Денес разговаравме со Роберт Стојковски, агент за недвижности кој гради успешна кариера во Дубаи. Роберт се запиша на програмата со цел стекнатото знаење да го искористи за надоградување на професионален план. Програмата ја следеше преку индивидуални часови со постојана поддршка од нашиот тим и менторите и се стекна со титулата Certified Digital Marketing Professional.
Успеа да се стекне со релевантни вештини кои веќе ги применува во секојдневната работа. Со помош на keyword research и оптимизација си го подобрува ranking-от на листинзите за недвижности да се искачат на првата страница од пребарувањето.
Во интервјуто ни откри повеќе за животот во Дубаи и одличните можности кои ги нуди, како и за неговото искуство на програмата. Прочитај повеќе!
1. Hello Роберт! Ти си студент од нашата програма и веќе официјално Digital Marketing Specialist со сертифицирана диплома од DMI! Раскажи ни го на кратко твоето професионално journey!
Здраво! Пред сè, фала на поканата за интервју.
За програмата на DMI дознав случајно преку моја блиска пријателка која веќе беше почната со програмата. Во кратки црти ми објасни за што станува збор и после некое време истражување сфатив дека in fact Digital Marketing е сегашноста и иднината за еден успешен бизнис.
2. Веќе подолго време живееш во Дубаи и успешно ја градиш својата кариера како агент за недвижности во One Broker Group. Што ќе ни откриеш за животот таму? Колку се разликува од животниот стил во Македонија?
Да, моментално работам како агент за недвижности, навистина одлична кариера, многу се пронајдов себеси, но истовремено многу е тешка. But that won’t stop me becuase I love it! 🙂
Животот во Дубаи има голема разлика со Македонија и Скопје, пред сè по големина, скоро 4 милиони жители кои живеат и работат и 15-20 милиони туристи годишно. За да се успее во Дубаи е навистина тешко и напорно, има многу mind games, конкуренцијата е огромна, има луѓе буквално од цел свет. Треба многу голема упорност, самодоверба и никогаш да не се откажеш за да се успее каде било, I would say.
Овде има многу големи шанси за успех, без разлика на професијата, унапредувањето и успехот зависи од тебе, колку ти ќе вложиш во трудот и колку си гладен да успееш.
3. Веќе имаш претходно искуство во дигиталниот маркетинг, со фокус на Social Media. Се запиша на програмата со цел да си ги доусовршиш дигиталните вештини и знаење. Колку си задоволен од целокупното искуство на програмата? Дали си ги исполни зацртаните цели?
Целокупната програма беше одлична, навистина се пронајдов, многу ми помогнавте и дури малку добив од ваша страна push кога закочив со материјалот. Навистина е многу важно да се идентификува кога на студентот му треба помош. Зацртаните цели во врска со DMI си ги исполнив и сум презадоволен!
4. Дали веќе го применуваш стекантото знаење и дигиталните вештини во секојдневната работа и колку ти помогнаа поуспешно да си ги извршуваш работните активности?
Да, веќе го користам стекнатото знаење секој ден, бидејќи во областа на недвижности користиме веб-страници каде листираме објекти за продавање и секако има ranking на тие веб-страници. Благодарение на DMI користам keywords, претходно правам research во врска со недвижностите и ги користам истите за моите листинзи да бидат на првата страница, дури и на врвот.
5. На програмата имаше шанса да учиш од 10 модули, од Social Media, Email marketing па сè до SEO и анализа на дигитални податоци. Кој модул и ментор ти оставија најголем впечаток? Што би издвоил ти како highlight од индивидуалните предавања?
Најголем впечаток ми оставија Google Ads и Google Analytics – одлични алатки што буквално таргетираат audiences за реклами, исто така даваат insights колку време и каде кликнале постоечките корисници на веќе постоечки веб-страници кои се менаџираат со тие алатки. Сето тоа ми беше mind blowing, бидејќи сè може да се следи и на тој начин да се открие каде точно заглавуваат корисниците и каде треба да се подобри или да се измени одреден сегмент за да се достигне целта.
6. Зошто се одлучи за индивидуални часови и колку си задоволен од севкупното искуство од предавањата? Како се одвиваше комуникацијата со менторите, дали имаше потешкотии при изучување на материјалот и како ги надмина?
Се одлучив за индивидуални часови бидејќи почнав малку подоцна и го пропуштив терминот за групата. Но, исто така ми одговараше бидејќи работев како Cabin Crew каде што имав специфичен распоред во смени и секако бевте многу флексибилни неколку дена однапред за часовите, што многу ми значеше.
Немав некои потешкотии, мене англискиот ми е како мајчин јазик, па се вклопив веднаш. Но, секако тоа беше нешто ново за мене, па ми беше требаше малку повеќе време да го меморирам и почесто да го повторам и секако повеќе да го практикувам.
7. Динамичноста на работното место и ангажманите верувам дека ти одземаат голем дел од времето. Во остатокот од денот, како го поминуваш слободното време? Дали ги користиш максимално удобностите на животот во Дубаи? 🙂
Искрено секој слободен ден во Дубаи е како на одмор, на море или базен со коктел. 365 дена во годината има сонце и безброј настани за сечиј вкус.
8. Какви можности нуди неформалното образование во областа на дигиталниот маркетинг во Дубаи? Зошто ја избра баш Galeksia за доедукација?
Во врска со изучување на дигиталниот маркетинг во Дубаи искрено не би препорачал, бидејќи повеќето компании селектираат кандидати од многу посиромашни држави и ги плаќаат помалку, но според некое истражување кое го направив, дигиталниот маркетинг е многу повеќе платен во ЕУ и Америка и навистина се цени оваа професија и шансата за успех.
9. Каков совет би им дал на сите маркетинг ентузијасти кои сакаат професионално да се надоградат и да изучуваат дигитален маркетинг?
Дигиталниот маркетинг е одлична професија, отвора врати низ цел свет, буквално секој можен бизнис денес користи дигитален маркетинг. Многу важен дел од развојот на секој бизнис, бидејќи без него е многу потешко да се успее. Сите ние интернет корисници користиме Google, а Google е одличен tool за секој бизнис да се стави онлајн, со што им се овозможува на корисниците полесно да стапат во контакт со она што го бараат.
Програмата за дигитален маркетинг во Galeksia ти овозможува безброј можности за професионален развој, без разлика на твојата професија и локација. Акредитирана е од Digital Marketing Institute и е прилагодена за секое ниво на познавање во областа на дигиталнот маркетинг. Февруарските уписи за DMI програмата се во тек. Пријави се уште денес!
Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.
Запиши се и учи со нас!