Galeksia е вистинскиот избор за секој кој сака да изучува дигитален маркетинг!

Денес разговаравме со Бранкица Иванова, преведувач по англиски јазик и професор на Меѓународниот Балкански Факултет. Бранкица се запиша на програмата за дигитален маркетинг во Galeksia, со цел стекнатото знаење да го искористи за надоградување на професионален план, и да го примени за промоција и развој на специјализираните курсеви на англиски јазик на кои моментално работи.


Посветеноста на програмата ѝ овозможи на Бранкица да се стекне со вештини кои ќе ѝ помогнат да си ги оствари зацртаните цели за развој и промоција на новите програми за онлајн учење на англискиот јазик како и за нејзините ангажмани во делот на content marketing. Со работата на реален проект за Попова Кула успеа да си ги доусоврши знаењето за дигиталниот маркетинг и да го примени во пракса.


Прочитај го возбудливото искуство на Бранкица во Galeksia на блог постот подолу! 




Запиши се!





1. Здраво Бранкица! За почеток, да те запознаат подобро нашите читатели, кажи ни нешто повеќе за себе?



Здраво и од мене! Јас сум Бранкица и по професија сум професор и преведувач по англиски јазик. Имам долгодишно искуство како предавач по англиски јазик кое освен класичните предавања вклучува и изработка на програми за специјализирани курсеви по стручен англиски јазик согласно потребите на клиентите од различни професионални сфери како и подготовка за меѓународни испити по англиски јазик.



Во текот на работното искуство спонтано мојата желба за пишување се спои со потребите на пазарот од content writers па така навлегов во делот на content marketing, а подоцна со развој на вештините и ангажманите во функција на Editor-In-Chief започнав да се запознавам и со делот на SEO. По природа сум креативна и секогаш полна со идеи и иновативни решенија и имам жед за знаења од различни области па оттука природно се јави мојот интерес да научам нешто повеќе за дигиталниот маркетинг.   



2. Работиш како професор по англиски јазик на Меѓународниот Балкански Факултет. Што беше она што те мотивираше да се запишеш на програмата за дигитален маркетинг?



Во денешниот дигитален свет сметам дека сите треба да ја развиваме нашата дигитална писменост, па изучувањето на дигиталниот маркетинг некако ми дојде природно и во склоп со новонастаната ситуација на работа во контекст на онлајн предавања преку дигитални платформи, различни софтвери и алатки за оценување на знаењата, снимања на видео материјали за цели на изучување на јазикот, како и канали за промоција на онлајн учењето. Самите новонастанати услови на работа во време на Ковид како и пост-Ковид пандемијата наметнуваат постојан развој, надоградба на дигиталните вештини како и агилност за чекор со постојаните промени. 



3. Ја избра програмата на Galeksia за да се стекнеш со светски признат сертификат. Како новостекнатото знаење се надополнува на сегашната професија како професор по англиски јазик?



Новостекнатото и надополнето знаење е чекор напред и можеби не толку надополнување колку што е повеќе надоградување и развој на одредени способности и вештини кои веќе ги поседував. Програмата на Galeksia со сигурност можам да кажам дека ми даде одреден правец, основа на одредени теми за кои немав предзнаење како и структура и рамка на други работи и теми за кои веќе располагав со одредени знаења. Новостекнатите знаења даваат можност за примена при развој и промоција на нови програми за онлајн учење на англискиот јазик како и моите ангажмани во делот на content marketing.



4. На програмата се запишуваш како со основно предзнаење во областа на дигиталниот маркетинг, па кажи ни дали некој модул ти претставуваше предизвик? Како го надмина предизвикот? 



Иако во одредени области на дигиталниот маркетинг имав предзнаења како на пример во Content Marketing, SEO и Social Media сепак програмата ми помогна во организирање, структуирање и доразвивање на тие знаења. За други пак области на дигиталниот маркетинг за кои немав никакви предзнаења оваа програма ми даде основа.



Во текот на учењето најголем предизвик ми беа модулите Paid Search (PPC) и Display Marketing поради тоа што во досегашното искуство имав најмалку допирни точки со овие две теми а морам да признаам и најмалку интерес за нив. Во секој случај, предавачите беа со огромна поддршка и достапни за дополнителни објаснувања и комунукација па со малку поголем труд, посветеност и дополнителен материјал ги надминав и тие потешкотии. 



5. Имаше прилика да учиш од ментори со големо искуство во својата област. Кој ти остави најголем впечаток и кој совет од нив ќе го применуваш во иднина? 



Би било можеби неблагодарно да издвојам еден или двајца од менторите бидејќи од секој од нив научив доста работи кои ги применувам и може да ги применувам во пракса во иднина. Менторите се млади, позитивни, желни да пренесат знаење и да помогнат во процесот на учење. Она што ми се допадна кај секој од нив е нивната страст за својот модул и нивното практично искуство кое се рефлектираше во самите предавања. Нивниот непосреден комуникациски однос искомбиниран со знаење ги направи предавањата уживање за мене особено по долгиот работен ден.   



6. Работеше на практичен проект за Попова Кула. Раскажи ни нешто повеќе за искуството, кои беа твоите активности, која вештина ја усоврши и каков бенефит има ова искуство за тебе? 



Заедно со уште 3 учесници во програмата работевме на проект за Попова Кула. Заедно соработувавме во делот на анализа на веб страницата, социјалните медиуми и каналите за промоција на онлајн продавницата за вино на Попова Кула како и содржини кои би ја зголемиле онлајн присутноста на брендот. Уживам во тимска работа и сметам дека развојот на тимскиот дух ја зголемува креативноста и со тоа и успехот на маркетинг кампањите.  



Конкретно моите активности се состоеја од развој на e-mail marketing кампања за потенцијални и нови купувачи на брендот при што успеав да ја применам мојата вештина на пишување при изготвувањето на е-мејл примероци и да стекнам нова – односно организирање на самите активности поврзани со кампањата и планирање преку календар на активности. Од ова искуство научив како треба да изгледа работата на еден маркетинг тим како и правилна организација на работата во делот на e-mail marketing како и одредени алатки кои може да се применат за подобри резултати.  



7. Програмата Professional Diploma in Digital Marketing се учи со динамичен интензитет и бара целосно внимание и концентрација. Како успеа да го избалансираш учењето со твојата full-time работа? Дали имаше потешкотии при совладување на материјалот? 



Програмата е навистина со динамичен интензитет и бара посветеност па така секој кој сака да биде дел од оваа програма треба да биде на некој начин свесен за ова и да се подготви во смисла да го организира своето и онака малку слободно време. Јас лично сакам предизвици а постојаниот професионален развој ми е многу важен, особено кога имам интерес за темата. А, за сè што сакам и имам интерес наоѓам време колку и да го немам.



Со правилна организација на времето поделено помеѓу работни, семејни и лични обврски и поставување приоритети сепак верувам дека секој кој има желба ќе успее како мене да го избалансира учењето со работата. Материјалот иако е обемен сепак преку правилниот и професионалниот пристап на менторите е добро обработен и доближен до нас како студенти така да немав одредени потешкотии при совладувањето на материјалот.  



8. Дали ги охрабруваш сите заинтересирани кои веќе се вработени и се двоумат дали да се запишат на програмата, да го следат твојот пример? ден работен ден во друга професија, што би бил?



Доколку се заинтересирани за изучување на дигиталниот маркетинг, од сè срце ја препорачувам програмата на Galeksia и DM Institute и сметам дека е вистинскиот избор за секој кој сака да го изучува дигиталниот маркетинг од неколку причини: светски признатиот сертификат, професионалниот однос на Galeksia кон вас како клиент како и поддршката која ја нудат за време на и по завршувањето на обуката, стручни и искусни ментори кои убаво го обработуваат материјалот и имаат вештини да го пренесат знаењето, како и поволности при плаќање. Сето ова го прави моето искуство со Galeksia и оваа програма многу позитивно и од тука ги охрабрувам сите кои се заинтересирани да најдат време за себе и за својот професионален развој и надоградба и да се запишат на оваа програма за која верувам дека ќе даде многу можности за идни работни ангажмани.   



Ноемвриските уписи за DMI програмата се во тек!



Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.

Запиши се и учи со нас!



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче