Се запишав во Galeksia заради професионален раст и развој

Денес ќе се запознаеш со Марија Наумова, професор по француски јазик и магистер по Меѓународни односи и дипломатија! „Новото нормално“ на кое нè навикна Covid 19, работата од дома, и зголеменото онлајн пазарување, ја натераа Марија да се запише на Galeksia и да се стекне со неопходни дигитални вештини!


Целта којашто Марија сака да ја оствари по завршувањето на програмата е да придонесе за развојот на многу бизниси со своите дигитални знаења. Со работата на реален проект за Bella по повод 30 години постоење на брендот, Марија ќе има можност да се соочи со реални сценарија и практично да ги примени своите вештини.


Како оди подготовката за проектот, какви креативни решенија развива и какво ѝ е целосното искуство со Galeksia прочитај во блог постот подолу!




Запиши се!





1. Импресивно е тоа што работиш како професор по француски јазик, имаш диломирано на Филолошки Факултет – „Блаже Конески“ и си магистер по Меѓународни односи и дипломатија! Како се вклопува дигиталниот маркетинг во целава приказна?   



Би рекла дека во мене долго време тлееше желба да го откријам и да навлезам во “светот” на дигиталниот маркетинг, но обврските како професор по француски јазик, посветеноста кон моите ученици, многубројните часови и состаноци не ми дозволуваа целосно да му се посветам на дигиталниот маркетинг.



Но, периодот на пандемијата, кога сите се префрливме на online работа од дома, сфатив колку е важно да си “дигитален” и тоа беше клучниот момент кога одлучив да се посветам на дигиталниот марктинг, а мојот избор без размислување беше Galeksia, бидејќи единствено таму имав можност да се здобијам со светски признат сертификат.



2. Причината заради која се запишуваш на Galeksia е кариерна промена. Зошто се одлучи за кариера во дигитален маркетинг?



Сметам дека мојата енергија и желба за постојано надоградување, како и желбата за личен и професионален напредок ме поттикнаа да се одлучам за кариера во дигитален маркетинг. Пандемијата и кризата со Ковид-19 и тоа како нè научија дека ниту еден бизнис не може да опстои доколку не е digital. Освен тоа, силно верувам дека со знаењата кои ги стекнав во Galeksia ќе можам значително да придонесам за растот на многу бизниси, а се надевам дека еден ќе основам и свој сопствен бизнис.



3. Со група на студенти активно работите на проект за Bella по повод 30 години постоење на брендот. Како одеше подготовката за проектот, кои се нивните очекувања од вашата работа?



Bella е прекрасен македонски бренд за дамска облека со сериозен потенцијал за интернационално проширување. Проектот е по повод 30 години Bella, па со групата сме во секојдневен контакт и се надополнуваме во идеите. Целта на проектот е промоција на брендот кај помладата женска популација, но навистина не би откривала повеќе од ова. Навистина сум пресреќна што ми се пружа шанса да работам за прекрасен македонски бренд кој поместува граници во однос на дизајните што ги нуди.



4. Сите членови во тимот добивте различна задача од целокупниот проект. На што работиш ти?



Јас работам на делот за Social Media и сум задолжена за подготовката и осмислувањето на објавите на социјалните медиуми на Bella. Свесни сме дека социјалните медиуми се можеби една од најмоќните алатки за препознавање односно awareness на еден бизнис, а потоа и негов раст и развој, па тоа треба максимално да се искористи.



5. Кој дел од изработката на Social Media calendar ти претставуваше најголем предизвик?



Воопшто изработката на Social Media Calendar претставуваше голем предизвик за мене. Навидум изгледа лесно и едноставно, но кога работите за еден толку сериозен и голем бренд како Bella, навистина треба да внимавате што ќе објавите на социјалните мрежи. Впрочем, на социјалните медиуми ни се сервираат секаков тип на објави, па навистина е предизвик да го привлечите и задржите вниманието на корисникот, односно вашиот потенцијален купувач/клиент.



6. Твојата група официјално ги заврши предавањата. За кој модул би кажала дека ти е омилен, а кој ти беше најпредизвикувачки?



Прво морам да кажам дека ги имавме најпрекрасните и најпосветените професори, а кога ова е кажано од друг професор важи дупло! Секогаш беа достапни за дополнителни прашања и даваа 100% од себе. Омилени модули ми беа Analytics with Google Analytics и Digital Marketing Stategy. Најпредизвикувачки модули ми беа SEO и PPC.



7. Набрзо ќе го полагаш завршниот тест. Како се подготвуваш за полагањето? Со твоето искуство во образование (и направени многу тестови), кои се твоите корисни tips and tricks за подобра подготовка? 😀



Златен стандард во учењето и подготовката за било кој тест е секојдневното читање на материјалот. Нам, благодарение на Galeksia и DMI олеснет ни е целиот процес на учење бидејќи сме членови на DMI платформата каде што секое предавање го имаме во форма на видео и презентација, а после секоја лекција имаме квизови каде што можеме да го провериме сопственото знаење. Сигурна сум дека сите студенти на Galeksia успешно ќе го положиме тестот и конечно ќе се стекнеме со светски признат сертификат!







Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.

Запиши се и учи со нас!



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче