Facebook официјално го смени името на компанијата во Meta! Оваа информација беше соопштена од основачот на Facebook, Марк Зукерберг за време на годишната конференција за виртуелна реалност, Facebook Connect, со која ги потврди шпекулациите за ребрендингот. Целата стратегија е повеќе од менување име; Зукерберг најави создавање на метаверзум со кој ќе се креира нова виртуелна реалност, луѓето ќе комуницираат со помош на напредната технологија во новото виртуелно опкружување. Звучи нереално, зар не? 🙂
„На почеток сме на ново поглавје на интернетот, воедно и нов почеток за компанијата. На новата платформа не само што ќе бидеш вклучен во новата реалност, туку буквално ќе бидеш дел од целосното искуство. Во метаверзумот ќе имаш слобода да правиш сè што ќе посакаш, да се дружиш со семејството и пријателите, да работиш, учиш, пазаруваш, креираш, како и целосно нови искуства кои ќе ти го сменат начинот на кој гледаш врз компјутерите и смартфоните. Во иднина ќе можеш да се “телепортираш” со помош на холограм за да присуствуваш на состанок на работа без да си таму, да одиш на концерт со пријателите или да се дружиш со родителите во дневната соба. Ова ќе ти донесе нови можности каде и да живееш и ќе ти овозможи да се посветиш повеќе на себе со тоа што ќе заштедиш време кое го трошиш во сообраќај и секако ќе помогнеш да се намали загадувањето!“ – дел од изјавата на Зукерберг
Која е причината за метаверзумот?
Освен тоа што ова ново случување во светот на Facebook ги засени долгогодишните обвинувања кон Facebook за злоупотрeба на податоците на корисниците и неодамнешниот breakdown на платформите, Facebook забележа голем пад во популарноста кај помладата публика.
Фокусот на метаверузмот е главно насочен кон помладите, кај кои сè уште е мега популарна апликацијата TikTok. Во метаверзумот во кој Facebook ќе биде само дел, ниту една компанија нема да биде позиционирана како сопственик или водич. Кратко објаснето, Facebook ќе се обиде да стане лидер во вселената! Дали ќе успее Марк во тоа, останува да видиме.
Што да очекуваме?
Facebook годинава веќе објави свој продукт, smart glasses во соработка со Ray-Ban, како и некои AR и VR подобрувања, игри во виртуелна реалност и можност за вежбање со помош на виртуелни очила. Во новата виртуелна реалност со Horizon Home, корисниците ќе можат да го користат Oculus VR сетот, со кој ќе комуницираат со блиските на Messenger и ќе можат да се дружат во таканаречена “виртуелна верзија” од својот дом.
Преку демо видеа Зукерберг на некој начин ни објасни како ќе изгледа метаверзумот, како луѓето со свои аватари ќе се движат низ метаверзумот, односно ќе се транспортираат во дигитални верзии на места и настани. Потенцираше дека метаверзумот ќе се гради според сигурносни протоколи и ќе се заштитат приватните податоци на корисниците.
Целиот ребрендинг на Facebook значи дека само компанијата ќе го смени името во Meta, додека социјалните мрежи Facebook, Instagram и WhatsApp ќе го задржат своето име и идентитет.
„Целосно ја вложуваме нашата енергија кон ова – повеќе од која било компанија во светот. Ако ова е иднината во која сакаш да живееш, се надевам дека ќе ни се приклучиш. Иднината ќе биде многу повеќе од она што можеш да си го замислиш.“ – завршните зборови на Зукерберг во изјавата.
Не се ни сомневаме дека Meta комплетно и посветено ќе се насочи да ги исполни сите цели за развој на виртуелната и изменета реалност во годините што следат.
Марк верува дека метаверзумот ќе биде the next big thing на интернетот, исто и ние. Ако успее во целта да им овозможи на сите корисници да функционираат дигитално, односно во дигитална верзија од себе, тогаш со сигурност ќе се смени целиот концепт на социјалните мрежи и општо нашите животи.
Очигледно сè уште е рано да се дознае за иднината на овој концепт, но со оглед на новите технологии како криптовалутата и NFT(non-fungible tokens), кои се побрзо навлегуваат во нашето секојдневие и стануваат општо прифатени, останува времето да покаже како Meta ќе се приклучи во овој напреден свет.
Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.
Запиши се и учи со нас!