Верувам во учење, работа базирана на резултати и надоградување

Наташа e ментор на Galeksia за Paid Search (PPC) with Google Ads, Google Display & Video Ads. Taa e искусен професионалец во полето на дигитален маркетинг со широк спектар на вештини и искуство во различни области и ндустрии.


Најмногу работи како професионален дигитален мarкетер со акцент на Google Ads.


Во интервјуто можеш да дознаеш повеќе за нејзниот кариерен пат, нејзиното мислење за иднината на дигиталниот маркетинг и важноста на Google Ads за секој кој што сака да се занимава со дигитален маркетинг.


Доколку сакаш да бидеш дел од предавањата на Наташа и си заинтересиран за некоја од програмите на Galeksia, тестирај го твоето знаење и откриј дали токму оваа професија е идеална за тебе.

1. Раскажи ни како започна твојата кариера и како се развиваа твоите вештини со текот на времето?


Мојата кариера започна пред 7 години како практикант во една од првите маркетинг агенции во државата, за низ годините да водам и тимови за маркетинг и да соработувам со одлични професионалци од индустријата.

Никогаш не замислував дека кариерниот пат ќе ми се развива во маркетинг индустријата, меѓутоа со тек на време ја засакав професијата и ентузијастички продолжив да ја градам.

Јас сум од типот на луѓе кои никогаш нема да речат дека доволно знаат за некоја индустрија – јас верувам во учење, работа базирана на резултати и надоградување.

Дигиталниот маркетинг е поле кое динамично се менува. Правилата се менуваат, играта се менува константно.

2. Зошто се насочи кон Google Ads а не друга функционална област од дигиталниот маркетинг, што е она што ти се допаѓа во твојата работа?

Јас не би рекла дека сум насочена само кон Google Ads – иако е нешто кое го работам со особена љубов. Сметам дека колку повеќе вештини има еден маркетер во оваа област, толку подобро ќе ја работи својата работа и ќе разбере како може да стигне до резултати со повеќе алатки. Сестраноста е доблест во оваа област.

3. Како се изменило пребарувањето на Google во последнава година?

Кога некоја девојка би ја прашале исто прашање пред и по една година што преферира: високи потпетици или удобни патики одговорот би бил комплетно различен.

Навиките се менуваат, интересите на луѓето се менуваат, условите се менуваат а со тоа и трендовите на пазарот и нормално она што го пребаруваат се менува константно.

4. Што е клучно да се знае за успешни платени реклами?

Магична формула нема – иако постојат правила кои потребно е да се знаат и применат. Од кампањите се учи постојано. Сите индикатори се пред вас, потребно ви е само време, посветеност истражување и секако оптимизиран веб сајт и landing страни.

5. Сподели искуство за интересен проект на кој си работела, а кој значително влијаел на твојот развој – што научи и што е она кое можеш да го споделиш како искуство?

Последниот проект на кој работам е еден од проектите кој посебно ме инспирира затоа што се работи за развој на платформа за online настани со функционалности какви што досега нема на пазарот.
Мојата улога е секако во маркетинг делот меѓутоа со простор постојано да учам.

6. Што е поважно, креативност или поголема продажба?

Кога би го гледала ова од аспект на мојата професија – секако продажба.

Сама по себе таа подразбира неизбежна креативност затоа што за да се продаде треба да се пронајдат и испробаат сите можни креативни начини, пристапи и канали (овој пристап се применува и кај Google Ads воедно).

7. Кога маркетинг кампањата или проектот оди кон пропаст, како реагираш и што е она што го правиш?

Она што добро било испланирано не може да води кон пропаст, едноставно може да се видоизмени и прилагоди кон новонастанатите услови. Секогаш постои начин! 

8. Што нè очекува од платените реклами на Google во иднина?

Промени прилагодени кон начинот на кој пребаруваме, динамиката со која се движиме, уредите на кои пребаруваме и начините на кои купуваме.

9. Кои извори на информации и блогови ги следиш, кои се инспиративни за тебе и претставуваат добри практики, за да бидеш во тек со најновите случувања?

Neil Patel го има еден од најинспиративните и корисни блогови од кој не би се откажала. Следам и други, меѓутоа не би рекла дека се во неговиот ранг.

10. Што да очекуваат идните студенти на Galeksia, што е она што ќе го научат од тебе а ќе им помогне професионално?


Google Ads  е покомплексна тематика за оној кој прв пат се сретнува со истата. Има доста параметри, содржини, правила и начини на креирање на самите реклами а воедно оптимизирање и мерење.


Она што може да го очекуваат од мене е поедноставен пристап кон тематиката и корисни совети кои полесно ќе им помогнат да започнат со креирање на своите први успешни кампањи


Дигиталниот маркетинг е сфера која што непрекинато расте и секој ден можеш да научиш нешто ново кое што ќе ти помогне да напредуваш.



Програмите на Galeksia се креирани професионалци во индустријата кои што работат во Google, LinkedIn, Microsoft, CocaCola,IBM, AccuWeather или се сопственици на свој светски познат бизнис како Mobile Monkey, TopRank Marketing, Neil Patel Digital.


Уписите за програмата Professional Diploma in Digital Marketing се во тек. Не ја пропуштај можноста да се стекнеш со врвна едукација и сертификат признат на глобално ниво.

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче