Anni Farm како Learning Partner ги отвора вратите за студентите на Galeksia

Нашиот тим на ментори и студенти се на почеток на уште една успешна соработка со компанија која е лидер на пазарот во фармацевтската индустрија. Аптеките ДНА Анни Фарм, партнери на светскиот ланец Betty аптеки,  ги отвараат своите врати за предлози и работа на нивен реален проект, со кој студентите ќе можат практично да го изразат наученото.

Ако се прашуваш како изгледа работата на еден дигитален маркетер во фармацевтската индустрија, прочитај го интервјуто со Билјана Божиновска.



1. Аптеките ДНА Анни Фарм повеќе од 10 години се грижат за здравјето и благостојбата на своите клиенти. Како бренд секогаш се стремите кон усовршување на услугите што ги давате. Како дигиталниот маркетинг може да ви помогне во остварување на таа цел?

Главниот фокус ни е да ја зголемиме видливоста на АННИ ФАРМ на социјалните медиуми со што ќе се овозможат повеќе посети на нашиот website преку кој сакаме да имаме зголемена продажба.



2. Каква маркетинг стратегија користи моментално вашата компанија? Дали сте повеќе насочени кон традиционалниот или дигиталниот маркетинг? Со кои предизвици се соочувате?

Повеќе сме насочени кон дигитален маркетинг. Веќе 7 месеци е активирана и нашата online продажба, па работиме на тоа истата да ја зголемиме и приближиме кон сите заинтересирани клиенти кои ја следат нашата страна на сите социјални медиуми.



3. Зошто одлучивте да станете learning partner на Galeksia? Што беше клучно во одлуката да започнете ваква соработка?

Ми се допаѓа креативноста на Galeksia да работи на практични проекти кои не се само   од помош за компаниите кои ги користат овие услуги, туку и на студентите кои се обучуваат преку конкретни проекти кои ги бара клиентот.



4. Како мисијата на Galeksia се поистоветува со вашата?

И нашата мисија е обука на луѓето во превенција на здравјето, и секогаш профитот како крајна цел е добиен врз основа на работа која не исполнува и секогаш ни дава енергија да бидеме поразлични од останатите. Впрочем тое е основата на секој успех – автентичност и љубов во сѐ што осмислено и сработено од нас.



5. Ќе имате можност заеднички да соработувате со нашите студенти. Што е она што учесниците на програмите може да го очекуваат од една ваква тимска работа на практичен проект?

  • Несебично споделување на сите позитивни и негативни искуства во различни маркетинг активности низ годините. 
  • Умешност да се сработи нечија замисла и идеја преку различните погледи на секој поединец во тимот.
  • Можност да се организираат и координираат зададените задачи според способноста на секој поединец во тимот. Само така на крај ќе имаме успешно сработен проект  со заеднички сили и задоволство на секој поединец за вложениот труд.


6. Како нашите студенти можат да ги искористат нивните вештини по дигитален маркетинг во бизнис од фармацевтската индустрија? Дали имате конкретни цели за претстојниот период за кои би можеле да ви помогнат? Кои се вашите очекувања?

Сите студенти се корисници на некој фармацевтски препарат. Сигурно секој од свој агол знае што е она што му пречи во делот на дигиталниот маркетинг на аптеките и што лично му недостасува како информација или услуга.

Секоја аптека треба да понуди во доменот на фармацевтска грижа нешто по што ќе се одвојува од останатите и ќе ја прави препознатлива во мноштвото понуди кои ги има во дигиталните мрежи. Секој искрен совет е добредојден. Доволно е за почеток да ги погледнат и анализираат нашите објави и да дадат нивно видување.



7. Во која насока би се движеле маркетинг активностите на кои ќе работите со нашите студенти како learning partner? За која функционална област од дигиталниот маркетинг би сакале студентите да работат на вашиот бренд?

  • Каде е АННИ ФАРМ во однос на конкуренцијата?
  • Што би промениле?
  • Што ви се допага и би задржале?
  • Како би го спровеле проектот YouTube канал за здрави навики и здравствени совети?


8. Според вас, дали во Македонија е доволно развиен ваквиот тип на соработки преку кои компаниите им даваат можност на студентите практично да ги применуваат своите знаења? Колку компаниите се отворени да применат нови идеи од студенти кои се развиваат во сферата на дигиталниот маркетинг?

За жал има многу малку компании кои ја даваат оваа можност и затоа вашите студенти имаат среќа што обуката ја спроведуваат преку реални проектни задачи. А, за жал, и не многу компании се спремни отворено да ги изложат своите маркетинг идеи и проекти за работа на студенти. Но, по тоа што сме единствени, меѓусебно се препознаваме. „Човек кој не умее да даде не може ниту да добие “



9. Што би им препорачале и на другите домашни компании во однос на ваквите соработки и кои се бенефициите кои ги добиваат  компаниите и студентите?

Без никаков сомнеж секој кој сака да има успех во својата работа треба да го следи овој начин на соработка. Бенефит имаат двете страни.





Можноста која learning partner-те на Galeksia ти ја даваат има огромно значење. Ќе имаш прилика да работиш на реален проект од почеток до крај и да ги примениш и усовршиш своите знаења.

Не чекај повеќе. Направи го првиот чекор кон твојата успешна дигитална трансформација. Те очекуваме!



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче