Што е SEO и зошто е важно за твојот бизнис?

Сигурно постојано слушаш за тоа како SEO (Search Engine Optimization) е клучна маркетинг алатка, но дури и ако имаш основно познавање што всушност претставува, сепак не можеш целосно да ја разбереш комплексноста на оваа практика.

 

SEO содржи неколку елементи, ако дознаеш кои се и како функционираат, тогаш со сигурност ќе ја сфатиш суштината на SEO и зошто е неопходен елемент за твојот бизнис. На кратко, ја зголемува видливоста на твојата веб-страница, со тоа го зголемува сообраќајот и носи повеќе можности за твоите потенцијални клиенти да станат купувачи.

 

Главната цел на оптимизацијата на твојата веб-страница е подобро позиционирање на првата страница од резултатите при пребарувањето. Имплементирањето на SEO практиката во твојот бизнис ти овозможува да останеш конкуретен на пазарот, да изградиш однос со твоите потенцијални клиенти и да привлечеш нови. Доколку тоа е твојата цел прочитај повеќе што всушност претставува SEO и зошто е важно за твојот бизнис.  

 

 

Запиши се!

 

 

 

Клучните елементи на SEO

 

Клучните зборови

 

Што всушност претставуваат клучните зборови? Кога некој потенцијален купувач пребарува онлајн за да дојде до посакуваниот резултат користи зборови и фрази, односно користи клучни зборови. Клучните зборови треба внимателно да ги истражиш и одбереш и паметно да ги вметнеш во содржината за да има резултати. Најдобра пракса е да употребуваш што е можно пократки клучни зборови.

 

Еве неколку бесплатни алатки за keywords research кои можеш да ги користиш:

 

 

 

Содржина

 

Содржината е многу важен дел од SEO, бидејќи преку неа се поврзуваме и комуницираме со нашите потрошувачи. На пример ако си сопственик на продавница за музички инструменти и сакаш да ја зголемиш видливоста на твојата веб страница, тогаш треба да се посветиш на креирање релевантна содржина преку објавување блог постови за најновите трендови во музичката индустрија, совети како да ја одржуваш музичката опрема, зошто укулелето станува актуелно повторно и слично.

 

Кога некој ќе пребарува за да дознае повеќе на оваа тема, во резултатите ќе се појави твојот блог пост и тоа ќе ти помогне да изградиш однос бидејќи на некој начин си му помогнал да дојде до посакуваната информација преку корисната содржина. Кога нареден пат ќе сака да купи некој музички инструмент, твојата е-продавница ќе биде првото место што ќе му дојде на памет.

 

Содржината што ќе ја креираш мора да е едукативна, но истовремено и забавна, релевантна и shareable.

 

Постојат повеќе форми на креирање содржина, како што се:

–       Содржината на веб-страницата

–       Видеа

–       Блог постови

–       Инфографици

–       Подкасти

–       Е-books

–       Објави на социјалните мрежи

 

Off-page SEO

 

Активностите за оптимизација преземени надвор од веб-страницата всушност го претставуваат off-page SEO. Целта на овој елемент од SEO е да се добијат backlinks од надворешни извори до твојата веб-страница со што пребарувачите добиваат информација дека твојата веб-страница е со висок квалитет и е релевантна. На овој начин се гради авторитетот.

 

Постојат и многу други начини на поставување на backlinks, како што се креирање инфографици со содржина која ќе се споделува, гостински блог-пост, соработка односно спомнување на инфлуенсери во твоите објави.

 

Local SEO

 

Оптимизацијата за Local SEO е многу важна бидејќи сè поголемиот број на луѓе ги користат смартфоните за пребарување. Главниот фокус е да се подобри видливоста на локалните бизниси во резултатите од пребарувањето во таа околина. Најчесто овие локални резултати од пребарувањето се појавуваат кога корисниците истражуваат за податоци кои одговараат на прашањето “near me”.

 

На пример ако си сопственик на ресторан тогаш со помош на Local SEO кога некој ќе пребарува за место со добра храна, твојот ресторан ќе се појави во понудените опции. Од особена важност е информациите за твојот бизнис да се достапни преку Google my Business, Google Maps, како и социјалните мрежи.

 

On-page SEO

 

Овој дел од SEO е фокусиран на оптимизација на елементите на твојата веб-страница кои се поврзани со content-от. Треба да обезбедиш дека она што се креира е релевантно и создава позитивни корисничко искуство. On-page SEO вклучува две категории кои треба да бидат оптимизирани:

 

  • Pre-click: title tag, meta description, URL
  • Post-click: copy, heading, images, subheadings, hyperlinks.

 

Она што е особено важно е да се избегнува keyword stuffing. Најдобрите практики за on-page SEO покажуваат дека треба да се користи smart keyword targeting: клучните зборови треба да се вклучат само во најважните елементи обезбедувајќи релевантен content и позитивно корисничко искуство.

 

Technical SEO

 

Техничката оптимизација на твојата веб-страница вклучува практики и стратегии за подобрување на нејзината структура. Со овој дел од SEO се оптимизира техничкиот дел од веб-страницата, во кои се вклучени брзината, JavaScript индексирање, мета tags, sitemaps, site errors, mobile friendliness. Ваквата оптимизација обезбедува дека веб-страницата може да биде crawled со што content-от што се пишува може лесно да биде пронајден и согласно тоа, веб-страницата ќе може да биде индексирана.

 

Пријави се уште денес!

Зошто му е потребно SEO на твојот бизнис?

 

Видливост и подобар ранг на Google

 

Една од најважните функции на SEO е зголемување на видливоста на твојот бизнис, со цел да е подостапен за корисниците кога пребаруваат за нешто што ти го нудиш. Видливоста е тесно поврзана со рангот на Google.

 

Ако си што е можно поблиску до првата позиција на првата страница на пребарувачот, тогаш толку поголеми се шансите корисниците да ја посетат токму твојата веб-страница, и нормално да искористат некоја од твоите услуги. Фактот дека ¼ од корисниците никогаш не кликаат на втората страница на пребарувачот, ти кажува дека треба да вложиш повеќе во оптимизација на твојот веб-сајт.

 

Web traffic

 

Зголемена посетеност на твојата веб-страница е една од главните цели на SEO, а тоа го овозможуваш доколку ја зголемиш видливоста и рангот на Google. 33% од прегледите се на првата рангирана веб-страница, додека остатокот е на топ пет рангираните. Со добра оптимизација можеш да стигнеш до првите пет, или во идеален случај на првата позиција.

 

Авторитет

 

Со оптимизиацијата, твојата веб-страница добива на вредност и квалитет, што ти помага да изградиш авторитет и да си конкурентен на пазарот. Авторитетот всушност значи дека твојата веб страница е релевантна, со висок квалитет и ги задоволува побарувањата на корисниците.

 

Да сумираме

 

Една од поважните работи што треба да ги знаеш за SEO е дека за да се постигнат резултати, потребно е време. Досегашното искуство покажало дека е потребно минимум 6 месеци за да има видливи резултати.  Ако се посветиш да креираш релевантна и квалитетна содржина и ги следиш најдобрите практики за бирање на клучните зборови, тоа ќе ти овозможи да се поврзеш со публиката, ќе ти го зголеми авторитетот на брендот, ќе ја зголеми посетеноста на веб-страницата, што значи повеќе продажба, нови клиенти и секако раст на бизнисот.

 

Сè ова е опфатено во модулот SEO на програмата за дигитален маркетинг во Galeksia. Доколку сакаш да дојдеш до вакви резултати, дознај повеќе тука и стани SEO професионалец.

 

Уписите се во тек! Најновата група започнува во ноември. Искористи ја оваа прилика и стани дел од глобалното семејство на DMI програмата.

 

Пријави се уште денес!

 

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче