор за твоето Learning journey и кои се твоите препораки за сите оние кои сакаат да напредуваат и да го следат твојот пример?


Еден од нашите почитувани ментори сподели пример кој се обидувам да го следам се повеќе, а тоа е : ”секое утро учам по 40 минути ,било која тема,било која проблематика”. 


Гладта за знаење ја претвора желбата за успех во реализација, бидете пример сами на себе,а можеби и на другите, тоа е моето мото.




Научи ги најновите светски трендови во дигиталниот маркетинг и добиј нови можности за работа!


Пријави се и ти и стани дел од семејството на Digital Marketing Institute кое брои повеќе од 130 000 членови. Учи од професионалци со долгогодишно искуство, по програма креирана од најголемите светски компании.

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче