По успешно положениот испит за PearsonVue сертификатот, со одлични резултати, Лавинија е официјално Certified Digital Marketing Proffesional.
Амбициозна, креативна и секогаш полна со нови идеи, во потребата за стекнување на ново знаење, се одлучува тоа да биде динамичната сфера на дигиталниот маркетинг.
Во нејзината секојдневна работа е во допир со сите аспекти на дигиталниот маркетинг, а програмата на Galeksia, ги опфаќа баш сите теми кои и се потребни.
1. Имаш завршено факултет за режија и факулет за психологија, можеш ли да ни кажеш како се вклопува дигиталниот маркетинг во твојата приказна?
Здраво, дигиталниот маркетинг е само еден пат по кој ме однесе животот поради склоп на ситуации и кој ми се допадна бидејќи можев да применам сѐ од она што веќе го носев во себе.
Факултетите кои ги имам студирано се олеснителна околност во сево ова и ми нудат применливи и практични трикови за полесно снаоѓање. Да не зборувам па за идеи или нови начини на гледање на работите.
2. Што е твоја секојдневна инспирација за постојано да напредуваш во твојата кариера?
Желбата за знаење и постојано учење нешто ново, ново, ново. Со тоа што кај мене ова не е клише муабет за оставање впечаток на “progressive mindset”, туку дури и проблем, едноставно сум прељубопитна.
Потребата од ново знаење, читање, учење, експериментирање ми е веќе на ниво на неопходност и навика, така што нема назад.
3. Веќе имаш искуство и си дел од тимот за дигитален маркетинг на Студио Модерна. Зошто одлучи да го надополниш твоето знаење со програмата на Galeksia?
На моето работно место се занимавам примарно со content marketing и content creation, social media, e-mail, скрипти со pinch of продукцијa. Па, кога веќе почнав да набројувам, да бидеме искрени темпото со кое работиме и обемот на работа кај нас е огромен, така што честопати времето лета и не ни забележуваш што сѐ правиш и се расплинуваш на сите полиња.
Среќа што имаме толку креативен и вреден тим и неверојатно искусен интернет менаџер, па секој еден во нашиот тим, доколку е потребно, може и знае да направи сѐ.
Конкретно, и јас самата постојано сум во допир со сите аспекти од дигиталниот маркетинг, па чувстував дека ми фали и поструктурирано и малку подлабоко познавање на сегментите кои не ги работам на дневно ниво.
Galeksia и програмата на DMI се одлични во оваа смисла. Програмата е одлично организирана, ги опфаќа сите теми и баш те насочува кон она што ти треба.
4. Кои квалитети според тебе, треба да ги поседува еден успешен дигитален маркетер?
Ок, одиме според мене, ова се неколку:
– Добра проценка на моменталната ситуација. Tука подразбирам објективност; што функционира, а што не. Мора секогаш да си имаш јасна свест за ова;
– Следење на светски трендови, да отвораш по некој маркентинг news site, барем еднаш на три дена;
– Да знаеш како да функционираш како дел од тим. Сети се колку очајно делува one man show на оние што свират синтисајзер и цели кон тоа да не бидеш синтисајзер свирачот во дигиталниот свет;
– Комбинацијата на креативност и стратегија;
– Подготвеност и за многу техничка работа.
5. Да се изразуваш креативно не секогаш е така лесно, а во твојата работа креативноста е секојдневие. Може ли да ни кажеш што најмногу го буди твојот креативен дух?
Ах, да не сте ми во глава. Повеќе би кажала дека се борам да го скротам секојдневно, а со годините и искуството и тоа си доаѓа, па се научив да го насочувам во каналите во кои ќе ми користи.
6. Какви се твоите планови по положениот испит и сертификатот од Pearson VUE за Digital Marketing Professional?
Во моментов да ги имплементирам дел од работите кои ги научив во мојата конкретна работа и да проверам каков плод ќе вроди тоа. Во следните месеци планирам и да разгледам кои ми се опциите за доспецијализирање во полињата во кои чувствувам дека може да напредувам и уште повеќе.
7. За крај, сподели една инспиративна порака за сите сегашни и идни студенти на Galeksia.
За идните студенти би рекла – секогаш кога се јавува шанса за нешто или имате мисла во глава која некако постојано ви стои тука и ве копка, go for it. Не е случајно. Тука ја вклучувам и желбата да се запишете на академијата на пример. Сите сме ги имале оние недоумници; но дали ќе имам време, работам до 5, бла бла.
Да, вистина, сите имаме обврски, I should know, но штом имаш желба и интуитивно чувстуваш дека нешто сакаш да направиш и дека ќе биде добро, 90% е. Намерно не велам 99.9% бидејќи тоа е голем процент, можно е да ве излажам, а и еве од ова веднаш произлегува уште еден (инспиративен?) совет – не лажете на интернет, сега е целиот свет на раб на прстите (click click), нема потреба од неискреност во маркетингот. Создавајте приказни, различно е, но клучно.
Уписите на Galeksia за програмата Certified Digital Marketing Professional се во тек. Биди и ти следниот професионалец, со знаење признато насекаде во светот.