Сите сме свесни дека социјалните медиуми го сменија начинот на кој живееме. Од начинот на кој ги добиваме најновите информации до начинот на кој комуницираме со најблиските. Тие се дел од нашето секојдневие и нивното користење е од голема важност за било кој бизнис.
Од нивното појавување, па до денес, социјалните медиуми експоненцијално растат и замислете – сè уште го немаат достигнато врвот на својата популарност.
Платформите за социјални медиуми се единствени во начинот на кој комуницираат со клиентите. Не само што обезбедуваат платформа на која корисниците добиваат информации и можат да комуницираат со брендовите, туку тие исто така нудат и безброј можности за споделување на содржините создадени и од бизнисот и од корисникот.
Ако прашањето е дали вреди да се инвестира во социјалните медиуми и дали маркетингот на социјалните мрежи треба да биде фокус во вашата маркетинг стратегија, одговорот е дека во никој случај не треба да се игнорира маркетингот на социјалните мрежи. Ако ја таргетирате вашата содржина кон социјалните медиуми кои ги користи вашата целна публика, ќе бидете успешни.
Кои се 10-те најинтересни статистички податоци за моќта на социјалните медиуми?
1. Број на корисници на социјални медиуми
Бројот на корисници на социјалните мрежи постојано се зголемува низ целиот свет и заклучно со јануари 2020 година изнесувало 49% од вкупното население (околу 3.8 билиони).
Оваа бројка се очекува да порасне кога ќе се доразвијат дигиталните пазари на понеразвиените земји. Најголемиот дел од глобалниот раст на социјалните медиуми е воден од зголемената употреба на мобилни уреди.
2. Најпопуларни социјални медиуми
Facebook е сè уште лидер на пазарот.
Оваа социјална мрежа беше првата која надмина една милијарда регистрирани корисници, а денес може да се пофали со приближно 2,5 милијарди месечни активни корисници, што ја прави најпопуларна социјална мрежа во светот.
За споредба, апликацијата за споделување фотографии Instagram (која исто така е во сопственост на Facebook) има една милијарда месечни активни корисници.
3. Просечно време кое корисниците го поминуваат на социјалните мрежи
Просечното време на ден поминато на социјалните медиуми е различно, во зависност од земјата.
Истражувањата покажале дека корисниците во САД поминуваат приближно 1 час и 22 минути секој ден користејќи социјални медиуми. Филипините се рангирани на првото место со просечно поминати 4 часа и една минута на социјалните мрежи секој ден.
Земено глобално, луѓето поминуват околу 2 часа на социјалните медиуми, нормално просечната бројка е поголема доколку се земе во предвид само помладата популација.
4. Најголем раст за 2020
Се очекува најголем раст од социјалните платформи да доживее TikTok. Оваа платформа веќе има околу 800 милиони корисници од целиот свет, а бројот на нови корисници секојдневно се зголемува.
5. Популарноста на видеото како формат продолжува да расте
Најкористена платформа после Facebook, e видео споделувачката платформа, YouTube.
Популарноста на видеата продолжува да расте, а евидентен резултат за тоа се популаризацијата на IGTV на Инстаграм и секако, релативно новата платформа TikTok.
Благодарение на Фејсбук, ЈуТјуб, Инстаграм со IGTV и ТикТок, видеото е една од најпопуларните форми за маркетинг на социјалните медиуми денес.
6. Корисници на социјални медиуми
Емаркетер направиле истражување кое генерациски ги дели корисниците на социјални медиуми.
90.4% од Милениумската генерација (The Millenials), 77.5% од генерацијата X (Gen-Z) и 48,2% од Бејби Бумерите (Baby Boomers) користат социјални медиуми
Разбирањето на оваа статистика на социјалните медиуми може да ви помогне да утврдите која платформа би можела да биде од најголема корист при маркетингот на вашиот целен пазар.
7. Пребарување на нови производи и брендови
Истражувањата на GlobalWebIndex покажале дека повеќе од 4 од 10 потрошувачи ги користат социјалните мрежи за истражување на нови брендови или производи. Социјалните медиуми веќе ги надминаа пребарувачите како водечки канал за истражување на производи.
8. Потрошувачите ги следат брендовите на социјалните медиуми
Според истражувањата, скоро една четвртина од дигиталните потрошувачи сакале да следат или заследеле бренд на социјална мрежа во изминатиот месец.
Многу корисници го ценат гледањето на брендирани или важни содржина споделени од нивните омилени брендови и производи.
9. Зголемено користење на чат-бот
Да се биде тука за килентите и потенцијалните клиенти е секогаш од голема важност. Враќањето на нивни прашања и обезбедување на информации кои тие ги бараат, секогаш позитивно се одразува на бизнисот, односно компанијата.
Употребата на chatbots во сите индустрии расте. Според проценките, повеќе од 67% од компаниите ширум светот користеле chatbot за поддршка на клиентите во изминатата година.
10. Влијание
Повеќе од 71% од потрошувачите кои имале позитивно искуство со бренд на социјалните медиуми, најверојатно, ќе им го препорачаат брендот, односно производот или услугата на своите пријатели и семејството.
Преку интеракција со клиенти на социјалните медиуми, им покажувате дека се грижите. Овој чекор може да ви помогне многу при градење позитивни односи со клиентите.
Заклучок
Социјалните медиуми продолжуваат да бидат важна платформа за комуникација и маркетинг. Ако сте заинтересирани да ги користите социјалните медиуми во своја полза, станувањето на професионален дигитален маркетер сигурно ќе ви звучи како одлична идеја!
Дознајте ги алатките и технологиите кои ви се потребни за да се сносите со предизвиците на дигиталниот маркетинг со стекнување на знаење преку некоја од програмите на Galeksia.