Клучот за успех е следење на дигиталните маркетинг трендови

Секој што ќе го слушне името „Bella“ веднаш помислува на успешен македонски бренд кој низ годините успева да ја истакне женската убавина. Тајната состојка во рецептот за успех според нив, е постојано да бидеш во чекор со трендовите и да се фокусираш на реализирање на твојата идеја.

Bella е наш learning partner, кој на студентите им дава шанса да ги применат во пракса своите знаења работејќи на дигитални маркетинг стратегии. По повод 30 години постоење на брендот, учесниците на програмата на Galeksia ќе работат на јубилејна кампања. Stay tuned за повеќе детали!

Ја прашавме Анита Христовска, маркетинг менаџер на Bella, да ни открие колкава е важноста од квалитетна дигитална маркетинг стратегија за една компанија од модната индустрија.

Прочитајте повеќе во интервјуто со Анита!


1. Bella постои веќе 30 години на нашиот пазар како синоним за женска елеганција и префинетост. Дали и како постојаната промена на технологијата и дигиталниот свет влијаат на вашиот бизнис?

Не ни влијае многу бидејќи и самата работа е доста дигитализирана, а и следиме трендови во однос на дигитален маркетинг и се што е поврзано со дигиталниот свет.



2. По што се разликува маркетинг стратегијата на Bella од стратегијата на конкурентите?

Може да се истакне тоа што имаме чести соработки со нови личности од нашиот пазар. Најчесто тоа е фотографирање за Lookbook и Editorials што ни овозможува да користиме свои, а не готови фотографии.



3. Какви бенефити добивте од примената на дигиталниот маркетинг во вашиот бизнис?

Најголеми бенефити се гледаат во Brand Awareness, Brand Recognition и создавање на т.н. Brand DNA.



bella-learningpartner-galeksia


4. Зошто решивте да соработувате со Galeksia како learning partner? Што беше клучниот момент кој ве поттикна на ваква соработка?

Дефинитивно тоа што овозможува глобално признат сертификат.



5. Оваа година се одбележува 30тиот роденден на Bella. Студентите на Galeksia ќе имаат можност да работат на дигитална маркетинг стратегија по тој повод. Кои се вашите очекувања од ваквата заедничка работа за овој голем настан?

Да се зголеми brand awareness на македонски бренд кој постои 30 години, а притоа ултра модерен кој треба да таргетира помлада публика. Односно зголемување на свесноста на публиката за тоа дека брендот освен Basic т.е Прима (деловна линија) и Bella Lure (свечена линија), го проширува портфолиото со 2 нови категории Smart и Leisure.

Овој факт бара таргетинг на помладата публика. Како да се стигне до неа, какви кампањи да се користат – интересни интеракции за помлада публика. Конкретни предлози за нови кампањи и алатки поврзани со овој проект. Нови свежи идеи кои не се користеле досега од нашата компанија.



6. Дали би ни откриле неколку детали околу маркетинг активностите на кои ќе се фокусираат студентите на Galeksia?

Дел од маркетинг активностите на кои ќе се работи се зголемување на Social Media Awareness преку креирање различни кампањи за целите на проектот. Исто така, фокусот е на создавање нов слоган за следните 30 години.



bella-mk-learning-partner-galeksia


7. Како знаењето за дигитален маркетинг може конкретно да се примени во компанија од модната индустрија?

Еден аспект е подобрување на SEO. Друг аспект е давање нови идеи за зголемување на интеракцијата со публиката и клиентите преку профилите на Facebook и Instagram. И како што веќе напоменав, зголемување на brand awareness и приближување кон помладата публика.



8. Нашите студенти учат по сертифицирана програма за дигитален маркетинг од Digital Marketing Institute-от во Ирска. Како комбинацијата на нивните знаења и креативното размислување можат да ви помогнат во доразвивање на моменталната маркетинг стратегија којашто ја имате?

Интересни предлози за нови кампањи поврзани со проектот и зголемување на присуството на пазарот на самиот бренд.





9. За крај, како успешна компанија со докажан квалитет, што би им препорачале на студентите кои се на почеток на својата кариера во дигитален маркетинг?

Да ги следат трендовите и да бидат постојано присутни со својот бренд/работа/идеја/цел бидејќи постојаноста е важен клуч за успех. Особено во последно време истакнати се дигиталните трендови како и самиот маркетинг без кој ниедна компанија не може да функционира и напредува.

Велат: „Лесно е да стигнеш до врвот, но потешко е да се одржиш горе.“





Брзото време и дигиталната трансформација ја прават примената на дигиталниот маркетинг клучна за успех на секој бизнис. Токму затоа, побарувачката за дигитални маркетери е поголема од било кога!

Со програмите на Galeksia ќе научиш како да креираш успешна бизнис приказна и ќе имаш можност практично да ги применуваш твоите знаења преку работа на реални проекти за лидерите од најразлични индустрии!



Уписите се во тек! Запиши се тука.



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче