Дигиталната трансформација е неминовен процес

Тања Павловска е студент на DMI програмата, која работи во маркетинг секторот во Винком. Се запиша со цел да се доедуцира во сферата на дигиталниот маркетинг за да ѝ овозможи на компанијата да биде во чекор со дигитализацијата на глобално ниво.

 

Преминот од традиционален во дигитален маркетинг е неминовен и за многумина претставува предизвик. За среќа DMI програмата е креирана според сите актуелни, глобални трендови и е прилагодена за дигитална трансформација на компании од секоја индустрија. По завршувањето, со стекнатото знаење Тања дигитално ќе ја трансформира компанијата и услугите, со што ќе се зголеми бројот на нови клиенти, профитот и ќе бидат чекор пред конкуренцијата!

 

Во ова интервју ќе прочиташ повеќе за Тања и за нејзиниот професионален пат, како и за нејзините погледи и размислувања за дигиталната трансформација на бизнисите – промената од традиционален во дигитален маркетинг.

 

Имавме навистина продуктивен разговор, прочитај го целосно во продолжение!

 

Запиши се!

 

1. Здраво Тања! Ти си дел од септемвриската група на програмата и една од најпосветените и амбициозни студенти од самиот почеток! За подобро да те запознаат нашите читатели раскажи ни нешто повеќе за себе!

 

Тања Павловска никогаш порано не размислувала да се надоградува за маркетинг :), а најмалку за дигитален маркетинг (покрај природните науки ме интересира психологијата кај луѓето,за што сериозно размислувам кога и како…). Но, како што се менуваат времињата,за да опстоиме и се носиме со времето се менуваме и ние луѓето. Доаѓам од компанија која отсекогаш тежнеела да биде традиционална и да ја користи door to door продажбата. Но, и покрај упорноста да се држиме до традицијата, дигитализацијата тоа го сруши.

 

2. Работиш во маркетинг секторот во Винком, компанија која вложи во твојата професионална доедукација со цел да се стекнеш со релевенатни дигитални вештини. Па кажи ни, како го применуваш стекнатото знаење од Galeksia во секојдневните работни задачи?

 

Да, благодарение на сопственикот на фирмата после долги разговори на заемно задоволство одлучивме фирмата да инвестира во мојата доедукација. Во не толку далечната 2005 год. во фирмата почнав со телемаркетинг, но со текот на времето како што се менуваа моите улоги во животот ׃) се менуваше и мојата позиција на работа. Но, главно остана маркетингот, за да денес веќе сум на прагот да се стекнам со DMI сертификат.

 

3. На програмата покажа значителен интерес на предавањата. Кој модул најмногу ти го задржа вниманието? Што ќе издвоиш како highlight од часовите?

 

Се надевам нема да ми замерат менторите чиишто модули нема да ги споменам… E-mail marketing, Social Media marketing, Website Optimization кој го следиме во моментов, за мене се најинтересни бидејки тоа е она што ми треба во моментов. Тоа не значи дека другите ,како на пример SEO модулот, за којшто и пред да почнеме да разговараме за моја доедукација ме интересираше како тоа некои имиња, фирми и сл. се во првите 10 на Google?? Итн, итн…

 

4. Колку сметаш дека сертифицираното знаење од DMI програмата ти помогна да напреднеш во кариерата и да придонесеш во развојот на компанијата?

 

Да напреднам на некоја поголема позиција од оваа на која што сум моментaлно во оваа фирма (од која не планирам да си одам доколку на фирмата сеуште сум ѝ потребна и корисна ;)) мислам НЕ, но да допринесам во развојот на досегашното 30-годишно постоење на компанијата мислам ДА, бидејки оваа дигитална трансформација комплетно го промени светот, а не го заобиколи и нашиот бизнис.

 

5. Во време на забрзана дигитална ера, секоја компанија има простор за дополнително развивање во маркетинг секторот. Нè радува што Винком го препозна квалитетот што го овозможува нашата програма за обука на своите вработени во сферата на дигиталниот маркетинг. Кои се твоите размислувања за потребата од дигитална трансформација на бизнисите и континуирана едукација на вработените?

 

Дигитализацијата е сегашност според мене, а не иднината како што слушаме. Дигитализацијата со COVID кризата навлезе секаде, каде повеќе каде помалку и затоа е потребно бизнисите без доза на резерва да размислуваат за континуирана едукација на вработените доколку сакаат со нив да одат низ дигиталната трансформација на постоечкиот бизнис.

 

6. Континуирано работиш на себе и се надоградуваш како на професионален, така и на личен план. Како успеваш во тоа, што те мотивира и инспирира?

 

Како мајка на две малолетни деца на претшколска возраст, како сопруга на партнер со интернацонална кариера зад себе, како деловна жена и домаќинка пред сè, без никаква помош од страна освен од сопругот, сè уште добро се држам и успевам да одговорам во сите сфери. Како?? Секогаш сум спремна за нови предизвици :). Само добра организација на време и желба. Сè се може ако се сака и Лесно е да не биде,тешко е да биде– девиза која ме прати низ животот.

 

7. Каков совет би им далa на сите кои сакаат да си го надоградат своето знаење во оваа сфера и да се запишат на програмата за дигитален маркетинг?

 

Во мое време се изучуваше српско – хрватски јазик во основно училиште и Јован Јовановиќ Змај кажал Знаењето е сила, знаењето е моќ, учете деца и ден и ноќ. Татко ми на мене и моите две сестри секогаш тоа ни го велеше. Истото ќе го кажам и јас. Убаво е сè да се знае иако тоа практично е невозможно. Вложувајте во себе – тоа ќе се врати!

 

Одлична шанса да бидеш во чекор со светските трендови за да го развиеш својот бизнис и да бидеш ahead  пред конкуренцијата. Нашата програма е креирана да ти помогне во процесот на адаптација и реализација на твоите професионални цели. Сертифицираните обуки ќе ти помогнат да создадеш професионални маркетери од твојот веќе постоечки тим. Стани лидер во индустријата и контактирај нè уште денес!

 

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.

Запиши се и учи со нас!

 

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче