Добри стратегии за еCommerce

еCommerce, односно е-трговија претставува електронско извршување на трговија. 


Под овој термин се подразбира комуникација која го исклучува физичкиот контакт меѓу учесниците при купувањето, а влучува електронско средство. Најчесто, се подразбира дека овој вид на продажба вклучува трансакции кои се спроведуваат користејќи го интернетот, односно се вршат онлајн. 


Е-трговијата претставува електронско купување на продукти или сервиси кои треба да бидат доставени до купувачот. Без разлика дали доставувањето ќе биде извршено физички, кога станува збор за некој продукт, или програмата која што ја купуваме ќе ни биде достапна веднаш по трансакцијата, кога станува збор за дигитални услуги и софтвери.


eCommerce стратегиите се посебно важни и доколку имате компанија која што е на овој пазар, потребни ви се стратегии за да добиете нови клиенти и да ги задржите старите на вашата е-продавница.


Со неколку докажани стратегии и совети за еCommerce маркетинг, ние ќе ве научиме како да донесете сообраќај на вашата страница, да градите односи и доверба со клиентите и да ги вратите изгубените продажби. 

 

DMI programa vo Galeksia za digitalen marketing

Основни фактори за успех

Доколку вашата компанија постои на пазарот веќе некое време, треба повторно да размислите и да истражите што се случува во вашата индустрија. Што значи дека треба во секое време да знаете кои се трендовите, иновациите и новите технологии што ќе влијаат на начинот на кој работите.


Глобалната продажба преку е-трговија ќе се зголеми на околу 6.5 трилиони долари до 2022 година, што значи дека се очекува зголемување од над 250%. Доколку сакате вашата компанија да биде дел од тој раст раст, клучно е да знаете што доаѓа следно и правилно да го оптимизирате вашиот бизнис.


Некои од основните фактори кои се клучни за успех во електронската трговија го вклучуваат оптимизирањето на вашата веб страна. Мора да се осигурате дека вашата онлајн продавница е:

 

  • Видлива од секој вид на уред и е приспособена за компјутер, лаптоп, таблет, телефон, соодветно;
  • Има читлив и јасен дизајн кој што дава прецизни информации;
  • Производите кои што ги продавате се во точни категории и лесно може да бидат пребарувани од страна на купувачите, исто така нивниот опис е јасен, краток и разбирлив;
  • Процесот на наплата е лесен и добро оптимизиран;
  • Покажувате цена на достава (доколку доставата не е вклучена во цената).

 

Персонализиранa содржина

 

Кога податоците кои што ги оставаат вашите клиенти при користење на вашата платформа за е-трговија се управуваат добро и одговорно, можат да понудат насочени препораки и производи за кој вашиот клиент би бил заинтересиран.


Добрата употреба на податоци за цели на персонализација има значајно влијание врз задоволството на клиентите и врз зголемената продажба. И гинатите во еCommerce како што се еBay, Amazon, Ali Express ја применуваат оваа стратегија.


На пример, Netflix нуди препорачани филмови  според она што веќе го имаме гледано, AllieExpress исто така нуди препорачани продукти според она што сме го пребарувале или купиле итн.


Секако, треба да знаете дека сите информации кои луѓето ги оставаат на вашата платформа се под Општата регулатива за заштита на податоците. Со правиллно и етичко користење на овие податоци, персонализацијата останува клучна компонента за растот и успехот на бизнисите кои што се занимаваат со е-трговија.

 

Дефинирање на вашиот продажен циклус

 

Секој бизнис е уникатен, затоа секој бизнис треба да дефинира колку време изминува пред клиентот да изврши купување. Да знаете како клиентите се движат низ вашиот процес на продажба може да биде корисно за да можете да ги создадете најдобрите можни стратегии за дигитален маркетинг.


Доколку немате направено ниту една продажба од вашето рекламирање на Instagram, дали е паметно да продолжите да вложувате во промовирање на оваа платформа? Можеби вашите купувачи не користат Instagram, па добро би било да ги насочите средствата на некоја друга платформа. 


Доколку добро го знаете продажниот циклус и патот на вашиот таргетиран купувач, лесно ќе можете да се одлучите на кои платформи треба да се рекламирате и кога ќе треба поагресивен пристап на праќање е-пошта или зголемено рекламирање. 

 

Трговија преку повеќе канали

 

Вашиот купувач неколку пати треба да ја види вашата компанија, додека трае некоговото купувачко патување, пред да се одлучи да направи трансакција. Тоа значи дека вашиот производ мора да биде насекаде каде што вашите потенцијални клиенти би добивале информации за производите кои ги нудите.


Можеби се чини дека спроведувањето и управувањето со мноштво продажни канали ќе претставува голем потфат што бара многу време и ресурси, а да не зборуваме за главоболката при управување со залихите. 


Некои платформски решенија можат да обезбедат вид на инфраструктура потребна за мулти-канална и омни-канална малопродажба. Ваквиот мулти-канален софтвер треба да гарантира постојаност во сите платформи, да консолидира податоци од сите канали, да стигне до клиентите на секој можен допир и да помогне во управувањето со залихите.


Така што, зависно од тоа што продавате и која е вашата таргетирана публика, добро би било да истражите повеќе платформи на кои што би можеле да пласирате некои од вашите производи, покрај вашата е-продавница. 

 

Ремаркетинг

 

Голем број од корисниците, нема да купат при првата посета на вашата е-продавница. Ако сакате да ги фатите тие продажби, ќе треба да го активирате дигиталниот маркетинг.


Постојат неколку начини на кои можете да ги пренасочите клиентите, така што тие ќе се вратат на вашата страница за да го купат вашиот производ. Еден од најпопуларните начини е да извршите рекламирање на други веб-страници, ова се т.н. Google Display реклами.


Кога клиентот доаѓа на вашата страница и заминува без купување, можете да користите други страници што ги посетува за да ги покажете вашите производи. Овој начин на ретаргетирање на клиенти се нарекува ремаркетинг. 


Доколку вашите клиенти стават нешто во кошничката, но не го купат, можете да ги потсетите со праќање на е-пошта. Овие начини на ретаргетирање ќе го зголемат сообраќајот на вашата страница што може да ви донесе поголема продажба.

 

Бесплатна содржина или попуст

 

Доколку понудите нешто што вашите клиенти или потенцијални клиенти можат бесплатно да го добијат, или пак понудите дополнителен попуст можете да донесете повеќе посетеност на вашата платформа и да го зголемите бројот на луѓе кои што ќе ја остават својата е-пошта за наредни промоции.


Треба да земете во предвид дека она што го креирате треба да и биде од корист на вашата таргетирана публика.


Кога станува збор за креирање на содржина, е-продавниците најчесто креираат водичи за подароци околу празниците. На пример, водич за купување на подарок за вашиот партнер би била добра содржина пред 14ти фебруари, кога е денот на вљубените. 


Сезоната на празници е многу профитабилна за сите е-продавници, со креирање на нешто со што ќе се издвоите од другите и ќе понудите дополнителна вредност на вашите купувачи, ќе бидете чекор напред од вашата конкуренција. 


Не мора да чекате да дојде некој празник за да предложите идеи за подароци. Ова може да го правите во текот на целата година. Ваков пример се идеите за подароци до 1000 денари, идеи за подароци за луѓето кои имаат миленици итн. Треба само да сте креативни и да ги водите вашите посетители да купуваат од вашиот бизнис.

Заклучок

Кога размислувате за иднината на вашиот еCommerce бизнис, треба да имате правилно планирање, одлична содржина, оптимизирање и добри стратегии за рекламирање за да доживеете значителен раст. 


Научете ги алатките и технологиите потребни за совладување на овие предизвици со посетување на некоја од програмите на Galeksia и станете професионалец во полето на дигитален маркетинг. 

 

Уписите се во тек! Искористи ја оваа прилика и стани дел од глобалното семејство на DMI програмата.

 

Пријави се уште денес!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче