E-commerce: Ready, Set, Grow!

Овој ноември 12ти беше THE Day за најактуелните збиднувања од 2021 во е-трговијата во Македонија. Асоцијацијата за е-трговија го организираше најновиот четврти собир на домашните и дел од светските лидери за ecommerce, иновација и дигитален маркетинг. Ние од Galeksia заедно со 500 други претставници на компании и поединци ја следевме конференцијата на која зборуваа 25 говорници во 13 излагања и 3 панел дискусии. Меѓу нив беа Anna Górka, Spotify Partner Director во Httpool, Sharon Gai, Director of Global Key Accounts во Alibaba Group, Konstantin Kostadinov, Head of Sales во Viber (Rakuten), Gabriel Ghita, VP Business Development во Mastercard, како и Ott Velsberg, Chief Data Officer во Владата на Република Естонија, кој ја отвори конференцијата.


Фокусот на овогодишениот настан беше ефектот на Ковид пандемијата врз забрзувањето на дигитализацијата на бизнисите во Македонија. После неочекуваните промени во 2020, кои не засегнаа сите, на дело се покажа способноста за брза адаптација и флексибилност на одредени компании кои користејќи ги дигиталните алатки го достигнаа пикот во своето работење, токму во период на криза.


Galeksia своите почетоци ги имаше токму во овој период на пандемија, па особено интересно ни беше да ги слушнеме споделените искуства на претставниците од различни индустрии и нивните модели за адаптација.


RECAP



HOW ESTONIA IS BUILDING THE NEXT GENERATION E-GOVERNMENT



Естонија како земја која ја почнала својата дигитализација во 1998, има многу што да нé научи за тоа како технологијата се имплементира во државниот сектор и како таа синтеза успешно помага во секој аспект од секојдневното живеење на граѓаните. Во последните години, Владата на Естонија почнала дополнително да инвестира и во вештачка интелегенција, која е иднината на технологојата, претставувајќи го меѓу другото и Виртуелниот Асистент #Bürokratt. Повеќе за имплементацијата на AI во Естонија можеш да видиш тука.



FIRESIDE CHAT: “ACCESS TO FINANCE IS KEY FOR THE ECOSYSTEM TRANSFORMATION”



Во оваа дискусија ги слушнавме Ивана Станкович и Коста Петров, како претставници на ФИТР, кои ни кажаа повеќе детали за тековните проекти на овој Државен Фонд. Се зборуваше и за планираните проекти за 2022 на кои што работат и со кои целат за уште поголемо развивање на start-up секторот во Македонија и инклузијата на приватниот сектор во нивното финансирање.



THE COVID-PUSH ON E-COMMERCE IN NORTH MACEDONIA / ECOMMERCE ANALYSIS REPORT



Нина Ангеловска, како претседател на Македонската Асоцијација за Е-трговија, на ова излагање го презентираше најновиот Извештај за е-трговијата во Македонија споредбено со земјите од регионот и Европа, кој може да го најдете тука.



THE WAY FORWARD FOR E-COMMERCE IN EUROPE



Следно обраќање имаше Sara Lone, Lead Research Analyst in e-commerce, development & digitalization, на Амстердам Универзитетот во Холандија. Оваа истакната академска институција ги следи и анализира треновите и промените во е-трговијата во Европа. Посебно интересно беше да се види развојот на Македонија и земјите од регионот, кои бележат значителен раст во последните две години. Извештајот може да го погледнеш тука.



PREDICTING THE UNPREDICTABLE



Одличен пример за еcommerce бизнис од големи размери, кој успешно се адаптирал и справил со Ковид кризата е bol.com, најголемиот онлајн трговец во Холандија и Белгија. Нивната претставничка Cátia Silva, Senior Data Scientist, ни претстви дел од механизмите кои оваа компанија секојдневно ги применува за да може да ги предвиди промените и пиковите во продажбите, но и да може успешно да ги менаџира сите делови од работењето вклучително и добавувачите, магацините и нивните залихи, како и времените испораки.



SNEAK PEАK INTO COCACOLA’S ECOMMERCE VENTURE



Еден од гордите претставници на успешните македонски брендови беше Пивара Скопје АД и нивната претставничка Милкица Геринска, Ecommerce Manager. Пивара Скопје со своите традиционални вредности успешно се адаптира и на промените во технологијата. Во пресрет на својот 100ти роденден, Пивара на конференцијата го промовираше отварањето на својата прва е-продавница.



E-COMMERCE: EPISODE 2 – A NEW BEGINNING



За безбедноста и иновативноста во е-плаќањето, зборуваше Gabriel Ghita, VP Business Development for CEE во Mastercard, Романија. Тој најнапред не потсети на историјата на еcommerce, со почетоците на Mastercard во 40тите години во Америка, првото онлајн купување, до 1994 со почетоците на Amazon нивниот trademark Buy now with 1-Click, 2001 со PayPal и Ebay, па до 2006 и првиот iPhone кој ја промени истријата на онлајн купувањето.



Протоколите и сигурносните механизми се целосно надградени и променети од овие почетоци, па така сега имаме современи механизми за автентикација на корисници и заштита на нивните податоци.





PANEL SESSION #1: THE TRIANGLE OF TRUST, TECHNOLOGY & REGULATION!



Следната панел дискусија ја продолжи дебатата за регулација и заштите на податоци, но разговорот беше насочен конкретно за македонскиот пазар. Зборуваа: Дамјан Дано, Digital Transformation Specialist and Partner вп IWM Network, Игор Кузевски. Deputy Director во Personal Data Protection Agency на Македонија, Киро Чадоковски, Manager of Cards and Current Accounts Department во Комерцијална банка АД Скопје и Vanya Manova, Country Manager за Бугарија, Македонија и Албанија во Mastercard.



BRINGING NEW E-COMMERCE PAYMENT EXPERIENCE



Следно обраќање имаше Orhan Gazibegovic, Unit Manager / Business Development Manager for BiH, MNE од Monri Payments. Тој ја претстави оваа дигитална алатка како сигурно и брзо решение за секој тип на ecommerce business page, одобрена и користена во нашиот регион.



SOCIAL-E COMMERCE DEVELOPMENTS – LIVE STREAMING, BLIND BOXES, VIRTUAL BOTS: LESSONS FROM CHINA



Возбудливо обраќање имаше и Sharon Gai, Director of Global Key Accounts од  Alibaba Group, Кина. Таа не однесе на другата страна на светот со фасцинантните бројки и успеси кои е-трговијата ги има во азискиот регион.





Интересно беше што нејзиното обраќање се случи само еден ден по најголемиот датум за е-трговците во Азија – Singles Day 11/11.





Alibaba Group низ бројки:









Најактуелниот канал за продажба во Кина моментално e Livestreaming-от, а пандемијата само ја зголеми неговата актуелност. На делот од презентацијата подолу е инфлуенсерката Viya, која моментално е најуспешниот livestreamer во Кина.







За време на карантините и lockdown-от, во Кина брендовите ја свртеле својата стратегија применувајќи livestream од своите физички продавници, давајќи им на своите купувачи чувство дека барем виртуелно се таму.





За следниве бизнис индустрии се предвидува најголем раст и потенцијал во Кина:





PANEL SESSION #2: THE WHY, WHAT & HOW OF HAVING MORE WOMEN INCLUDED



На вториот панел земаа учество четири успешни жени на водечки позиции. Дискусијата имаше за цел да ги поттикне жените на кариерен раст и развој. Зборуваа: Милица Весович Денковска, Digital Executive во Philip Morris International, Марија Томеска, President of the Management Board (CEO) at Eurolink Insurance, Member of GRAWE Group, Нина Ангеловска, Претседател на Македонската Асоцијација за Е-трговија и Филомена Пиљаковска Аспровска, CEO, President of the Management Board во CaSys / Амбасадор за македонија во EWPN.



THE POWER OF MESSAGING APPS: HOW TO ENGAGE CUSTOMERS AND ACHIEVE DIGITAL MARKETING SUCCESS



Апликациите за комуникацијa се едни од најкористените во нашиот регион, според анализите од почетокот на конференцијата. Konstantin Kostadinov, Head of Sales, CEE во Viber (Rakuten), во своето обраќање преку бројки ни го покажа истото, ставајќи акцент на застапеноста на Viber на македонскиот пазар:







После 2020, најголемиот дел од корисниците се насочиле кон мобилна е-трговија:





Но, освен уредите со промена на технологиите се менува и начинот на кој што тие комуницираат со брендовите:





PANEL SESSION #3 – REGIONAL MARKETPLACES MARKETING LESSONS: WHAT WORKS AND WHAT DOESN’T?



На третиот и последен панел најпрво зборуваше проектниот менаџер за секторот на е-трговија во проектот на отворен регионален фонд за надворешна трговија Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) Ilir Rexha, а потоа дискусијата беше продолжена од: Tamara Stancev, Директор за бренд комуникации и ТВ уредник во shoppster.com , Србија и Словенија, Valer Pinderi, Founder & CEO на aladini.al, Albania, Dragana Gjokikj, Sales Director во grouper.mk, и Jasmin Marić, Business Development Manager во оlx.ba, Bosnia and Herzegovina. 



Модератор на овој панел беше Дарјан Раденковиќ, Директор за бизнис развој на Види Вака. Овие говорници ги споделија своите искуства и совети од нивните ecommerce бизниси, дигиталните алатки кои ги користат, но и како добиле финансирање за развој на своите идеи.



HOW COGNITIVE TECHNOLOGY IS CHANGING CUSTOMER CARE – THE PERFECT COMBINATION FOR SATISFIED CUSTOMERS



Квалитетна гружа за корисници во комбинација со технологија. Вака на кратко би можела да се доволи идејата на А1 и нивниот Chatbot Славчо. За идејата позади Славчо, процесот за имплементација на AI текстуален помошник и потешкотиите со кои се соочиле како тим, ни зборуваше Борче Ѓорѓиевски,Head of Customer Contact Center во A1 Македонија. Запознајте во Славчо тука.



DIGITAL STRATEGY THAT WORKS LIKE A SWISS WATCH



За важноста на добро осмислената стратегија во дигиталниот маркетинг, зборуваше Војдан Карапетковски, CEO на Kara5. Во своето излагање тој ни сподели Case Study за клиенти од Швајцарскиот пазар, кои платформи ги имаат користено и со помош на кои механизми му имаат донесено ROI на клиентот кој првично имал замисла да го продаде својот бизнис, но со помош на квалитетниот долгорочно осмислен маркетинг дошол до нови клиенти и сега го проширува своето производство.



ENTERPRISE INNOVATION USING ‘DESIGN THINKING’ AND ‘JOBS TO BE DONE’: LEARNINGS FROM TRAVEL APP DEVELOPMENT



Од Srdjan Prokic, Head of E-commerce во AirSerbia, дознавме повеќе за е-трговијата во авио индустријата и како AirSerbia имплементираат SMART решенија за подобро кориснично искуство. Нивната апликација можеш да ја видиш тука.



HOW ADVERTISING AT SPOTIFY CAN HELP WITH BUILDING BRAND AWARENESS



Последно излагање имаше Anna Górka, Spotify Partner Director во Httpool. Таа ги презентираше оргомните можности на Spotify во дигиталниот маркетинг, но и за брендингот на една компанија. Spotify генерално е позастапен кај помладата популација, но се користи на сите типови на уреди. Во Македонија оваа апликација за стримување на музика имаше голема експанзија во последната година.





ЗАКЛУЧОК



Е-трговијата во Македонија бележи најголем раст до сега! Без разлика на поттикот за брзите дигитални промени, треба да ни биде јасно на сите дека купувањето онлајн is here to stay. Равенката е многу едноставна: Колку побрзо ти и твојот бизнис почнете да размислувате дигитално – токлу пококурентни ќе бидете на пазарот.



Ако сакаш да почнеш да учиш дигитален маркетинг, не двоуми се. На вистинско место си! Galeksia и програмите на DMI се твој партнер во светот на дигитализацијата. Пријави се или контактирај нé за повеќе информации!



Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.

Запиши се и учи со нас!



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче