Програмата вклучува сѐ што треба да знае еден дигитален маркетер

Учесниците на нашата програма се професионалци и ентузијасти за дигитален маркетинг.


Овој пат разговараме со Таулант, позитивен и енергичен млад дигитален маркетер. Економист по професија и во константна потрага по начини за личен и професионален раст.


Дигиталниот маркетинг го има привлечено со предизвиците кои секојдневно ги носи, а планира и своето стекнато знаење еден ден да го споделува со сите што сакаат да учат повеќе за оваа индустрија.


1. Здраво Таулант, ти си првиот од нашите студенти кој ја промени кариерата во текот на едукацијата во Galeksia. Кажи ни нешто за себе, кој е Таулант?


Јас сум Таулант и имам 24 години. Вработен во BtoBet, горд студент на Galeksia, дипломиран економист на Меѓународен Балкански Универзитет со голема страст за скоро сите спортови и со животно мото “Believe”.


2. Во твоето богато професионално искуство, имаш работено во различни компании, меѓу кои и организација на настани низ светот. Што те мотивираше да се насочиш кон едукација за дигитален маркетинг?


За мене отсекогаш било многу важно да пробувам и да учам нови работи. Со работење во маркетинг сектор, дигиталниот маркетинг го сфатив како предизвик за кој мора да се учи константно. Сето ова ме мотивираше да вложам во себе и да научам повеќе за оваа индустрија, освен од секојдневното практично работење.


3. Што беше пресудно за да се одлучиш за програмата за Certified Digital Marketing Professional на Galeksia?


Едно од главните нешта за мене беше самата програма, која вклучува се што треба да знае еден дигитален маркетер. Освен тоа, добивањето на глобално признат сертификат е огромен успех, што ја прави Galeksia уникатна во ова поле и што за мене беше клучно за запишување на програмата.


4. По само 2 месеци учење на Galeksia, веќе се вработи во нова компанија, на позиција Market Development & Lead Generation Specialist во BtoBet. Како ти помага знаењето стекнато во Galeksia на новата работна позиција? 


Многу ми помогна, посебно во делот на генералното разбирање на маркетинг процесот и фукционирањето на целиот маркетинг сектор, а не само на моите работни задачи и работни функции. Ова беше клучно за мојот секојдневен напредок. Нештата што ги научив до сега ми дадоа различна перспектива кога ги среќавам во пракса, најмногу за тоа како се развива самиот процес.


5. Според тебе, која е клучната вештина што треба да ја поседува еден млад човек за да успее во светот на бизнисот и дигиталниот маркетинг?


Мислам дека еден млад човек треба да поседува повеќе вештини за да биде успешен во бизнисот и дигиталниот маркетинг. Најпрвин, способноста за брзо донесување на одлуки, за која треба многу работа и труд, способноста да се биде трпелив, затоа што ништо не се постигнува преку ноќ и најпосле како најбитно е да се биде посветен на работата и неуморно да се работи, затоа што тоа со ништо не може да се замени.


6. Кој од модулите изучени до сега најмногу те привлече? 


Иако не е тоа професијата која што ја учев, многу ја сакам психологијата. Па така, Content Marketing за мене до сега беше најатрактивниот модул, затоа што ти дава до знаење колкава моќ всушност имаат зборовите. Освен тоа, Social Media Marketing беше одличен модул, затоа што е клучен во денешно време за било кој дигитален маркетер и содржи многу корисни метрики.


7. Моментално, програмата на Galeksia се одвива он-лајн. Што мислиш, кој е најголемиот бенефит од учењето он-лајн?


Учењето он-лајн е дифинитивно нешто на што сите сеуште се привикнуваме, но како и да е, јас лично гледам неколку бенефити од него. Првото е дека го подобрува карактерот на еден студент, затоа што со него се учи самодисциплина и менаџирање на времето.


Функцијата која јас ја сакам најмногу, е можноста предавањата да се снимаат и ако нешто немате добро разберено повторно да го слушанете, колку пати сакате.


8. Каде ја гледаш твојата кариера во иднина? Кој е твојот план по положувањето на сертификатот за CDMP? Дали сакаш да го искористиш знаењето за твојата моментална позиција или можеби планираш да напредуваш уште подлабоко во одредена област од дигиталниот маркетинг?


Мојот план е да продолжам да учам уште повеќе, а можеби дури и да станам PDDM. Мојата основна цел е константно да напредувам. Планирам да го искористам ова ново знаење за мојата моментална работна позиција, за моите наредни позиции, а еден ден планирам и да ги споделувам моите знаење со идни дигитални маркетери.


9. Што би ги советувал професионалците кои се уште не се сигурни дали треба да ја променат својата кариера во насока на дигитален маркетинг?


Никогаш не е доцна, дури иако сте посветиле многу години на нешто друго. Најважно е да пронајдете што е тоа што ве возбудува. Ако дигиталниот маркетинг го прави тоа, тогаш не постои подобро место за да го направите тоа од Galeksia.

Дигиталниот маркетинг е поле кое се надградува и обновува секојдневно. Секогаш ќе имате нови работи за учење, вредни за личен и за професионален раст. 


Краен заклучок: Во времето додека да ја прочитате последнава реченица, 20 милиони emails веќе се испратени. 🙂



Не чекајте и пријавете се уште денес!
Уписите за новиот термин за Certified Digital Marketing Professional се во тек. Early bird попустот од 40% трае до 12ти мај.


Учете по глобално сертифицирани програми од Digital Marketing Institute, кој претставува светски стандард за едукација по дигитален маркетинг.


Аплицирајте тука!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче