Маја е студент од септемвриската група на Galeksia, една од најскромните но истовремено и највредните и најамбициозните студенти во нашата академија. За тоа најдобро говори и фактот дека прва го положи финалниот испит и веќе извесно време во нејзината биографија стои и титулата Certified Digital Marketing Professional.
По професија е пијанист и вљубеник во класичната музика, па оттаму можеби и не претставува големо изненадување нејзиното високо ниво на креативност кое многу умешно знае да го искористи и во дигиталниот маркетинг.
Во која мера нејзината професија ѝ помага и во дигиталниот маркетинг, дали веќе го применува во пракса наученото од модулите предвидени во програмата на Digital Marketing Institute, и дали е подготвена да направи целосна кариерна трансформација. Прочитај подолу!
1.Здраво Маја! Ние те знаеме како една од најтрудољубивите и најамбициозните студенти од твојата група. Но, ајде сподели ти накратко нешто повеќе за тебе? Која е Маја? 🙂
Здраво Сања, ти благодарам на комплиментите, навистина ми значат од професионалец како тебе. Која е Маја? 🙂 Маја е пијанист по професија, со богато СV зад себе во областа на класичната музика. Желбата за постојан напредок и истражување на модерните технологии ме натера да почнам посериозно да истражувам околу дигиталниот маркетинг. Некако брзо се „убедив“ разгледувајќи ја вашата програма, која нудеше сеопфатни програми за секоја една област од дигиталниот маркетинг.
2.Без сомнение имаш интересен professional background, мора да признаеме. Како што напомена и самата, по професија си пијанистка, па оттука се наметнува прашањето од каде идејата воопшто за изучување дигитален маркетинг на програмата во Galeksia? Дали ќе направиш целосен career switch или сепак ќе им најдеш заедничка нишка на двете професии?
Првенствено почнав со помислата ова да ми биде freelance опција, но како што поминува времето и навлегувам во „проблематиките“, можеби и ќе почнам да размислувам за career switch, зошто да не. 🙂
3.Креативноста е неопходниот ,,x” фактор за успех во полето на дигиталниот маркетинг, мислам дека ќе се согласиш со ова. Дали сметаш деќа тоа е нешто што се учи или стекнува? Дали можеби и тебе како уметник, веќе ти е развиена оваа вештина?
Од секогаш ме привлекувале креативните уметности, имено затоа и мојата професионална определба е токму музиката. Во маркетингот се испреплетуваат можеби повеќе визуелните уметности, за кои исто имам слабост, па оттаму и мојот инстантен интерес во креативниот дел на оваа работа. Секако дека тоа е делот кој многу значи во целата стратегија на секој проект, па доколку човек го поседува тоа е од огромен плус за неговиот напредок.
4.Прва го положи финалниот испит кој следува по завршување на предавањата. Најпрво честитки, сега си и официјално Certified Digital Marketing Professional! Дали можеш да споделиш накратко какво е чувството да додадеш уште една титула во твојата биографија? Дали беа тешки овие неколку месеци во смисла на наоѓање баланс помеѓу сите обврски? И која е тајната, if we might ask.
Ти благодарам Сања, of course you might ask 🙂, но некако сѐ брзо се случи, и сеуште не сум свесна дека и всушност станав Certified Digital Marketing Professional. Искуството… Секако, како и за сѐ друго така и за ова – без влог, нема добивка. Балансот и решителноста секако се најбитни, особено за тие што работат и на друго поле, треба да се подготвени да одвојат значаен дел од своето слободно време доколку сакаат да постигнат некакви резултати. Кога имаш зацртано некоја цел, ништо не е тешко се додека mindset-от ти е насочен кон остварување на истата. А пак титулите како бројки се само бројки доколку не ги применуваш и практикуваш знаењата…
5.Ти веќе го употребуваш знаењето од академијата и полека започна да ја градиш својата кариера како практикант во Digital Devs. Колку е важно според тебе веднаш да го примениш знаењето во пракса? И кои се твоите главни задачи таму?
Искрено, почнувањето со пракса уште за време на академијата, ми беше од огромно значење. Искуството кое го стекнувам надополнето со моите познавања од академијата е тоа што секој еден би го осамостоил како професионалец, што пак без пракса би било многу потешко. Кога работиме и ги решаваме проблемите на реални проекти, веќе се градиме како професионалци. Тука сакам да се заблагодарам на тимот на Digital Devs кои несебично работеа со мене и ги споделија знаењата до најситни детали и ме прифатија како дел од тимот уште од самиот почеток. Моментално работам на Facebook Ads и Google Ads, а за понатаму се надоградувам и за Email Marketing.
6.На оваа програма се изучуваат десет модули, основи на дигиталниот маркетинг, кои ги предаваат ментори кои се врвни професионалци, секој во својата област. Дали можеби некој од нив те поттикна да пројавиш интерес за конкретна област од дигиталниот маркетинг?
Не би било фер да издвојам некој, кога секој еден од менторите се издвојуваше со својата индивидуалност и карактер на начин на кој најдобро знае да ја предаде материјата. Сите се залагаа што повеќе часовите да не наликуваат на унифицирани и „програмирани“ предавања и секогаш се трудеа тие да бидат „лесни“ за слушање и восприемање. Трпеливо објаснувајќи ги и најкомплицираните теми и доловувајќи ги најбитните сегменти од секој модул, ние од секој еден научивме многу, за што сум особено благодарна, и воедно, ја користам приликата да се заблагодарам на цел тим што работи беспрекорно. Посакувам секој да може да учи од професионалци како нив, а вас како Академија со големо „А“, огромно браво што се потрудивте да ги имате во вашиот тим.
7. Кој модул ти остави најголем впечаток a кој ти беше најголем предизвик?
Бидејќи почнав како „Тabula rasa“ во оваа област, не знаев што да очекувам од модулите и од целата академија. Како навлегуваме се подлабоко во секој еден модул, почнав да се пронаоѓам (или не 😀) во нив. Најголем впечаток ми остави Social Media Marketing, можеби поради тоа што во тој дел имав најмногу претходни познавања, како од вокабулар, така и од познавањето на алатките за работа. Исто така Google Analytics и Digital Marketing Strategy го привлекоа моето внимание и беа едни од модулите во кои најмногу уживав.
8.Беше дел од практичниот проект за партнерот APRIL22, заедно со твоите колеги, и мошне успешно се справивте со сите предизвици. Какво искуство беше тоа за тебе? Дали си team player или преферираш да работиш самостојно?
Искуството со APRIL22 беше интересен проект каде што јас и моите драги колешки Марија и Росана можевме да ги примениме веќе стекнатите знаења од академијата, но и да истражуваме и да научиме нешто повеќе од дотогаш. Работата со нив ми беше задоволство, која мислам ја завршивме на најпрофесионално ниво. Кога се работи за избор, секогаш кога проектот дозволува – мојот избор е тимската работа.
9.Каде се гледаш за 2 години од сега? Имаш ли некоја “работа од соништата”, главна цел кон која чекориш?
Две години отсега ми изгледаат многу далеку, зошто моментално мислам дека денот ми трае една година 🙂 Оставам на времето да покаже како ќе се пронајдам во целата оваа работа, и во добри услови, секако дека би продолжила да се занимавам со ова.
10. Кажи ни, зошто баш Galeksia? Што е она што те привлече да се запишеш токму на Professional Diploma in Digital Marketing програмата?
За Galeksia веќе имав читано по социјалните мрежи и ми беше позната како бренд. Ја разгледав програмата за Professional Diploma in Digital Marketing и се заинтересирав уште од самиот почеток. Клучен беше и советот од една пријателка која веќе работи во светот на дигиталниот маркетинг за вашата стручност и професионалност. Размислив, ја послушав и не згрешив што го направив овој чекор. And…Here I am, Certified Digital Marketing Professional! 😉
11.Како за крај, каков совет би им дала на сите што сакаат да направат промена на кариерата, или да ја унапредат истата?
Доколку се сигурни дека сакаат тоа да го направат, да размислат и да си зацртаат цел… Паметна одлука е сѐ она што треба да донесете за работите да се движат во замислената насока. Со сопствена надоградба можат само многу да добијат, а на крајот од краиштата, целта секогаш ги оправдува средствата!
Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.