Зошто Авалон продукција стана Learning Partner на Galeksia?

Авалон е бренд на кој не му треба некоја посебна најава. Низ годините успевале секогаш да останат на врвот и тоа благодарејќи на една многу „ лесна“ формула за успех, инвестирање во квалитет + следење на трендовите + посветеност. Токму поради овие причини, дигиталниот маркетинг е дел од секоја нивна стратегија и ги препознаваат бенефитите кои ги нуди. За нивната компанија тој секогаш претставувал одлична можност да допрат до нова уште поголема публика.

Оваа компанија како наш Learning Partner, ги отвори своите дигитални врати и за студентите на Galeksia. Преку реални проекти и соработка со нивниот тим со долгогодишно искуство, водени од менторите тие ќе добијат шанса да покажат што научиле.

Повеќе за приказната на маркетингот и Авалон, но и за тоа што треба да поседува еден дигитален маркетер за да работи во концертната индустрија, прочитај во интервјуто кое следи!




1. Авалон продукција постои повеќе од 25 години и како компанија е една од најпрепознатливите во нашата земја. Кои се најголемите предизвици со кои сте се соочиле изминативе години, а кои се должат на целокупните промени во дигиталниот свет?

Ви благодариме за убавата најава. Искуството, макотрпната работа на нашиот тим и лојалноста што ја создадовме со нашите клиенти, не направи она што сме- лидери во концертната индустрија не само во Македонија, туку и една од најголемите промотерски компании на Балканот.

Се разбира дека за секој нов настан маркетинг тимот во Авалон задолжително прави уникатна маркетинг кампања, иако сето тоа зависи од настанот и колку публика сакаме да имаме на истиот.

Застапени сме речиси секаде и ги користиме речиси сите можни алатки за промоција и реклама за нашите концертни настани, а тоа се подразбира рекламирање со традиционален и дигитален маркетинг.

Кога зборуваме за традиционалниот тип на брендинг, мислиме на тоа што е можно повеќе да се доближиме до нашите потенцијални клиенти. Телевизиска и радиска реклама се неизбежни, употребуваме поп-ап-и, користиме брендинг на ударни локации низ главниот град и во повеќе градови низ Македонија со плакати, платна, бреднинг на автобуси, брендинг во трговски центри, што повеќе продажни места итн, се со цел настанот да допре што повеќе до сите.


Покрај официјалните најави на нашата веб страница www.avalon.mk, застапени сме со брендинг и на повеќе веб портали и веб агрегати, а користиме банери и гифови коишто потенцијалните клиенти со самото кликање на содржината ги носи директно на нашата веб страница.


Се разбира дека тука неизбежни и исклучително важни се социјалните мрежи и таму преку нашите канали сме прилично активни со различни содржини за промоција на нашите настани. Најчесто ги користиме Фејсбук и Инстаграм платформите бидејќи нашата база опфаќа поширок спектар на генерации (од 15 – 75 години) и најмногу е активна на овие две платформи. Авалон Продукција на Фејсбук моментално има над 64 илјади следачи, додека на Инстаграм има 14.600 следачи. Не ги занемаруваме и профилите на нашите фестивали Skopje Calling и Ohrid Calling кои супер котираат.

Денес, технологијата е толку многу напредна и овозможува буквално се, се разбира, доколку мудро и паметно се користи.


2. Кои според Вас се најголемите бенефити кои придонесоа да бидете Learning Partner на Galeksia и поради кои се одлучивте за соработка?


Во денешно време не е доволно да имате само добар бизнис и бренд, туку треба да имате и знаење како тие да се промовираат и да се најде функционален метод кој е клучен за да допрете до целната публика, во овој случај преку дигиталните алатки.

Авалон Продукција отсекогаш била отворена за соработка со компании од кои двете страни би имале голем и ефективен бенефит. Многу ни е драго што ќе соработуваме со Galeksia, која активно ги следи светските трендови во светот на дигиталниот маркетинг, има тим кој е составен од врвни професионалци и сето нивно знаење им го сервира на студентите за да се стекнат со светски признат сертификат.

3. Како очекувате соработката со Galeksia да влијае на дигиталната стратегија за Вашите проекти?


Уште од првиот состанок со тимот на Galeksia кога ја договаравме соработката, имавме позитивни вибрации. Но оставаме делата да покажат. 🙂

4. Како соработката со Galeksia и студентите од програмата Professional Diploma in Digital Marketing ги задоволува специфичните потреби на вашиот тим?


Специфично кај нас е тоа што ние како тим сме перфекционисти во се што работиме: дали е ПР активност, дизајн на постер, креирање на tvc & radio, содржини на социјални мрежи итн.. секогаш сакаме да го извлечеме максимумот од секој сегмент, а целта е да постигнеме што поголем ефект кај потенцијалните клиенти, но и кај постоечките.

Такви ни се и очекувањата од студентите на Galeksia, целото нивно знаење со помош на менторите да го применат во маркетинг кампањата за претстојниот наш проект. Очекуваме од нив подготвеност, креативност и екследитивност и добредојдена е секоја нивна идеја.

5. Голем број на концерти, настани, фестивали ја ставија нашата земја на светската мапа токму поради Авалон Продукција. Како студентите кои би ја завршиле Professional Diploma in Digital Marketing програмата можат да придонесат со нивната работа и стекнатото искуство на една ваква компанија како што е Авалон?


Концертната индустрија е многу интересна и возбудлива бранша, полна со адреналин, си бара големо искуство, посветеност, амбициозност, креативност, работа под притисок и експедитивност. Но и пожртвуваност. Доколку било кој иден дигитален маркетер нема проблем со ова погоре, тогаш го чекаме да ни се приклучи во тимот, се разбира откако ќе го добие DMI сертификатот! 🙂


6. Кои би можеле да бидат едни од главните ресурси кои можат да ги креираат студентите, а кои ќе ви помогнат и во иднина да креирате релевантна, привлечна содржина и кампањи соодветно со различните проекти?


Секој маркетинг план започнува со некаква приказна. Во зависност од тоа колку приказната е добра, релевантна и убедлива, ќе зависи и успехот на било која маркетинг кампања и нејзина реализација. Во секој бизнис секогаш треба да се гледа на „големата слика“, да се привлече целната публика, да се зголеми продажбата и бизнисот да биде постојано одржлив и успешен.

За тоа потребно е фокусот да се стави на активностите кои треба паметно да бидат испланирани. Се надеваме дека на студентите кога ќе влезат барем на кратко во светот на Авалон со претстојниот проект на кој што ќе работиме, ќе им биде многу возбудливо.

7. Кoи се според Вас предностите од ваквиот тип на соработки, каде најуспешните професионални компании од државава имаат можност да соработуваат со идни дигитални маркетери со светски признат сертификат? 


Голем дел од компаниите во Македонија многу малку или делумно ги користат алатките што ги овозможува дигиталниот свет, некои пак, не се ни трудат да одат напред, туку тапкаат во место, што е лошо за бизнисот.

Дигиталните маркетери денес можат само да помогнат во креирањето на една успешна бизнис приказна, никако да одмогнат. Знаењето и можноста преку ресурсите и алатките што ги нуди дигиталниот свет, постојаната примена на нешто ново и уникатно во бизнисот, може да резултура само поголем успех во зацртаните бизнис цели.

Грабањето нови можности, постојаното одење напред и следење на светските трендови не само што ќе ве направат подобри во тоа што го работите, туку ќе ја потврдат вашата позиција на успешна и растечка компанија. Затоа сите бизнис лидери на успешни компании постојано вложуваат во своите вработени за континуиран раст и надградба на нивното знаење што потоа ќе го искористат за реална цел и секако, профит во компанијата.

Учи од најдобрите!

Запиши се на Galeksia и добиј можност да работиш на релни проекти кои ќе ти го збогатат CVто, но и стекнатото знаење. Уписите се во тек!


Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче