На 15ти ноември започна најголемиот настан за е-трговија на глобално ниво: Ecom World Conference 2021. Овој настан го следат повеќе од 40.000 луѓе низ светот, присутни се повеќе од 8.000 брендови и 80+ говорници.
Дел од говорниците кои ги споделуваат своите маркетинг стратегии работат за најголемите светски брендови како Gymshark, Sharma brands, DHL, Shopify, Alibaba Group, Google, Facebook, Wish.
Темите кои се разработуваат на дводневната конференција се специфично насочени за раст и развој на еден е-бизнис. Се зборува за правилен customer service, како полесно да се извршува деловното работење, оптимизација и дизајн на онлајн продавница, платено рекламирање, како и што носи иднината на е-трговијата.
Направивме краток recap на она што се случуваше на првиот ден од конференцијата, па доколку е-трговија ти е област од интерес, продолжи да го читаш блог постот подолу.
Како Gymshark успеаа да се пробијат покрај веќе познатите брендови за спортска облека?
Еден од најголемите предизвици во започнување свој бренд и пробивање на пазарот е конкуренцијата. Секојдневно се појавуваат нови и нови производи кои се слични меѓу себе и имаат слична функција. Можеш да го замислиш предизвикот со кој се соочиле Gymshark да се пробијат покрај изградени брендови како Nike, Adidas, Puma, UnderArmour.
Она што Noel Mack, CMO во Gymshark, го сподели е како да размислуваш во претприемнички дух. Еве кои три тактики функционирале за нив.
Get your towel down
На прво читање ќе си речеш каква врска имаат пешкири со е-бизнис, но кога ќе го прочиташ објаснувањето ќе речеш: „Аха!“. На летен одмор си, рано утро е, и сите гости во хотелот брзаат да си го стават пешкирот на лежалка за да фатат место! Аналогијата на get your towel down, Noel ја прави со ever-changing world на социјалните медиуми. Промените се случуваат постојано и треба да си подготвен брзо да одговориш.
Она што функционирало кај нив е „влегувањето во игра“ на Influencer Marketing многу рано, уште кога тој тип на маркетинг не бил доволно искористен од брендовите. Тоа ги прави да бидат втор најпопуларен бренд за спортска облека на TikTok и да ги победат големите брендови.
Sneak in the back door
Она што цело време го зборува Nick е како да размислуваш поинаку од другите. Кога си нов бизнис, не си ниту финансиски ниту оперативно способен да превземаш големи активности. Затоа, треба да најдеш алтернативни начини да се „прикрадеш од задната врата“.
Gymshark во почетоците немале пари да го спонзорираат Conor McGregor, па затоа решиле да го спонзорираат тренерот кој се појавува во секое видео од тренинзите на Conor. Smart, right?
Everyone has a Covid story
За време на пандемијата кога постоеше глобален lockdown, им било понудено да се рекламираат на билборд на Times Square. Ова првично им изгледало нелогично бидејќи во тој период никој не се движеше на Times Square. Но, повторно наоѓаат начин како да ја искористат приликата што им се дава.
Пишуваат tweet во кој ја прашуваат својата заедница што да објават на билбордот. Се пишуваат огромен број на коментари и оној со најмногу лајкови се наоѓа на билбордот на Times Square. Ваквата постапка креира таков вирален ефект за кој се зборува со денови. Она што се случило е, луѓето почнале да излегуваат од дома за да направат selfie со билбордот.
10 состојки кои му се потребни на секој бизнис во модерното време – совети од Nik Sharma
Nik Sharma е CEO на Sharma Brands, компанија која го помага растот и развојот на бизнисите со користење на дигиталните платформи. Фокусот на излагањето на Nik беше тоа дека луѓето повеќе не реагираат на ист начин како порано.
Што значи тоа? Тоа значи дека ако пред пет години рецептот за успех беше да се стави продуктот во центар, сега тоа не е случај. Во модерното време, брендот и потрошувачите се тие што треба да бидат во центар, а секој што работи поинаку ќе има проблем во генерирање приход.
Што всушност претставува листата на состојки за еден modern day brand?
Причина за постоење на брендот и проблем кој се решава
Ако немаш решение за одреден проблем, тогаш твојот бренд нема причина за постоење. Корисниците се презаситени од еднолични производи. Биди јасен во својата цел, понуди решение на некој нов проблем и покажи како се разликуваш.
Приказна со која ќе се поистоветат потрошувачите – the “Why?”
Производот кој го продаваш треба да има јасно решение за кога некој ќе праша „Зошто го купи ова?“, одговорот да биде конкретно насочен на “the Why?”.
Чувство на припадност во заедница
Луѓето се приврзуваат за брендовите, не за производите. Може да ги инспирира твојата приказна, мисија, цел. Потребно е да креираш емоција која ќе ги натера да купат по вторпат.
Одличен продукт, не добар продукт
Одличниот продукт е оној кој ќе добие earned media. Не се задоволувај со продукт кој е лесен за изработка. Направи да отстапува од останатите.
Content engine: earned, owned, paid.
Постојано треба да нудиш добар content кој ќе го креира “wow” ефектот. Но, за тоа ти се потребни сите три типа на content: earned, owned, paid.
Вистинско разбирање и познавање на потрошувачот
Демографските карактеристики веќе не се доволни за да го разбереш потрошувачот. Она што е клучно за е-бизниси е да разберат што прават и каде се движат корисниците онлајн. Каде и каков content конзумираат, на кои платформи, на што реагираат (лајкови, коментари, споделувања).
Уникатна порака и визуелен идентитет
Не е доволно да се креира logo и сет на бои. Потребна е конзистентност низ целото постоење кое ќе резултира со препознатливост кај потрошувачите.
Конзистентност
Кога викаме конзистеност, мислиме на конзистеност во секој еден аспект. Од визуелен приказ, порака, тон на глас, до целосен брендинг.
Грижа за потрошувачите
Нема ништо полошо од лоша репутација добиена преку word of mouth. Потрошувачите се „гласни“ и кога нешто е добро, и кога нешто е лошо. Нареден пат кога некој клиент ќе се пожали дека пратката е оштетена, прати му нова. Подобро е да потрошиш $10 повеќе отколку да добиеш лоша етикета.
Јасна цел во животот на потрошувачот
Доколку тоа што го продаваш нема никаква цел во животот на клиентот, тогаш стекнувањето клиенти станува многу скапо.
Како да ја оптимизираш твојата онлајн продавница?
Во центарот на успешноста на еден е-бизнис е правилното функционирање на онлајн продавницата. Таму е местото кадешто се случуваат конверзиите и затоа нејзино оптимизирање е неопходен чекор кој треба да се превземе.
Jack Cravy, VP на SaaS во Cart.com, сподели три tips кои ќе ги boost-нат конверзиите.
Tip 1: Постави time-delay на pop-up
Остави им најмалку четири секунди на посетителите да прочитаат нешто за производот и да го разгледаат сајтот, пред да им побараш информации со pop-up.
Tip 2: Постави автоматски кодови за попуст на checkout
Ниту еден корисник не сака да бара каде треба да го стави кодот за попуст што го добил, ниту пак да помни дали беше Попуст10 или ДобијПопуст10. Постави го автоматски попустот на checkout за да се покаже намалената цена.
Tip 3: Предизвикај итност
Не мисли на промоција, туку на итност. Вклучи реченици како „само уште денес“, „уште 3 производи на залиха“, „ексклузивна понуда“, „попустот трае уште еден ден“.
Дали SMS маркетинг доаѓа на голема сцена?
Со постојаните промени кои се случуваат во врска со заштита на податоците на корисниците и давање поголема контрола врз она што ќе го споделуваат, платеното рекламирање станува сè потешко. Потешко станува и „допирањето“ до публиката и нејзино таргетирање.
Од друга страна, кај однесувањето на потрошувачите се забележува пазарување во т.н micro moments. Тоа значи импулсивно посегнување кон телефон за задоволување на одредена потреба: да се научи нешто, да се истражи, да се купи.
Според истражување направено од 2021 SMS Marketing Consumer Trends, дури 90% од испитаниците одговориле дека сакаат да добиваат пораки од брендовите. За маркетерите пак, SMS маркетингот покажал раст на приходите. Всушност, ова го тврдат 96% од испитаниците во истражување направено од 2021 SMS Marketing Benchmarks Report.
Што е важно кај SMS маркетингот?
Персонализирана содржина
Корисниците сакаат еден на еден интеракција со содржина која е персонализирана според нивните потреби. Типови на персонализација кои може да се употребат се според локација, однесувањето онлајн, потрошувачките навики и нивото на engagement.
Како многу корисен метод се покажува автоматизацијата на пораки според одредено однесување:
- Welcome message за нови претплатници;
- Browse abandoment потсетници;
- Cart abandonment потсетници;
- Post-purchase пораки;
- Ажурирање на трансакциите.
SMS комуникацијата може да помогне во длабоко разбирање на онлајн однесувањето на потрошувачите и да ги дознае нивните преференции за производи. На овој начин лесно се креираат детални профили кои претставуваат таргет персони.
Tip: Со смс пораки можеш да ги наградиш лојалните купувачи со VIP попуст, или да ги „активираш“ сезонските купувачи.
Како да ја зголемиш SMS листата?
За да можеш да праќаш пораки, нормално потребна ти е SMS листа. Кои се начините кои можеш да ги искористиш за ова?
- Incentive SMS sign-ups на desktop и mobile: промотивни понуди, VIP статус, персонализирани пораки за празници и потрошувачи кои првпат се претплатуваат.
- Cross-promote на SMS каналот на другите маркетинг канали: користи SMS CTA во newsletters, во насловите на објавите на социјалните медиуми, креирај посебна landing страница за претплатување.
Останати tips од говорниците
- При градење на бренд, биди sustainable from the inside (талент, култура, луѓе).
- Користи различни landing страници. Потрошувачите веќе не сакаат да лендуваат на homepage.
- Води го брендот преку приказни и емоции, не преку карактеристики на производот.
- Едуцирај ги преку производот, не им продавај. The best sale doesn’t feel like sale.
- Искористи ги платформите на кои нема презаситеност.
- Осврни се кон традиционалното. Билборди, подкасти, телевизија и радио се одличен начин за brand awareness.
- With first party data, креативите се твојот нов таргет.
- Добро таргетирани pop-ups и линкови конвертираат многу повеќе.
- Користи cart upsells: бесплатен примерок и бесплатен производ со нарачка.
- Поедностави го checkout процесот најмногу што можеш.
- Користи Influencer Marketing на YouTube: најголем квалитет на engagement, долготрајност, rewatchability, транспарентност, достапност. На јутуберите им требаш :).
Вклучување во различни конференции, настани и вебинари кои обработуваат тематика која ти е од интерес, е секогаш исплатлива инвестиција. Имаш можност да слушнеш од истакнати имиња во индустријата кои ги споделуваат своите најуспешни стратегии, но и своите предизвици за да ти помогнат во градењето на твојот бренд.
Е-трговијата несомнено зема голем замав и во Македонија. Брендовите стануваат сè посвесни за неопходноста од онлајн присуство. Доколку сакаш да започнеш свој онлајн бизнис, или сакаш да го унапредиш постоечкиот, запиши се на Professional Diploma in Digital Marketing и стекни се со неопходните дигитални вештини..
Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.
Запиши се и учи со нас!