Првиот Digital Maketing Talks вебинар на Galeksia

Вчера (16.02.2021) се одржа првиот вебинар од Digital Marketing Talks на Galeksia, на тема „Разликите во дигиталните маркетинг активности на компаниите кај нас и во странство“.


Вебинарот беше во форма на fireside chat на кој им беше дадено директно учество како на говорниците така и на дел од учесниците.


Теодора Филовска беше модератор на вебинарот, таа е сопственик на дигиталната маркетинг агенција Vrootok, консултант, ментор и говорник за маркетинг и бизнис раст, и основач на Galeksia.


“На муабет” и се приклучија Верче Карафилоска, Никола Соколов и Анита Кирковска.


Имавме можност да ги слушнеме говорниците како одговараат на многу прашања со кои често се среќаваме како дигитални маркетери. Ваквата интеракција отвори различни дискусии кои беа супер-продуктивни за присутните.


Беше интересно да се слушнат некои од “тајните состојки” за успех на тројцата говорници кои имаат со што да се пофалат кога станува збор за достигнувања во она што го работат.


Низ целокупниот разговор уживаа над 100 присутни до самиот крај, што значи дека вниманието беше успешно задржано. 🙂
Атмосферата низ текот на целиот вебинар беше позитивна, а секоја минута од вебинарот носи по некоја extra value.


Говорниците на овој вебинар споделија голем дел од своето знаење и искуство, раскажаа неколку лични случки со кои се сретнале на патот до успехот и скромно разговараа за своите успеси, мотивирајќи ги сите присутни максимално да ги искористат информациите кои им се достапни.


Верче Карафилоска е продукт маркетер и Copywriting/Messaging консултант со повеќегодишно искуство како соработник на B2B, SaaS и eCommerce компании во странство. Исто така, таа е и ментор за модулот Content Marketing на Galeksia.


Верче има superpowers со чија помош успева да претвори lead-ови во клиенти. Ова не е никаква шега, слободно видете какви совети пишува на LinkedIn, се кладам дека ќе ви се од корист!


На вебинарот таа сподели неколку техники и совети и успеа да направи паралела на она што се случува кај нас, со нејзниото стекнато искуство од работата со странски клиенти.


Никола Соколов е ко-сопственик и CEO на Influencers Club, компанија која врши email scraping на Инстаграм, така што обезбедува, филтрира, и валидира податоци само од луѓе што одговараат на дадена идеална целна публика. На тој начин, се испорачуваат потребните информации кои ќе бидат наменети за маркетинг и продажба.


Никола сподели повеќе интересни случки поврзани со неговото Growth Marketing искуство.
Претходно бил оновач на Buzz App која достигнала над 200 000 корисници, а креативниот дел кој му помогнал во тоа можеш да го слушнеш на снимката од вебинарот.


Никола исто така бил дел од Growth тимот на Intermix и Instana, компнии кои се веќе успешно продадени, што реално е за WOW, така што не е лошо да си фатите и по некоја белешка и да ги следите неговите совети.


Анита Кирковска е еден од ко-основачите на Ampstor, апликација за визуелно градење на веб-страни во вид на Instagram Story, без кодирање. Исто така, таа е Growth маркетер и инженер во Intersect Labs и работи во Флорида.


Ако го слушнеш вебинарот, ќе видиш дека Анита дефинитивно ќе ти остави неверојатен впечаток. Има работено и волонтирано на повеќе проекти како NASA Space Apps Hackathon, Space Apps project co-lead since 2015, Woman Techmakers Ambassador for Europe and USA, Google Developers – Co-Lead for Florida and Skopje, Macedonia.


Нејзиниот background зачудува, но и ни дава слика дека успехот ги следи оние кои никогаш не престануваат да се надоградуваат себе си.


Ако се пронајде во овој опис и сакаш да го надополниш твоето знаење, симни си брошура за програмата која ја имаме на Galeksia, фати ги наредните уписи и спреми се “да згазиш” како дигитален маркетер.


Во текот на разговорот со Верче, Анита и Никола, се приклучи и Горјан Јовановски, основачот на апликацијата AirCare кој сподели дел од неговото искуство. Вклучи ја снимката од вебинарот и не пропуштај да слушнеш што сè споделија овие говорници.


Дополнително се споделија многу корисни алатки, подкасти, бизнис-инфлуенсери и веб-страни кои што би му користеле на секој кој што се занимава со дигитален маркетинг.


Целата листа можеш да ја најдеш на нашата Facebook група, Digital Marketing Talks. Тука ќе споделуваме корисни ресурси, чија цел ќе биде сите заедно да растеме и да си помагаме. На тој начин, секој кој што е вклучен во дигиталниот свет, заинтересиран да стане дигитален маркетер, ќе може да прочита корисни нешта и дополнително да се развива.


Ако не успеа да стигнеш на „муабетот“, можеш да го видиш на нашиот YouTube канал и те чекаме на следните Digital Marketing Talks.

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче