Учесниците на програмата на Galeksia се луѓе со различни позадини и примарни професии. Наш последен соговорник беше Кристина, компјутерски инженер и Project Coordinator со долгогодишно искуство.
Амбициозна, посветена и неуморна во потрагата за квалитетно дополнително знаење.
Таа потребата од надоградба во областа на дигиталниот маркетинг ја приметила во секојдневното работење на многу интернационални проекти, во кои на еден или друг начин дигиталниот маркетинг се провлекувал во некоја од неговите форми.
Повеќе за оваа девојка која ќе те мотивира и ти што побрзо да се вклучиш во глобалната дигитализација, прочитај во продолжение.
Накратко престави се себе си. Која е Крстина?
Јас сум Кристина Цвитко, дипломиран инженер на ФИНКИ на смерот Примена на Е-технологии.
Работам како freelancer веќе 6 години и имам стекнато големо искуство во областа на проектниот менаџмент, социјалните медиуми и веб дизајнот.
Секогаш вложувам труд и време во надградување на моето знаење и следење на новите дигитални трендови. Тоа го правам со курсеви за кои јас сметам дека ќе ми помогнат во мојата кариера како што се курс за графички дизајн, Microsoft курсеви и моменталниот курс за дигитален маркетинг на Galeksia.
Имам огромна желба да патувам и да откривам нови места кои ќе ме научат нешто за различните култури во светот.
Своето слободно време го користам во патување, интензивно вежбање и по некоја Netflix серија.
Ме инспириират амбициозни млади луѓе кои знаат што сакаат и не се плашат тоа да го остварат.
Зошто го избра дигиталниот маркетинг и програмата на Galeksia за твојот кариерен напредок?
Дигиталниот маркетинг го избрав затоа што постојано работев нешто поврзано со истиот за овие 6-7 години. Дали тоа ќе беше работа на социјалните медиуми, испраќање email кампањи, креирање content и слично, јас секогаш на еден или друг начин полека го применував во секојдневното работење.
Свесна сум дека светот се движи во насока на уште поголема дигитализација и затоа сакам да бидам дел од новите трендови преку дигиталниот маркетинг.
Долго време се мислев да го утврдам и надоградам веќе постоечкото знаење за дигиталниот маркетинг. Направив мало истражување во врска со компаниите во Македонија кои нудат ваков тип на обука и заклучив дека она што го нуди програмата за Сертифициран Дигитален Маркетер на Galeksia е токму онаа што го барав и ми треба.
Откако ја разгледав програмата и предавачите знаев дека тука ќе го добијам најквалитетното знаење и тоа од професионалци во различни сфери на Дигитален Маркетинг.
Како досегашните модули ти помогнаа во секојдневното работење како Project Coordinator?
Многу ми помогна модулот за креирање на содржина и модулот за социјалните медиуми.
Научив како да се креира релевантна и квалитетна содржина која нема да ги заморува луѓето, а во исто време и ќе научат нешто ново.
Модулот за социјалните медиуми ме подготви за тоа како да знам кога е вистинското време за пуштање кампања, како да ги разберам резултатите од истата и да направам промени во пристапот.
Благодарејќи на знаењето стекнато до сега, посигурна сум дека проектите кои ги менаџирам ќе имаат позитивен резултат.
Кои се твоите впечатоци од досегашната обука на Galeksia?
Досегашната обука на Galeksia ги надмина скоро сите мои очекувања во врска со квалитет на содржина и начин на предавање кои ги имав поставено. Навистина една голема посветеност, толерантност, пријатна атмосфеа и дружење кое ме испонува и ме мотивира да продолжам да се движам во насоката на дигиталниот маркетинг.
Што за тебе значи да се биде дигитален маркетер во ова брзо и динамично време?
Да се биде дигитален маркетер во оваа време значи секојдневно да се посвети барем 1-2 часа на истражување на таа тема. Да се следат онлајн трендовите и да се надградува знаењето.
Кои се твоите планови на професионален план, по завршувањето на програмата и полагањето за светски признат Pearson VUE сертификат?
Планирам да го применам стекнатото знаење во работата која моментално ја работам, да придонесам за поуспешно комплетирање на проектите кои ги водам.
Исто така да бидам спремна да прифатам проекти кои се целосно поврзани со дигиталниот маркетинг и еден ден да имам своја компанија каде ќе го применам оваа знаење.
Каков совет би им дала на идните студенти на Galeksia?
Ако сакате да сте во тек со дигиталните трендови во светот и имате желба за успешна кариера тогаш Galeksia би била правиот избор за вас.
Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.