Galeksia ме охрабри да аплицирам за работа

Денес ви споделуваме една успешна приказна за која многу се радуваме и сме многу горди. Стефан Миовски се запишува на CDMP програмата без никакви предзнаења од дигитален маркетинг и без јасна слика што значи да работиш како дигитален маркетер. Кога го прашавме кои ти се очекувањата по завршувањето на програмата, Стефан ни одговори со еден збор, вработување.


По само четири месеци од почетокот на програмата Стефан се вработи како дигитален маркетер во реномирана компанија од iGaming индустријата! Прочитај повеќе за тоа како програмата го охрабри да аплицира за работа, какво му е досегашното искуство и на каков проект работи за TBM Group, во блог постот подолу!




Запиши се!





1. Здраво Стефан! За оние што не те знаат, доаѓаш од Скопје, имаш 28 години, а по струка си дипломиран економист на смер Е-Бизнис кој реши да навлезе во сферата на дигиталниот маркетинг. Дали имаше одредени предзнаења пред да се запишеш во Galeksia?   



Искрено не. Моите предзнаења врзани за дигиталниот маркетиг беа минимални, бидејќи од моето завршување на студиите до започнувањето на курсот многу работи се променија. Тоа беше една од главните причини зошто се решив да учествувам на програмата на Galeksia.



2. Која беше причината поради која се одлучи за кариерен пресврт?



По завршувањето на моите студии моите очекувања за тоа што ќе работам беа потполно поинакви од тоа што всушност го работев во изминативе 5 години. Поради ова одлучив дека е време да се насочам кон она што навистина сакам да го работам.



3. Што е она што те инспирираше да навлезеш токму во сферата на дигиталниот маркетинг?



Од секогаш имав голема склоност кон маркетингот како наука и поради тоа дигиталниот маркетинг ми претставува голем предизвик како комбинација на традиционалното со ,,новото”.



4. По завршување на програмата очекуваш да можеш самостојно да работиш како дигитален маркетер. Но, по нешто повеќе од 4 месеци од почетокот на програмата се вработуваш како Digital Marketing Executive во QIH Group. Колку сметаш дека Galeksia е „виновна“ за ова?



Потполно!!! На самиот почеток на програмата искрено немав јасна слика како би изгледале моите работни одговорности. Но, со текот на времето како што течеше програмата започнав да ја разбирам концепцијата на дигиталниот маркетинг. Се охрабрив да започнам да аплицирам на огласи поврзани со оваа сфера и најискрено испадна многу добро за мене.



5. Моментално работиш на проект за TBM Group. Твојата задача се однесува на изработка на основна SЕО анализа на вебсајтот и давање предлози за негово подобрување. Раскажи ни нешто повеќе околу ова.



На проектот за TBM Group се приклучив 4 месеци по започнувањето на програмата. Иако анализата го содржи зборот ,,основна”, концептот да се изработи ваква анализа беше навистина интересен и широк. Ова навистина ми помогна да добијам пореална слика на тоа што ќе ме очекува во иднина и е супер искуство за мене.



6. Кои алатки ги користеше за изработка на задачата? Кои од понудените toolkits на DMI платформата ти помогнаа?



За изработка на оваа задача јас најмногу го користев Screaming frog, Semrush и Ubersuggest. Од понудените toolkits на DMI, најмногу се потпрев на дополнителните материјали кои се достапни на платформата, како што е On-Site SEO Audit Handbook and Toolkit.



7. Првпат работиш на наоѓање решение од областа на SEO. Дали се соочи со одредени предизвици при правење SEO анализа и како ги надмина?



Најголем предизвик ми беше тоа што на почетокот намав идеја како треба целата анализа да изгледа, што треба да биде фокус и како да биде составена. Ова го надминав со помошта која ми ја пружи Теодор – менторот  за SEO, кој јасно ме упати што треба да приоретизирам, кои би биле најдобри алатки за изработка на овој тип на анализа и каде можам да најдам примери за истите.



8. Што би им препорачал на студентите кои до сега немаат работено на практични проекти од дигитален маркетинг за компанија,а се двоумат дали да се вклучат во работа на проект за некој од нашите learning partners?



Топло препорачувам секому да се вклучи и активно да учестувува во проектите, бидејќи така најреално се добива јасен преглед на тоа како би изгледале дел од работните обврски на еден дигитален маркетер.







Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.

Запиши се и учи со нас!



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче