Верче Карафилоска е продукт маркетер и Copywriting/Messaging консултант со повеќегодишно искуство како соработник на B2B, SaaS и eCommerce компании во земјава и во светот.
Фокусот на Верче е лансирање нови производи како и појаснување на постоечки понуди, со цел подобро позиционирање и конверзија на lead-ови во клиенти.
Од Верче ќе научиш како да создадеш содржини со одредена цел, да избегнеш нејасни пораки и понуди, да ја приспособиш твојата порака на соодветниот канал и кампања, и како да ги поврзеш твоите content иницијативи со она кон коешто се стреми секоја компанија: профит.
▪️ 5 годишно искуство во B2B, SaaS и ECommerce сферата;
▪️ Реализирани над 100 проекти за клиенти од земјава и странство;
▪️ 1000+ email секвенци за клиенти од 25+ различни индустрии;
▪️ 20+ веб страни;
▪️ 100+ блогови.