Galeksia стана официјален Pearson VUE тест центар

После објавата дека Galeksia стана Platinum Partner на DMI, Galeksia доби уште едно големо признание. Официјално стана акредитиран Pearson VUE тест центар. Разговараме со Теодора и Билјана за условите за стекнување со вакво признание, кои се бенефициите за Galeksia и нејзините студенти и зошто е важно да се поседува сертифицирано знаење.



1. Galeksia официјално стана Pearson VUE тест центар. Кажи ни на кратко, што е Pearson VUE, која е неговата важност и кредибилитет?


Теодора: Pearson VUE е најголемото сертификационо тело за он-лајн тестирање во светот. Според важност и кредибилитет дефинитивно е на врвот во светски рамки, особено кога станува збор за онлајн тестирање. Покрај Digital Marketing Institute, други сертификати кои ги издава Pearson VUE се сертификати за Microsoft, Adobe, Cisco и други светски реномирани компании.



2. Зошто Galeksia одлучи да стане Pearson VUE тест центар?


Билјана: Со оглед на сериозноста на програмите за дигитален маркетинг кои Galeksia ги нуди, кои секако на крајот завршуваат со полагање на тест за добивање на глобално признат сертификат, природно се наметна потребата Galeksia да стане Pearson VUE тест центар. На овој начин, нудиме еден комплетно заокружен процес – студентите ја слушаат програмата, полагаат тест и се здобиваат со сертификат на едно место.



3. Како успеа Galeksia да стане официјален Pearson VUE тест центар? Кои критериуми ги исполни?


Билјана: Критериумите се доста детални и строги – постои една долга листа на прецизно дефинирани услови кои треба да бидат исполнети онака како што се побарани, со цел да се обезбеди конзистентност насекаде низ светот и во секој Pearson Vue тестинг центар.

Овие услови се однесуваат на просторот – детално дефиниран, каков и колкав да биде, како и поставеноста на местата за тестирање, техничката опрема која мора да се поседува, софтверските решенија, безбедносните аспекти, како и кредибилитетот на компанијата која аплицира за да стане Pearson VUE тестинг центар. Откако сите овие аспекти ќе бидат исполнети, дури тогаш комисија одлучува дали ќе се добие дозвола за отварање на Pearson VUE тест центар.



4. Какво значење има ова за студентите на програмите на Galeksia?


Теодора: Сите сертификати кои ги добиваат учесниците на програмите на Galeksia се издадени преку Pearson VUE, а со самото тоа го добиваат и глобално признатиот кредибилитет и акредитација. Ова е од особено значење за сите учесници на нашите програми, бидејќи единствено кај нас, тие ќе се стекнат со глобален сертификат за нивните дигитални маркетинг вештини, сертификат признат во целиот свет.



5. Зошто е важно да се поседува сертифицирано знаење за дигитален маркетинг?


Теодора: Сведоци сме на голем број курсеви, академии и обуки на нашиве простори, но и на светско ниво. Со изучување на програма креирана од светските експерти, како што се програмите на Galeksia, се добиваат повеќе бенефиции. Меѓу тие бенефиции спаѓа и учење според најновите промени и глобалните стандарди и стекнување со глобално признат сертификат.

Сертифицираното знаење ги отвара вратите кон светот, пред се’ поради кредибилитетот, препознатливоста и секако квалитетот кој го овозможува.

Фокусот на Galeksia е да им го овозможи најдоброто на студентите во сите аспекти. Со програмите на Galeksia имаш можност да учиш по програми работени по светски стандарди и да се стекнеш со глобално признат сертификат кој ти ги отвора вратите од светот.





Ако сакаш да учиш по квалитетна програма која ќе ти донесе успех, запиши се на Galeksia и биди еден чекор поблиску до добивање на твојата работа од соништата.



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче