На муабет со ментор – која е Елена и што е Social Media Marketing?

Елена Наковска е ментор за Social Media Marketing модулот на програмата во Galeksia, која неодамна се приклучи на тимот ментори! Eлена е дипломиран менаџер по интернационален маркетинг и односи со јавноста, дел од тимот на маркетинг агенцијата Клик Медиа и Маркетинг директор(CMO) во Кликни Јади. Со огромна пасија работи на планирање, развивање и оптимизирање успешни маркетинг стратегии.


Себеси се опишува како tech-savvy дигитален маркетер, data analyst, маркетинг стратегист и ентузијаст за нови технологии. Постојано цели кон остварување на можноста секој мал бизнис да прерасне во сериозен играч на пазарот, со правилно користење на дигиталниот маркетинг и скалирање на резултатите и активностите.


Во денешниот разговор имавме шанса да дознаеме повеќе за Елена и нејзиниот професионален и личен развој, како ја започнала својата кариера, каде се информира и едуцира за тековните новости од дигиталниот свет и повеќе за нејзините работни обврски во Кликни Јади. Ни откри и кои се придобивките од DMI програмата и совет за сите они кои сè уште се двоумат да се запишат!


Прочитај го интервјуто подолу!  




Запиши се!





1. Здраво Елена, ти си новиот член во тимот на ментори во Galeksia и ќе го предаваш модулот Social Media Marketing. Congrats! Раскажи ни на кратко нешто повеќе за себе!



Здраво на сите, јас сум Елена Наковска, дипломиран менаџер по интернационален маркетинг и односи со јавноста, Google Certified Advertiser, Маркетинг директор на Кликни Јади, Tech-savvy дигитален маркетер, Дата аналитичар, Маркетинг стратегист и ентузијаст за нови технологии. Во кратки црти, човек што си ја обожава професијата, ги сака иновациите и новите технологии и гледа како постојано да ги имплементира во својата професија. Воедно и човек којшто сака да им помогне на малите бизниси да станат сериозен играч на пазарот, а всушнот тоа и го правиме во Кликни Јади и нашата нова маркетинг агенција.



Им помагаме на бизнисите преку дигиталниот маркетинг и нашата платформа да го постигнат својот потенцијал. Кликни Јади има повеќе од 250 партнери, а со нашата маркетинг агенција им помагаме да ги постигнат сите цели кои ги имаат замислено. Својата визија за себе ја исполнувам преку Кликни Јади и Клик Медиа, но време е и да споделам доста од искуството кое го имам стекнато низ годините со други ентузијасти за дигитален маркетинг, сопственици на бизниси и маркетинг специјалисти.



2. Твоето богато портфолио опфаќа +7.000 објави на социјални мрежи, +2.000 реклами, +40 успешно водени бизниси на социјални мрежи, во преку 17 држави. Импресивно! Кажи ни како стигна до овде? Што беше клучно да започнеш кариера во дигиталниот маркетинг?



Хронолошки гледано, си поставив цел пред 10 години, и сите изминати години сѐ што правев беше за да стигнам таму каде што сум сега. Секој проект, секоја работа, секој клиент, многу труд, желба и љубов кон кариерата и професијата и постојаната желба за учење и надоградување, секој посебен настан, конференција се само дел од состојките на мојот рецепт за успех, мојата успешна приказна. 



Дигиталниот маркетинг го одбрав како професија која е комбинација од креативност, комуникација, технологија, иновативност, бројки и математики, психологија, економија… Не можев да одберам сѐ, па го одбрав дигиталниот маркетинг како комбинација од сѐ. Би рекла: Прифаќајте го секој проект и секогаш користете ги шансите коишто ви се нудат или пак сами креирајте ги, бидејќи без разлика колку и да знаете, секогаш ќе научите нешто ново и ќе се стекнете со повеќе искуство.



3. Работиш како Chief Marketing Officer (CMO) во KlikniJadi, првата и најразвиената платформа за достава на храна кај нас, и успешно креираш, развиваш и оптимизираш маркетинг стратегии за брендот! Воедно имате и ваша маркетинг агенција која ја развивате веќе пола година. Може ли на кратко да ни раскажеш како изгледа еден твој работен ден?



Чест и гордост е да бидам дел од успешната приказна на Кликни Јади. Нашите клиенти и партнери ни се секогаш на прво место, и секогаш сè што правиме е за да им го олесниме животот и работата на сите. П.С. Кликни Јади v3.0 доаѓа наскоро со сите функции кои нашите клиенти ги побараа од нас. Што се однесува до мојот работен ден – секој ден е различен и динамичен, но тоа што е исто се секојдневните утрински состаноци со тимот, каде ги дискутираме тековните кампањи и дневните активности, нашите клиенти, проверка на резултати од анализи и постојано подобрување и оптимизирање на стратегиите и кампањите кои ги работиме.



Го следиме успехот на Кликни Јади и нашите клиенти преку автоматизирани извештаи каде анализираме сѐ, од резултати до содржина и гледаме како да go скалираме успехот. Нашиот тим има експерти од различни области, и секој со својата експертиза внесува свој поинаков point of view во кампањите и идеите кои ги реализираме за Кликни Јади и клиентите на нашата Маркетинг агенција – Клик Медиа.



4. Ќе предаваш на модулот Social Media Marketing на програмата во Galeksia. Што може да очекуваат идните студенти од твоите предавања? Што е она што ќе го научат од тебе и ќе им помогне во професионалниот развој?



Прво ќе научат не само како, туку и зошто да ги користат различните алатки на социјалните мрежи. Ќе научат финти и тактики за кои мене ми требале години да ги совладам и дознаам, заедно со најдобрите практики кои носат резултати. Воедно, ќе видиме и како аналитички да размислуваме и како да ги користиме бројките и анализите за да имаме ефект и резултати од активностите кои ги правиме на социјалните мрежи. Ќе научиме како да пуштаме реклами на социјалните мрежи и како да ги читаме и разбираме бројките од рекламите и што тие значат. Ќе гледаме и ќе дискутираме заедно за различни кампањи на популарни брендови, локални и од странство и ќе научиме како да ја анализираме конкуренцијата и што таа прави на социјални мрежи.



И секако да не забораваме, ќе дискутираме и како да се адаптираме на новите промени, updates на социјалните мрежи, како на пример Metaverse, ребрендирањето на Facebook во Meta, промените на Instagram, новите available tools, upcoming updates и што тоа значи за нас како дигитални маркетери и нашата стратегија на социјалните мрежи.



5. Дел од карактеристиките кои те опишуваат се tech-savvy маркетер, дата аналитичар и ентузијаст за нови технологии! Според тебе, кои одлики и skills треба да ги поседува еден Social Media Marketing специјалист?



Пред една декада, улогата на еден специјалист за социјални мрежи можеби и не постоеше. Денес е една од најбарани професии и скоро секој бизнис го има на социјалните мрежи. Секоја вештина, знаење, може да ти помогне во дигиталниот маркетинг. Иако е нормално некој да има афинитети/талент за одредени професии, јас верувам дека секој може да научи и да успее ако е доволно упорен.



Еден Social Media Marketing специјалист знае каква содржина најдобро функционира и на која мрежа, знае кои денови и време одговара најмногу за објави на различните платформи, знае и разбира како да ја оптимизира содржината и постојано ја следи аналитиката и перформансите на активностите кои ги спроведува, знае да ја анимира својата публика, да ја едуцира, да ја извести, да има двострана комуникација со нив, и секогаш да одговори на потребата на своите клиенти и потенцијални купувачи. Вештини и знаења кои дефинитивно можат да помогнат се истражување, планирање, организација, пишување, анализа, психологија, креативност, основно познавање на дизајн и естетика, статистика, комуникациски вештини и секако познавање на самите социјални мрежи и сите алатки кои тие ги нудат.



6. Нашите студенти учат на сертифицирана програма од реномираниот DMI институт, создадена од врвни експерти во индустријата! Според тебе, која е предноста на сертифицираното знаење во Galeksia во однос на останатите институти на изучување на дигиталниот маркетинг?



Дигиталниот маркетинг особено во последните година-две, стана многу популарна професија која се бара во целиот свет. Како да стигнете до едукација, сертификат, признание кое е препознаено секаде во светот? Преку официјалната и сертифицирана академија на Galeksia, од страна на Digital Marketing Institute – најголемиот и најрелевантен институт за Дигитален Маркетинг во светот и кој претставува глобален стандард во сертификација за дигитален маркетинг.



Каде и да сте во светот, програмата е иста за сите, тестот е ист за сите, признанијата и сертификатите важат секаде. И секако дел од партнерите на Digital Marketing Institute се Google, Facebook, Hubspot, Coca Cola, Twitter, IBM, a луѓето кои ја имаат направено програмата работат во Microsoft, Facebook, Coca Cola, LinkedIn и уште многу други популарни брендови. Студентите кои учат во Galeksia не само што имаат пристап до светски призната програма, туку и учат од искусни тренери кои ќе го споделат своето искуство и најдобрите пракси кои им донеле резултати низ годините, за кои им требало години за да ги дознаат и совладаат.



7. Студентите често ни го поставуваат прашањето како да останат up-to-date со сите промени и новости од светот на дигиталниот маркетинг. Што би им препорачала ти? Како се информираш за сите тековни новости од дигиталниот свет? 



Дали во текот на денот, или во текот на една недела, секој дигитален маркетер треба да одвојува време за да остане up-to-date со сите промени и новости. Дел од маркетинг порталите кои ги следам низ годините се: marketingtechnews.net; adage.com; martech.org; www.socialmediatoday.com; The Marketing Millenials, а дел од популарни маркетинг гуруа и експерти на кои им се восхитувам и кои споделуваат многу корисни работи се Gary Vaynerchuk, Darrel Alfonso, Pam Moore, Neil Patel, Simon Sinek, Dale Dupree, Daniel Murray и секако често ги читам книгите на Филип Котлер – таткото на маркетингот. Во комуникација сум и со мои колеги и пријатели од областа на маркетингот и често си споделуваме искуство и новости од дигиталниот свет и дискутираме за промените и како тие влијаат врз нашата работа.



8. Постојано целиш кон остварување на можноста секој мал бизнис да прерасне во сериозен играч на пазарот со помош на дигиталните алатки. На кој начин можат да го постигнат тоа сопствениците на мали бизниси? Дали ќе ја дознаат „тајната на успехот“ на твоите предавања?



Секој бизнис има своја приказна која треба да се раскаже на уникатен и автентичен начин на социјалните мрежи. На моите предавања ќе видиме како успешно да ги користат и разберат социјалните мрежи за да им донесат резултати и притоа да се позиционираат и диференцираат од конкуренцијата. Воедно и како со ресурсите кои ги имаат и коишто тие решиле да ги вложат, да постигнат резултати. Ќе пробам да отворам нови хоризонти за нив и да го проширам видикот за тоа што всушност значи маркетинг на социјални мрежи.



9. Работните обврски веруваме дека ти одземаат голем дел од денот. Кажи ни како се опушташ после напорен, работен ден? Како најчесто ти поминува слободното време?



После напорен ден на social media, се „исклучувам“ од social media. 🙂 Иако гледам да одморам од social media, секогаш ги следам нотификациите и известувања и доколку има потреба реагирам, бидејќи иако работниот ден е завршен, социјалните мрежи се активни 24/7. Со помош на алатки може да се автоматизираат одредени активности, но во екстремни ситуации треба да се преземе и некаква акција.



Ако не работам, пробувам да останам up-to-date со сите промени и новости од светот на дигиталниот маркетинг, се трудам да слушам поткасти, читам новости од областа на технологијата, испробувам нови tech платформи и апликации, учам нови работи и вештини бидејќи колку и да знаеш, секогаш можеш повеќе да научиш. Бегство од дигиталниот свет ми е секогаш природата и ми е најдобар филтер и место за полнење на батериите. А, кога не го правам тоа, возам велосипед, читам книги, гледам филмови и серии, и секако гледам да поминам време со моето семејство и пријателите.



10. Работата како дигитален маркетер во голем дел од времето бара креативност и иновативност. Каде наоѓаш инспирација?



Think outside of the box. Или во мојот случај секогаш во другите индустрии и професии. За да бидете креативни и иновативни, треба да истражувате, да откривате, да бидете љубопитни. Мојот извор на идеи и креативност се секогаш настани, вебинари или поткасти од други области, не само од дигиталниот маркетинг, каде можам да слушнам многу интересни иновации, креативни решенија и истите тие можам да ги адаптирам и спроведам во дигиталниот маркетинг.



11. Што би им препорачала на сите оние кои се заинтересирани и сакаат да се вклучат во програмата за дигитален маркетинг?



Не размислувајте и запишете се на оваа светски призната програма. Бидете упорни и не престанувајте никогаш да учите. Ова е професија за која секогаш во недела навечер, ќе ви биде мило што во понеделник наутро сте на работа. Или ако имате бизнис, ќе ви биде криво затоа што порано не сте се запишале на оваа програма. И на крај дигиталниот маркетинг не е иднината, туку сегашноста. Оваа светски призната програма е инвестиција од која можете само да добиете.



Придобивките се многу, но јас би ги одвоила следните топ 5:



  1. Digital Marketing Professional е во топ 10 in-demand професии во светот според LinkedIn.
  2. Можете да работите за компанија, во маркетинг агенција или freelance, за различни индустрии, локално и во светски рамки, можеш да започнете свој онлајн бизнис.
  3. Ако имате бизнис, ќе научите ефективно и ефикасно да ги постигнете посакуваните резултати, да заштедите на ресурси и пари, и да генерирате повеќе профит.
  4. Ако работите како дигитален маркетер ќе научите како да си ја олесните работата и да го извлечете максимумот од сите алатки на дигиталниот маркетинг.
  5. Во Galeksia нема само да научите дигитален маркетинг, туку и ќе ги дознаете најдобрите практики и тактики од искусни тренери, заедно со нивните tips and tricks кои носат резултати.


Ноемвриските уписи се во тек!



Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.

Запиши се и учи со нас!



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче