Три златни правила за онлајн продажба

Во 1994 година, кога била извршена првата успешна трансакција за продажба преку интернет, сигурно никој не ни претпоставувал во што ќе прерасне таа идеја. Но, еве нè денес, 26 години подоцна, во време кога онлајн продажбата и онлајн купувањето се секојдневие и се е достапно на неколку кликови од нас.


Дигиталниот свет е огромен и преполн со информации, жива материја која секојдневно расте. За да воспоставите поширока покриеност на пазарот, таргетирате купувачи што се во потрага по производи какви што вие нудите, но и за да изградите препознатлив бренд од доверба, задолжително мора да овозможите онлајн продажба. 


Од каде да почнете? Кои се тие правила на игра во e-commerce? Што треба да направите за да имате успешна онлајн продажба? Не за џабе рекле дека комплицираните прашања имаат едноставни одговори. Во продолжение прочитајте ги одговорите на неколку главни прашања.

 

Оптимизирана веб-страница за одлично кориснично искуство

Најпрво, секако треба да креирате веб страна за онлајн продажба. Доколку имате веќе постоечка, таа би морала да се оптимизира за да ги задоволува потребите на онлајн продажба. Како техничките, така и визуелните.


Дизајн прилагоден спрема корисникот


Веб-страницата треба да има “чист” дизајн со кој што ќе овозможите вниманието на корисникот да биде насочено кон конкретните детали кои ви се најважни. Ако го пренатрупате дизајнот, не само што нема да биде разбирлива содржината, туку и ќе изгубите потенцијални клиенти. Со истражувањата правени за конкретната тематика, констатирано е дека најголем број на луѓе прво листаат низ страната без да читаат и го набљудуваат само генералниот дизајн. Ако не им оставите позитивен впечаток, нема да вложат време за да ги прочитаат содржините. Не сакате да изгледа како да немате вложено време за да ја средите вашата веб-страница.


Исто така мора да направите баланс меѓу промотивен и информативен материјал за производите. Не треба премногу силно да настапите, туку суптилно да го водите корисникот низ содржината. Целта е да им биде што по пријатно на клиентите и што е можно подолго да останат на страницата


Најголемиот процент на корисници, нема да дојдат на вашата страница и веднаш да купат. Купувањето е процес. Прво треба добро да се запознаат со вашите производи или услуги.


Content is King


Податоците за производите треба да бидат секогаш точни и целосни. Поделете ги во што е можно повеќе категории. Фотографиите што ги користите треба да се со одличен квалитет, задолжително. Треба да го претставуваат производот од повеќе агли, ако има можност дури и во реална големина. Користете и фотографии со луѓе, тоа го прави пристапот поприроден. Иако искуството е виртуелно, доживувањето треба да биде што е можно пореално.


Безбедно и брзо онлајн купување


И последно, но премногу важно, процесот на онлајн купување. Техничнкиот дел на овој аспект треба да биде беспрекорно решен. Вашите клиенти треба да се сигурни дека нивните податоци се заштитени. Исто така, самиот процес треба да биде што е можно пократок. Нема потреба од задолжителни полиња за многу податоци или голем број на чекори со кои што само ќе ја зголемите нетрпеливоста. Сакате некој што потрошил толку многу време да се одлучи, плаќањето да го направи што е можно побрзо.

 

Промоција на брендот и содржините

Откако ќе ја оптимиризате вашата веб-страница, истата мора и да ја промовирате. Да имате онлајн продавница без маркетинг стратегија е исто како да отворите продавница во среде пустина. Мора да ги „однесете” луѓето таму.


Истражи, па одлучи


За креирање успешна стратегија, најважни се собраните податоците на која таа се заснова. Истражете ги вашите идеални клиенти. Истражете ги вашите конкуренти. Истражувањето е клучот за успех. Дигиталниот маркетинг нуди многу начини и алатки за истражување и “слушање” на публиката и пазарот. Искоритете ги сите. 


По извршеното истражување поставете си јасни цели и насоки. Можеби ова ќе ви се чини како многу “школски” и теоретски пристап, но од постигнатите резултати, ќе видите дека вака е полесно за целата компанија побрзо да ја постигне целта.


Моќта на социјалните мрежи


Вашата е-commerce продавница поврзете ја со профили на социјалните мрежи. Искористете ги овие канали за промоција на истата. Не заборавајте, профилите на социјалните мрежи треба да се соодветно изберени според индустријата. 


Многу компании погрешно ги разбираат социјалните медиуми и нивната улога во дигиталниот маркетинг. Пристапете им како професионалец, но за содржините изберете “тон на глас” што одговара за вашиот бизнис. Не користете ги само за промоција, бидете поприродни и користете хумористични содржини. Тоа е исто како да отидете на роденденска забава и да држите говор за тоа како бизнис климата влијае на вашата работа.


Digital marketing is King


За промоција на вашиот бренд користете ги и преостанатите канали од маркетинг миксот. Еден од најуспешните начини е e-mail маркетинг. Со ова лично му пристапувате на секој корисник. За различни групи што извршиле различни активности на вашата веб страна, може да направите посебен пристап. Исто така може да ги таргетирате и со различен попуст и причина за пак да се вратат на вашата онлајн продавница. Дигиталниот макетинг ви нуди правење на најразлични филтри според сите структури на корисницитe. Имате моќно оружје за да остварите успех од огромни размери. Искористете го. 

 

Беспрекорна корисничка поддршка

 

За да имате успешна онлајн продавница, никако не треба да ја занемарите и последата фаза од патот на купувачот – задржување на стекнатите клиенти.  Ова е посебна и многу важна група. 


Овие луѓе што веќе ве знаат и ги имаат купено вашите производи, може да ги таргетирате за посебни кампањи и попусти, со помош на алатките на дигиталниот маркетинг.


Вашиот тим задолжен за следење на доставата на производите, треба секогаш навремено и точно да ги информира клиентите за нивните нарачки. Да биде секогаш достапен за дополнителните прашања, но и за непосакувани проблеми или поплаки.


Иако луѓето се почесто купуваат онлајн, сакаат да се чуствуваат како во својата локална продавница, почитувано и како дел од заедница.


Вложете дополнителен труд и внесете персонифицирани пораки во секој пакет со продукт што го испраќате. Ваквите мали ситници значат многу. 


Може да покажете дополнително внимание и за родендените на вашите лојални клиенти. Пратете смс порака, купон со попуст или подарок.  


Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче