Galeksia се стреми да гради цврсти односи со иновативни компании кои сакаат да ги искористат бенефитите на дигиталниот маркетинг со примање на нови и свежи идеи од нашите студенти. TBM Group е learning partner на Galeksia кој одлучи за маркетинг потребите на компанијата да ги повика студентите во заедничко наоѓање на креативни и применливи решенија!
Во текот на еден месец, Стефан, Анѓела и Катерина работеа на практичен проект кој во фокус имаше зголемување на brand awareness за TBM Group, како и за конференциите кои ги одржува. Секој студент имаше посебна задача како дел од целокупната стратегија со цел опфаќање на сите аспекти за успешна реализација.
Поразговаравме со Стефан, Анѓела и Катерина за тоа какво искуство имаат со работата на проектот, каква задача разработуваа, дали имаа одредени предизвици при наоѓање на решението и зошто секој треба да ги искуси бенефитите од работата на практичен проект за компанија партнер!
Прочитајте го интервјуто подолу за да ги дознаете нивните искуства!
1. Здраво на сите! Анѓела, Катерина и Стефан, вие сте групата студенти која работеше на развивање иновативна маркетинг стратегија за нашиот learning partner TBM Group! Кажете ни нешто за себе, што ве мотивира, што ви е инспирација?
- Стефан: Здраво, јас сум Стефан Миовски, имам 28 години и моментално работам како Digital Marketing Executive во QIH Group. Најмногу ме мотивира слободата и креативноста која ја носи маркетингот како професија и кога овие две работи ќе се поврзат со динамиката која ја носи дигитализацијата, за мене претставува совршена конекција, а воедно и инспирација.
- Анѓела: Здраво, јас сум Анѓела Милошевска и имам 22 години. Најмногу ме мотивира можноста за градење кариера како и креативното размислување за кое секој ден има потреба од дополнителни информации и дознавање на сите новости во светот на дигиталниот маркетинг.
- Катерина: Здраво, јас сум Катерина Дукоска, и имам 28години. Секојдневна инспирација ми е ќеркичката Стела, која секојдневно ме учи дека ние како возрасни, понекогаш треба да го разбудиме детето во себе , кое несомнено е секогаш отворено за нови предизвици и без страв да се впуштиме да научиме нешто ново, без да се откажеме .
2. Главната цел на TBM Group со овој проект беше подигнување на brand awareness и поголемо присуство на социјалните мрежи. Секој од вас имаше посебна задача да изработи, со цел креирање на иновативно заедничко решение. Објаснете ни ги доделените задачи, на што работеше секој од вас?
- Стефан: Мојата главна задача беше изготвување на основна SEO – веб анализа преку која би ги идентификувале главните предизвици, односно SEO проблеми со кои се соочува тимот на ТBM Group. Исто така учествував и во изработка на предлози за подобрување на визуализацијата на компанијата на Twitter.
- Анѓела: Мојата главна задача беше изготвување Social media calendar преку кој ги планирав сите идни објави со точно време и соодветен content за конференциите на тимот на ТBM Group. Исто така учествував и во изработка на предлог кампањи за email marketing.
- Катерина: Мојата главна задача беше да изготвам анализа на клучни зборови и предлог за платена кампања на Google, кои ќе помогнат и ќе придонесат до поголем brand awareness на конференциите на TBM Group.
3. Дел од вас првпат практично работат на реални сценарија за компанија. Имаше ли дел од проектот кој ви „зададе главоболки“ или ви беше попредизвикувачки да го изработите? Како ги надминавте овие предизвици? Како се прилагодивте на нешто што е сосема ново за вас?
- Стефан: Секако дека да! Голем број од работите кои ги извршував беа нови за мене, но со поддршката на моите ментори верувам дека задачите на кои работев јас беа извршени на очекуваното ниво и се надевам успеав да дадам реален придонес на TBM Group.
- Анѓела: Имаше момент кога немав јасна идеја за текстот кој ќе оди во објавите и во мејловите, но тоа беше мала пречка при правење на проектот која успешно ја надминав.
- Катерина: Со оглед на тоа дека се стекнав со супер практично знаење во моделите на SEO и PPC, како и тоа дека работев во TBM и знаев што точно се бара за самото извршување на мојатa задача, можам да кажам дека не се соочив со некои големи предизвици. Но, и самата потврда од менторите со кои имав консултација по извршувањето на задачата ми беше од големо значење.
4. Каков беше вашиот пристап при изработувањето на задачите од проектот? Дали користевте „помош“ од DMI платформата? Дали побаравте помош од менторите или се потпиравте исклучиво на стекнатото знаење?
- Стефан: Искрено дадов сè од себе мојата задача да биде извршена на најдобар можен начин и да биде што поблиску до една анализа која би била извршена од страна на професионалец. Да, побарав помош од мојот ментор и добив одлични насоки како мојата задача треба да изгледа и што се очекува од мене.
- Анѓела: Ги искористив сите достапни ресурси од Galeksia и платформата на DMI и имав доверба во стекнатото знаење.
- Катерина: Ги искористив сите достапни ресурси и стекнатото знаење. Но, од голема помош беше и платформата на DMI, која ти помага ако за некоја ситница не си сигурен да провериш веднаш. Исто така имав консултација со менторите, кои секогаш ни се достапни за било каков совет.
5. Во денешно време од голема важност е да се има competitive advantage на пазарот на труд. Колку сметате дека со примената на знаењата од практичните проекти ќе можете полесно да нудите иновативни решенија за компаниите, со оглед на тоа дека израбтените задачи стануваат дел од вашето портфолио?
- Стефан: Искрено многу, секоја иновација во денешно време е добрeдојдена и секој успех/неуспех од реален проект е големо искуство за секој од нас.
- Анѓела: Многу, секое учество на реален проект е од големо значење за нас, посебно за оние кои се почетници во овој свет на дигитален маркетинг.
- Катерина: Па реално многу помага самото учество на реален проект, затоа што секогаш појасна слика имаме кога практично го искористуваме стекнатото знаење. Преку реални сценарија откриваме и со кои предизвици би се соочиле при самото работење.
6. Каков совет би им дале на студентите кои се двоумат дали да се приклучат на некој проект за learning partner?
- Стефан: Да не се двоумат и доколку времето им дозволува да се приклучат на реален проект бидејќи ова ќе им претставува одлична комбинација на теорија и пракса. Само преку реални проекти може да се долови оној притисок и real feeling како би изгледало сето тоа што го изучуваме и правиме во текот на програмата.
- Анѓела: Да не размислуваат туку да ја искористат секоја можност која ќе им се укаже.
- Катерина: Да не се двоумат затоа што нема што да изгубат туку ќе добијат супер можност да се стекнат со практични вештини кои само можат да донесат бенефит.
Неоспорен е фактот дека сè она што теоретски се изучува добива поголема вредност кога е практично пременето. Особено е важен фактот што проектите на кои работат студентите на Galeksia се вистински и реални сценарија од компаниите партнери. Во процесот на изработка на проектот студентите имаат можност да одговорат на вистински барања од клиенти, да понудат иновативно решение кое ќе донесе резултати, а за возврат да добијат збогатено портфолио и збогатено знаење!
И ти имаш можност да работиш на наоѓање решение за некоја од компаниите кои се learning partners на Galeksia! Наредната група започнува во септември. Резервирај си место денес!