За да си студент на Galeksia не мора да имаш позадина или искуство во дигитален маркетинг. Денес се дружиме со Александар Погачник, советник за финансии кој одлучи да направи кариерна промена и да го надогради своето знаење.
Дознај како финансиите се надополнуваат со дигиталниот маркетинг, зошто Александар одлучи да се запише не Galeksia и каква корист има од светски признатата диплома со којашто се стекна. Продолжи да читаш!
1. Скијање на Пелистер или менторска сесија во сабота?
Секако менторска сесија. Скијањето ми беше број еден, меѓутоа предизвикот дигитален маркетинг во Galeksia го стави на второ место. Секогаш треба да избираме приоритети.
2. По природа си problem-solver, како учењето на нови алатки од светот на дигиталниот маркетинг ти помага во совладувањето на предизвиците?
Да, сум problem-solver. Новите алатки ми помагаат да стигнам до одредени резултати, кои ќе ги анализирам и врз основа на истите разработувам план за начинот на којшто ќе ги решам проблемите.
3. Работиш како советник за финансии во компанија за производство. Зошто се одлучи за дигитален маркетинг?
Се одлучив за дигитален маркетинг поради тоа што сакам да го надоградам знаењето и да направам промена на кариерен план. Мислам дека сум многу покомплетна личност кога ќе направам спој на финансии и дигитален маркетинг.
4. Која е причината поради која ја одбра Galeksia?
Во Македонија има многу курсеви и академии за дигитален маркетинг, па долго време разгледував која опција би била најдобра за мене. Одлуката за Galeksia ја донесов со помош на дигитален маркетер кoj ми кажа: „Единствено позитивно искуство имам со студентите кои ни доаѓаат од Galeksia“.
5. Во кој модул најмногу се пронајде?
Најмногу се пронајдов во Paid Search.
6. Потежок модул: SEO или Google Analytics. Зошто?
Потежок модул ми е Google Analytics. Потежок е поради тоа што се состои од голем број на разни податоци и анализи кои доаѓаат од разни платформи и се собираат во текот на кампањите. Обемноста и деталноста го прави потежок за работа, но и попредизвикувачки.
7. Една вештина што ја усоврши со програмата?
Ја усовршив вештината за подобро планирање и организирање на моите обврски.
8. Како моментално го применуваш дигиталниот маркетинг?
Моментално на професионален план не го користам дигиталниот маркетинг. Сè уште се надоградувам и читам книги на платформата на Digital Marketing Institute која ни е достапна со започнувањето на програмата. Секако очекувам кариерна промена со работа во областа на дигиталниот маркетинг.
9. Се стекна со светски призната диплома. Од каква корист е тоа за тебе?
Мислам дека има голема корист оваа диплома за секој што сака да се занимава со дигитален маркетинг. Можам да кажам дека е пасош за дигитален маркетинг. Во тек сум на интервјуа и тестирања во компании за дигитален маркетинг, па добив информација дека сум во потесен круг за избор поради дипломата што ја поседувам.
10. Опиши го со една реченица искуството со Galeksia?
Учење од професионалци во областа на дигиталниот маркетинг, 100% посветеност и достапност 24/7 за нас студентите при постигнување на нашите цели.
10. Рецепт за успех во дигитален маркетинг?
Рецептот е посветеност, навремено исполнување на обврските, следење на новите трендови во дигиталниот маркетинг, следење на секојдневните промени на платформите и социјалните мрежи и нормално инвестиција во нови знаења.
10. Дали знаеш зошто маркетерите не скокаат на трамболина? Се плашат од висок bounce rate!
Не сум знаел дека тоа е причината, а не сум ни знаел дека не скокаат. Па и со право не скокаат. 🙂 И јас нема веќе да скокам на трамболина и јас се плашам од висок bounce rate. :))
Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.
Запиши се и учи со нас!