Формула за успех: следете ги трендовите и бидете чекор пред другите

Душан е дел од мајската група на програмата за дигитален маркетинг на Галексиа. Во моментов работи како фриленсер, но и покрај искуствотo во маркетинг областа, нескротливата амбиција да го продлабочи своето знаење, особено од технички аспект, го мотивираше да се запише на академијата за дигитален маркетинг на Галексиа, и како што тој самиот вели, не погрешил во изборот.

 

Доколку доделувавме награда за редовност на предавањата, Душан несомнено ќе го освоеше првото место. Дома, на пат, во најблиското кафуле или аеродром. Се менуваа локациите но не и неговата желба и посветеност да го заврши денот со научена нова информација од digital marketing светот.

 

Постојаните пофалби од страна на менторите, уште на самиот почеток му ја донесоа титулата student of the month, а кратко подоцна беше дел и од group of the month, овојпат заедно со своите колеги. Убедени сме дека негова ќе биде и титулата student of the year, а во исчекување сме единствено на сертификатот со кој успешно ќе ја заокружи оваа седуммесечна приказна.

 

Но, зошто Душан ја одбра токму Galeksia,  што досега тој научи од модулите предвидени во програмата на Digital Marketing Institute и во која насока би сакал да се развива неговата кариера? Прочитај подолу!

 

1. Душан, здраво! Ти си еден од најдобрите студенти на академијата, редовно добиваш комплименти од менторите и колегите за твојата ангажираност и посветеност. Кажи ни нешто накратко за тебе?🙂

 

Веднаш тешко прашање🙂. Накратко би се опишал како трудољубива, амбициозна и посветена личност за која индивидуалноста и уникатноста се секогаш на прво место.

 

2. Веќе имаш искуство во ова поле работејќи како маркетинг менаџер, а сепак се одлучи да се запишеш на академијата за дигитален маркетинг на Галексиа. Која беше причината, во кој сегмент сакаш да се подобриш и дали успеа во намерата?

 

Се одлучив да се запишам на академијата зашто утврдив дека ми недостасуваа технички предзнаења поврзани со сферата на дигитален маркетинг. Во основа, се надевав дека ќе добијам познавања во сите сфери од дигиталниот маркетинг и можам слободно да кажам дека ја остварив таа цел.

 

3. Во моментов работиш како фриленсер, за голем дел од младата популација ова е сè попримамлив начин на работење бидејќи нуди голем број можности и за веќе афирмираните во фелата, но и за оние без искуство. Какви беа твоите почетоци? 

 

Од неодамна сум фриленсер, така што и јас сум на самиот почеток. Можноста сам да го диктирам работниот тек и да одлучувам за слободното време се главните придобивки на фриленсерството.

 

4. На кои платформи работиш? Имаш ли некои корисни tips and tricks за сите идни маркетери без искуство? Кои се првите чекори кои треба да ги преземат?

 

Претежно работам на принципот word of mouth, при што ме препорачуваат луѓе кои го знаат мојот начин на работење и дејствување.

 

5. Програмата на DMI предвидува изучување на десет модули како основи на дигиталниот маркетинг. Со оглед на тоа што веќе си непосредно пред крајот на предавањата можеш и да ни одговориш, каде се пронајде ти најмногу? И дали менторите ти влијаеа на изборот? 

 

Social Media, SEO и Website Optimization, Analytics with Google Analytics, Digital Marketing Strategy … Менторите дефинитивно имаа огромно влијание, правејќи ги овие модули особено интересни преку одлични техники за предавање и споделувајќи практични примери.🙂

 

6. Која е твојата dream career од денешен аспект? Каде се гледаш долгорочно? 

 

Би сакал долгорочно да се остручам и да просперирам во некој/некои од наведените омилени модули.

 

7.  Дигиталниот маркетинг е сфера која постојано се менува и мора да бидеш up to date со сите новости. Според тебе, кој е најголем предизвик за еден digital marketer? 

 

Дефинитивно следењето на трендови и секогаш да се биде чекор пред другите.

 

8. Analytical или creative skills? Кога би бирал, без која вештина не се “преживува” во светот на дигиталниот маркетинг?

 

Зависи од релевантната сфера од дигиталниот маркетинг, но би рекол дека двете мораат да му бидат форте на секој кој сака да биде врвен маркетер.

 

9. Кога зборуваме за Душан надвор од работното место, дали си tech addict или наоѓаш други начини да ги наполниш батериите во слободното време?

 

Батериите ги полнам преку читање книги, вежбање, и повремено гледање документарци за сериски убијци.

 

10. Како за крај еден совет што би го дал на сите што сакаат да инвестираат во себе и да го надоградуваат своето знаење?

 

Најтопло би им препорачал да се запишат на aкадемијата и да ги стекнат неопходните знаења за да бидат успешни, зашто дигиталниот маркетинг е иднината.

 

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче