Pitch121: Со практично искуство до одличен кариерен старт

Славица, Томас, Јана, Маја и Александар можат да се пофалат со одлично изработени активности. Имаа шанса да ги применат презентациските и time-management вештини на презентацијата пред претставници на компанијата, кои беа и повеќе од задоволни. 

 

Како што и сами ни открија, проектот им овозможи теоријата целосно да ја искористат во пракса, да увидат како изгледа креирање на маркетинг стратегија, да истражуваат и да се проактивни. Особено ни е драго што мнозината се пронајдоа во областа во која работеа, односно проектот им даде јасна слика и прилика да го насочат својот фокус во дигиталниот маркетинг. Со ваков kickstart, стекнатото практично знаење и сертифицираната диплома, нема граници за успесите кои ќе ги достигнуваат! And we can’t wait to see them rise! 🙂

 

Детално ги “испрашавме” да ни го пренесат искуството од нивната гледна точка, со цел да им го доловиме на сите они кои сè уште не се пријавиле за работа на практичен проект. 

 

Keep on reading!



1. Здраво дечки! Вие сте тимот којшто успешно го изработи проектот за Pitch121 – глобална компанија која нуди social selling услуги низ цел свет. За почеток, кажете ни збор-два за вас! 

 

Никола: Личност која што сака да се надоградува и секогаш бара нови предизвици.

 

Томас: Ух, морам ли? 😆 Човек кој никогаш не се задоволува со просечното…😆

 

Јана: Најтешкото прашање.  Жена, мајка, Digital мarketer in the making, можеби? 😆

 

Маја: Човек кој секогаш гледа на позитивната страна на нештата. 🙂 

 

Славица: Тешко е да се опишуваш себеси… хаха ама еве ако веќе мора нека биде дружељубива, доста голем перфекционист и секогаш точна на време. И како што кажа Јана маркетер во прогрес. 😀 

 

prakticen proekt galeksia pitch121

 

2. Главната задача на проектот беше да се зголеми brand awerness-от на компанијата преку повеќе маркетинг активности. Како би го опишале искуството од проектот на кратко? 

 

Никола: Awesome!!!

 

Томас: Одличен пример кој ни покажа колку и какви можности нуди дигиталниот маркетинг.

 

Јана: Супер искуство. Дефинитивно има разлика кога теоријата ја применуваш во пракса. 

 

Маја: Интересно, едукативно, но и предизвикувачко истовремено! 

 

Славица: Одлично искуство! Со оглед на тоа дека стануваше збор за вистински проект дури и малку страшно 😀 бидејки сакавме сè да биде перфектно сработено за да ги задоволи критериумите на одговорните.


3. Маја и Никола, вие сте SEO дуото кое работеше на оптимизација на веб-сајтот на Pitch121. Изработивте темелен и детално развиен аудит во кој ги истакнавте сите недостатоци на веб-сајтот и воедно понудивте решенија за истите! Како ова искуство ви помогна да го примените наученото од предавањата на Теодор во пракса?

 

Никола: Предавањата на Теодор ни беа цврст темел за успешна изработка на проектот.

 

Маја: Теодор како ментор е уникатен. Секој пример на предавањата беше поддржан со факти и интересни содржини кои едноставно не можеш да ги заборавиш, па така сето тоа ми послужи како одличен патоказ од каде да се започне, како да се продолжи и како да се финишира целиот тој процес.  


4. Томас и Јана, вие работевте на креирање содржина за секој дел од funnel-от. Успешно изработивте social media calendar за социјалните мрежи со информативни, но и catchy објави за поголема интеракција со публиката. Како и пристапивте на задачата? Дали започнавте со research за брендот или пак користевте некои алатки? Дали можеби си ја пронајдовте својата dream job во маркетингот? 🙂

 

Томас: Важно беше да се разбере идејата што ја „продава“ компанијата, па истражувањето беше неопходно. И да, креирањето содржини односно content marketing е поле во кое се гледам во иднина.

 

Јана: Research is a must. 🙂 Мора да знаеш за кого работиш, кои се нивните ставови, принципи на работа, кои се нивните силни и слаби страни и сл. А, на задачата ѝ пристапивме со читање на сите можни достапни white papers, e-books, истражувања и анализи за Social Selling. 🙂 Уште пред проектот, Content маркетингот ми беше меѓу омилените, а со проектот само си потврдив.


5. Славица, заедно со Александар работевте во делот на развивање социјални активности за LinkedIn, предлози за lead-magnet содржина и зголемување на brand awareness. Што ти претставуваше најголем предизвик во овој дел и како го надмина?

 

Славица: Предизвик беше да се напише интересна содржина која ќе ги привлече корисниците, да биде кратка, а конкретна за да им остави доволно впечаток да остварат некаква акција понатаму. Со доста пиши-бриши 😀  се склопи целиот концепт на приказната. 


6. На проектот имавте шанса и да ги посетите канцелариите на Pitch121 во Скопје и одблиску да се запознаете со работата на компанијата. Какви се вашите впечатоци од посетата? Дали воочивте како изгледа еден работен ден во маркетинг сферата? 🙂

 

Томас: Дефинитивно беше од корист. Убаво беше да се види работната атмосфера, концептот на работа на компанијата, а пофалба и до дечките кои супер нѐ пречекаа и ни излегоа во пресрет за подобро да ги извршиме задачите. Се надевам не им пречевме во работата. 😀

 

Јана: Дечките од Pitch121 се навистина супер. Ни одговорија на сите прашања поврзани со брендот и навистина ни помогнаа одблиску да ја запознаеме нивната работа. 

 

pitch121 proekt galeksia

 

7. Работата на практичен проект ви помогна одблиску да се запознаете со работата во дигиталниот маркетинг. Колку проектот ви овозможи да го примените стекнатото знаење во пракса? Кои skills ги усовршивте?

 

Никола: Со работа на практичниот проект го применивме теоретското знаење во пракса и нè поттикна сами да истражуваме и да пронаоѓаме најразлични алатки за успешно да го завршиме проектот.

 

Томас: Ова беше одлична прилика да се пробам во креирање содржини, за разлика од обработување, како во претходната струка. 

 

Јана: Апсолутно ни помогна. 😀 Колку и да си теоретски спремен, додека не го примениш тоа знаење во пракса, немаш поим колку навистина знаеш. Т.е. Сè знаеш, ама ништо не знаеш. 😆 

 

Маја: Теоријата целосно ја искористивме во практичниот проект. Преку усовршување на вештините за истражување, анализирање и барање на соодветни решенија и алатки стигнавме до посакуваната цел.

 

Славица: Дефинитивно ни даде можност да видиме како се одвива една работна атмосфера. Сосема различно е теорија од пракса, бидејки во теорија не се соочуваме со моментот притисок за извршување на обврските. Беа потребни доста истражувања, па можам да кажам дека ова ми помогна да знам во кој правец да одам и каде да наоѓам одговори за поставените задачи.



8. Обично веќе пред крајот на предавањата студентите почнуваат да истражуваат за отворени работни позиции, им доаѓаат идеи за нови бизниси и ги разгледуваат сите можности во оваа сфера. Па кажете ни, кои се вашите планови за во иднина, што понатаму?

 

Никола: Како се доближуваме до самиот крај многу идеи ми поминуваат низ глава :D.  Една од нив е  да почнам со part-time SEO фриленс и да ги усовршам моите SEO вештини.

 

Томас: Whatever it takes to make it in the big leagues. Амбициите „до плафон“. 😀

 

Јана: За време на предавањата почнав да работам на неколку проекти и веќе почнав да го применувам тоа што го слушавме и учевме. Планот ми е да продолжам со учење и усовршување, затоа што дигиталниот маркетинг нема крај. 😀

 

Маја: Секако се гледам себеси како дел од светот на дигиталниот маркетинг. Сите ние поседуваме солидни знаења и квалитети, затоа нека му ја мислат компаниите кои имаат потреба од вистински маркетери. 😀

 

Славица: Планот е да почнеме теоретските знаења да ги користиме во пракса. 😀 И нормално понатамошно усовршување и учење бидејќи во дигиталниот маркетинг секојдневно се случуваат некакви промени. 


9. Каков совет би им дале на сите идни студенти кои сè уште не се пријавиле на практичен проект? Освен забавната тимска работа, што друго можат да очекуваат во однос на практичното искуство? 🙂

 

Никола: Мојот совет е да не се колебаат да се пријават за работа на практичен проект бидејќи навистина многу ке научат, ќе имаат потполна подршка од менторот, ќе бидат поттикнати и сами да истражуваат. Ние добивме и дополнителна содржина од on-site audit handbook во која имаше многу корисни информации. Моето искуство со практичниот проект е навистина прекрасно 😀

 

Томас: Особено важно е да учествуваат оние т.н. новајлии во сферата на дигиталниот маркетинг како мене. Нема подобар начин од тоа да увидиш колку всушност си научил, или подобро кажано колку си внимавал на предавањата. 😀

 

Јана: Како што кажав и погоре, практичните проекти се битни за да увидиш колку навистина знаеш, и се одлична прилика попатно да научиш нешто кое можеби си го пропуштил. Негде на LinkedIn ја сретнав мислава и мислам дека е соодветна за тука: Никој никогаш не напредувал кажувајќи „Тоа не е моја работа”. 

 

Be brave enough to suck at something new. Сè е ваша работа, пријавувајте се! 😀

 

Маја: Сè е плус! Плус знаење, плус искуство, а воедно на крај доаѓа тоа чувство на добра завршена работа.

 

Славица: Кога ме праша Билјана дали сакам да работам на проектот не бев баш многу сигурна плашејки се од тоа “што ако не ја сработам задачата како што треба?” бидејки не знаев што ќе се бара во задачите. Но, ако не пробаш никогаш нема да знаеш. И тие што сега работат успешно дигитален маркетинг, некогаш биле на наше место. Tака да можам да кажам дека е убаво да си несигурен кога се впушташ во нешто ново, тоа значи дека ќе дадеш максимум за да ја исполниш задачата. Сепак од грешките најубаво се учи.

 

 

 

Постојано се стремиме кон тоа да им овозможиме комплетно искуство на студентите на нашата learning partner програма, од која ќе можат да се стекнат со hands-on искуство. Самите проекти се одлична прилика да си го збогатиш твоето портфолио, кое ќе ти овозможи полесно да започнеш кариера во дигиталниот маркетинг. Доколку сакаш да се стекнеш со применливо знаење и дигитални вештини, не чекај повеќе и пријави се уште денес! Уписите се февруарската група се во тек!

 

 

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче