Galeksia – Platnium Partner на Digital Marketing Institute

За само една година Galeksia се докажа како експерт за обезбедување глобално призната едукација. Сертификацијата со која се стекнуваат студентите им овозможува да ги зајакнат своите дигитални вештини и да напредуваат во кариерата.


Изминатава година имаме со што да се пофалиме. Каква година!
Како да основањето на нова компанија не беше доволен предизвик, се случи и пандемија и веќе ништо не беше сигурно.

Но, и покрај сите препреки, Galeksia остана цврсто да ја гради својата деловна активност – подобрување на квалитетот на едукацијата за дигитален маркетинг во нашата држава.

Platinum Partner на Digital Marketing Institute

Digital Marketing Institute е најголемиот Институт за Дигитален Маркетинг во светот, со седиште во Ирска и САД.


За само една година, Galeksia ја доби наградата Platinum Partner на Digital Marketing Institute за време на DMI Arena Awards Ceremony настанот. 

Има повеќе критериуми за избор на овие престижни награди, некои од нив се: начинот на предавање на материјалот и квалитетот на наставата, спремноста на менторите, процентот на студенти кои успешно го положуваат испитот за глобално признат сертификат, бројот на задоволни студенти, целокупната грижа за секој студент, соработката со компании со цел работа на реални проекти. 


Овој настан се случува секоја година и секоја година се одбираат Silver, Gold и Platinum Partners, зависно од постигнувањата на секој од партнерите. Platinum Partner наградата ја добиваат само 4 од над 100 глобални партнери на DMI.


Институтот за Дигитален Маркетинг во текот на секоја година обезбедува стручен преглед и препораки за да се осигура дека сите дипломирани студенти ги научиле најсовремените дигитални вештини и се стекнале со потребните компетенции и знаење. 


Оваа награда е признание за целата работа, квалитетната едукација и помош која им е обезбедена на сите наши студенти.



За само една година:

  • 91 студент се стекнал со знаење и глобално признат сертификат;
  • 7 посветени ментори кои се експерти во областа која ја предаваат и се сертифицирани DMI тренери работеле со студентите и одржувале дополнителни менторски сесии;
  • Креирани се 43 видеа со бесплатна содржина;
  • Остварена е соработка со 18 од најуспешните компании за кои нашите студенти изработуваат реални проекти.

Едно од едукативните видеа на Galeksia


За целокупниот наш труд и успех на кој се темели оваа награда од најголемиот Институт за Дигитален Маркетинг во светот, зборуваат и големиот број на testimonials, токму од нашите студенти. 

Ова е извонредно достигнување за нас бидејќи како Platinum Partner, ќе можеме да им понудиме уште подобри придобивки и поддршка на нашите студенти.

Програмите на Galeksia

Никогаш не е доцна да се приклучиш на програмите за дигитален маркетинг што ги нуди Galeksia. Она што го добиваш е:

  • Глобална акредитација;
  • Учење по програма креирана од шампионите во индустријата, како што се Facebook, LinkedIn, Google, Twitter, LinkedIn;
  • Пристап до најновите новости за вештините и знаењето за дигитален маркетинг преку платформата на DMI која брои над 130.000 членови.


И покрај сите препреки, успеавме успешно да ја прилагодиме целокупната настава, и истата да се одвива он-лајн и непречено.

Ние верувавме дека кога она што се нуди е квалитет и програми од светски стандарди кои нудат сертификација која е глобално призната, сите наши потенцијални студенти ќе ја препознаат Galeksia како Институт кој што им го нуди најдоброто.


Едукацијата со програмите на Galeksia може да ти помогне да ги постигнеш твоите цели, професионално да напредуваш, да го подобриш работното место или пак да направиш комплетна промена на кариера.

Стани професионалец во областа на дигиталниот маркетинг

Иднината е дигитална

Зголемената дигитализација во светот, значи дека сегашните и потенцијалните вработени треба да бидат обучени за дигитална трансформација на бизнисите во кои работат.

Дигиталните вештини се значителна потреба на пазарот, а само вистинската едукација кога станува збор за дигитален маркетинг, може да овозможи правилна експертиза.


Она што и во иднина ќе биде потребно, се сертифицирани, професионални луѓе во сферата на дигитален маркетинг. Без разлика дали се работи за сопственици на бизнис, млади дипломирани студенти, или пак луѓе кои сакаат да ги совладаат дигиталните вештини. 


Со Galeksia секој има можност да се стекне со знаење и акредитација која ги препознава нивните вештини за дигитален маркетинг и им помага да се развиваат во светот на дигитален маркетинг.


Помина една година од свеченото отварање на Galeksia. Заедно се трудиме да создадеме искуства за учење кои ги поттикнуваат студентите да можат да напредуваат во својата кариера и да го спроведуваат она што го учат во реалноста.


Со нетрпение очекуваме да воведеме многу новости во новата 2021-ва!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче