Алатките за Social Media и SEO ми ги зголемија продуктивноста и креативноста

Нашите две групи од првиот термин, веќе ја завршија првата половина од програмата за Certified Digital Marketing Professional. Меѓу нив имаме најразлични профили на студенти. 


Овој пат разговараме со Татјана, мајка со пасија за дигитален маркетинг. Таа по професија е сметководител, кој веќе две години е дел од тимот за дигитален маркетинг во компанијата во која што работи. 


Galeksia ѝ ја препорачале како „тоа што ти треба доколку сакаш да сe занимаваш професионално со Digital Marketing“, a за програмата ќе каже дека е добро осмислена, со посветени предавачите, достапни 24/7.


1. Накратко кажи ни нешто за себе, која е Татјана, која е нејзината пасија и со што се занимава?


Јас сум Татјана и имам 30 години. Работам во приватна трговска фирма ДБД Комерц од Куманово, повеќе од 7 години како сметководител и веќе 2 години сум дел од секторот за дигитален маркетинг.


По струка сум економист со пасија за дигитален маркетинг, а исто така ја сакам и уметноста.


2. Покрај професионалец, ти си и мајка. Како успеваш да ги балансираш приватниот живот, работата и учењето на програмата на Galeksia?


Да се организира времето со сè од горенаведеното не е едноставна работа, но со поддршката која ја добивам од семејството можам да се пофалам дека успевам да постигнам сè.


3. По професија си сметководител, но веќе имаш искуство во дигиталниот маркетинг во компанијата во која моментално работиш. Што те мотивираше да започнеш со промена на кариерата и учење и надградување на твоето знаење со нови дигитални вештини?


Шаблонската работа и комфор зоната што произлегува од неа никогаш не ми била предизвик, напротив ми ја нарушуваа креативноста, а исто така и волјата за понатамошен прогрес во мојата професионална кариера.


Сакам да истражувам за психологијата на луѓето, нивното однесување, а сето тоа е дел од маркетингот. Дигиталниот маркетинг нѝ дава вештини, а потоа на нас е да се играме со нив и да ја изразиме креативноста максимално. Токму тоа беше клучот и мотивот за промена на мојата понатамошна кариера.


4. Зошто одлучи да ја одбереш програмата за Certified Digital Marketing Professional на Galeksia од лепезата на програми кои се достапни во нашата земја? 


Galeksia ми ја препорача пријател кој има сопствена маркетинг агенција, мѝ потенцира: „Ова е тоа што ти треба доколку сакаш да сe занимаваш професионално со Digital Marketing“.


Секако, глобално признатиот сертификат со кој би се стекнала е од големо значење за мојата професионална ориентација во иднина.


5. Кој дел од модулите на програмата на Galeksia најмногу ти помогна во работата до сега?


Досегашните модули беа доста интересни и можам да кажам дека нивното имплементирање ми помогна доста во работата, а особено алатките кои ги научивме на Social Media и SEO предавањата ми дозволуваат да бидам ислклучително продуктивна и креативна.


6. Кој е твојот став за учењето он-лајн? Кои се главните предности на ваквиот тип на учење?


На почетокот бев голем скептик за online предавањата, но во презафатените часови тешко е да се пронајде време за да посетиме училница. Ова е многу добро осмислена програма, посветеноста на предавачите овозможува супер комуникација, едукативните содржини ви се достапни 24/7 и можете да ги повторувате, се додека не ја совладате содржината.


7. Кој дел од програмата ти е омилен? Што најмногу ти се допаѓа од твоето досегашно искуство со Galeksia?


Сите модули ги гледам како предизвик и не можам да издвојам сѐ уште омилен.


8. Каде ја гледаш твојата кариера во иднина? Кој е твојот професионален план по положувањето на сертификатот за Certified Digital Marketing Professional?


Со голем ентузијазам влегов на програмата и се радувам на можноста да ги искористам вештините што ги развив во текот на предавањата и да станам двигател на промени, а не само пасивен следач во дигиталениот маркетингот.


Од суштинска важност е да одвоиме време за разгледување на нашите цели и нашиот напредок кон негово остварување, така да за таа одлука ќе почекам.


9. Каков совет имаш за мајките кои треба да жонглираат со повеќе обврски и размислуваат дали да се запишат на Galeksia? 🙂


Нема потреба од многу размислување, доколку тоа е вистинското што го сакате ништо не е невозможно, можете да постигнете сè ако се трудите доволно.

 

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.

Запиши се и учи со нас!

 

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче