Денес разговараме со Елена Трајчевска, студент на Professional Diploma in Digital Marketing, која работи како Маркетинг Директор во Клуб Спорт 77. Елена се приклучи на програмата со цел да си ги надогради знаењето и вештините во дигиталниот маркетинг. Ни сподели дека иако сè уште ја изучува програмата, веќе активно го применува наученото во секојдневната работа.
Прочитај повеќе за Елена, зошто ја избрала баш Galeksia за професионална надоградба и на кој начин го применува знаењето за брендовите со кои работи.
1. Здраво Елена! Ти си дел од септемвриската група на програмата и работиш како маркетинг директор во Клуб Спорт 77. За почеток, откриј ни нешто повеќе за себе!
Здравo! Да, моментално сум Маркетинг Директор во Евротип Спортски обложувалници, Голд Слот клубовите и Голд Фелициа. Дел сум од септемвриската група на програмата за дигитален маркетинг. По професија сум дипломиран Графички дизајнер, со претходно работно искуство во две локални телевизии на позиција видео монтажа и тонска поддршка, но исто така бев дел од продукција за видео монтажа на детски емисии.
2. Како изгледа еден твој работен ден како маркетинг директор како дел од индустријата на игри на среќа? Кои се твоите дневни активности и обврски во Клуб Спорт 77?
Секој работен ден го започнувам со утринско кафе и распределба на задачите на членовите во тимот, кои се однесуваат на подготовка на дизајнот за објавите на социјалните мрежи, медиа план, ПР за портали, како и организација на маркетинг настани за многубројните објекти во сите населени места во Македонија. Работни состаноци со менаџерскиот тим и деловни состаноци со клиенти. Денот завршува со сумирање на сработеното.
3. Се запиша на програмата за да ги усовршиш твоите дигитални вештини и да си го надоградиш знаењето. Кажи ни колку си задоволна од досегашното искуство од предавањата и насоката во која се движи твоето професионално надоградување?
Досегашната обработка на програмата ми помогнаа да ги усовршам и надоградам моите вештини во дигиталниот маркетинг, но исто така и да ги освежам некои претходно стекнати знаења.
4. Со оглед на тоа дека веќе имаш богато искуство во областа на дигиталниот маркетинг, кој беше клучниот момент да се запишеш на DMI програмата и да си го прошириш знаењето? Зошто ја одбра токму Galeksia?
Ние сме компанија која води сметка за кадровската политика и имаме стратегија за развој и надоградба на вработените во сите области. Истражувајќи го пазарот заради потребите за надоградба на знаењата и вештините во дигиталниот маркетинг, дојдовме до Galeksia.
Е зошто Galeksia? Затоа што е програма која опфаќа модули од сите сфери на дигиталниот маркетинг, програма која има професионални ментори и нуди светски признат сертификат за дигитален маркетер за успешно завршена програма.
5. Нашите сертифицираните едукативни програми се вистинскиот избор за сите компании што се стремат да го искористат комплетно потенцијалот на дигиталниот маркетинг. Кажи ни дали веќе применуваш некои техники и вештини кои ги стекна на програмата во секојдневната работа во Клуб Спорт 77?
Да, се разбира дека јас и мојот тим веќе употребуваме нови техники кои ги стекнав во текот на предавањата.
Среден контент, употреба на хаштаг, селективно спонзорирање на објави, се само дел од новостите кои ги применивме во секојдневното работење со дигиталниот маркетинг тим во нашата компанија за трите брендови.
6. Верувам дека со работата и предавањата имаш busy распоред. 🙂 Како го поминуваш останатото слободно време? Која е Елена кога ќе си дојде дома од работа?
Често пати работните обврски се пренесуваат и сработуваат во домашна атмосфера, тенка е линијата помеѓу службеното и приватното, меѓутоа се наоѓа време кое ќе се помине со семејството, сопругот и двете прекрасни ќеркички. Обожаваме да ги поминеме викендите на планина и во дружба со нашите пријатели и роднини.
7. Од каква важност е светски признатиот сертификат за тебе и бенефитите кои ги овозможува?
Пред сè присуството на обуката е со цел да се стекнат нови знаења и да се надоградат вештините во дигиталниот маркетинг кои ќе можат да се употребат за да се подигне нивото на нашите компании и да се приближи до клиентите. Светски признатиот сертификат е само доказ дека успешно била завршена една фаза на надоградување на знаењата и компетенциите.
8. Секојдневно се среќаваме со професионалци во дигиталниот маркетинг кои се стремат да си ја надоградат кариерата. Каков совет би им дала на сите кои веќе работат во оваа област и сакаат да си го прошират и сертифицираат знаењето и да се запишат на програмата за дигитален маркетинг?
Процесот на учење за стекнување на знаење и вештини, компетенции, нема крај, преставува циклус кој трае при работниот живот, односно преставува прилагодување кон иновациите и трендовите на развивање на бизнисот и компаниите што значи дека секогаш ќе има потреба од надоградување на знаењата, а ценејќи и диференцирајќи заклучок, програмата на Galeksia нуди надобра понуда на пазарот. ☺ П.С. најдобар коефициент!
На DMI програмата имаш прилика да ги научиш најдобрите практики во дигиталниот маркетинг, како да креираш и развиваш успешна маркетинг стратегија и сè што треба за да го однесеш бизнисот на едно повисоко ниво! Програмата е акредитирана од Digital Marketing Institute и е креирана од светски експерти во индустријата. Запиши се уште денес и стани дел од глобалното DMI семејство!
Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.
Запиши се и учи со нас!