Дали сакате да научите како да го зголемите бројот на посетители на вашата веб-страница и да постигнете повисоко рангирање за клучни зборови што можат да резултира со продажба на вашиот сервис или производ?
Тогаш треба да научите сè за SEO, односно Search Engine Optimization и да станете професионалец во ова поле.
Без разлика дали вие ја креирате содржината за вашата веб-страница, бројот на кликови, односно посети е важен. Кога се зголемува органскиот сообраќај, исто така се зголемува и бројот на потенцијални клиенти. Затоа SEO е доста важно кога станува збор за органско добивање на посети.
Што всушност претставува SEO?
Со SEO се оптимизира пребарувачот, односно се создава содржина која е наменета да го зголеми бројот на посетители на вашата веб-страна преку органски резултати од интернет пребарувачите.
Пребарувачите имаат алгоритми, „роботи“, кои ги скенираат содржините на вашата страница и ги сместуваат на SERPs (Search Engine Results Page), односно на страниците за резултати од пребарувачот. Правилното оптимизирање вклучува знаење и имплементација на повеќе вештини.
Иако креирањето на вашата содржина според SEO изгледа како застрашувачка задача, лесно е да се сфати кога ќе одвоите време да научите како работат пребарувачите и како можете да ја прилагодите содржината за да добиете резултати од највисоко рангирање.
SEO е уникатно поле што ги спојува креативната содржина и барањата на алгоритмот на пребарувачот. SEO професионалец пишува содржина која треба да им се допадне и на луѓето и на пребарувачите.
On-Page и Off-Page SEO
On-page и Off-page SEO се практики со кои се оптимизираат веб страни со цел истите да се рангираат повисоко и да добијат повеќе посетувања.
On-page SEO се однесува на подобрување на содржината и HTML кодот на веб страната и сите вакви оптимизации се внатрешни, односно се случуваат на самата страна.
Off-page SEO се однесува на надворешно оптимизирање и ги вклучува сите т.н. надворешни техники. Во принцип, ова оптимизирање е поврзано со надворешните методи за промоција и вклучува споделување на веб страната од надворешни авторитети.
Разликата помеѓу двете оптимизации е во тоа што оптимизирањето на On-Page SEO во најголема мерка зависи од тоа што самиот сопственик ќе го направи на својата веб-страница. Тоа не е и случајот со Off Page SEO. Ова оптимизирање претставува тековен процес на имплементирање и обработка на податоци, комуникација со сопственици на други веб-страници и многу, многу повеќе.
Без оглед колку луѓето уживаат во она што го пишувате, немате шанси да добиете огромен број на посетители на вашата веб-страница, доколку не се рангирате во првите страници на пребарувачот според клучните зборови.
Од друга страна, никој не сака да чита содржина или да купи производ кој е опкружен со огромен број на клучни зборови, дизајнирани да го искористат алгоритмот на Google.
Соодветната On-page SEO оптимизација мора да биде баланс помеѓу техничкото подобрување и подобрувањето на искуството на посетителот (UX – User eXperience).
On-Page и Off-Page SEO оптимизирањето е важно за секој бизнис кој што сака да им овозможи непречено и беспрекорно искуство на своите клиенти и на потенцијалните клиенти.
Техничко SEO
Техничката оптимизација на веб-страницата вклучува стратегии за подобрување на нејзината структура.
Ваквата оптимизација ја подобрува читливоста на страната, со што им се овозможува на интернет пребарувачите подобро да ја разберат страницата. Го подобрува корисничкото искуство и им помага на пребарувачите да видат дека страната е со висок квалитет.
Видовите оптимизација вклучени во оваа категорија се однесуваат на:
- Брзина на страницата;
- Фукнционалоност на разни уреди (таблет, мобилен, лаптоп);
- Индексирање;
- Оптимизации на скрипти;
- Подреденост на страната;
- Структурирани податоци;
- Безбедност.
Што треба да знае еден SEO професионалец?
Да знае како функционират интернет пребарувачите
Пред да започнете да размислувате за SEO, првиот чекор што треба да го преземете е да се запознаете со тоа како работат интернет пребарувачите.
Да ги разбере факторите за рангирање и да биде трпелив
Релевантност. Треба да постирате релевантна содржина според истражувањето на клучните зборови за да може да се појавувате како резултат на интернет пребарувачот.
Исто така, секој SEO професионалец знае дека ќе треба повеќе време да се постигнат резултати од макотрпната работа. Порај тоа што треба да имате релевантна содржина, тука влијаат и други фактори како што се: авторитетот на вашата веб-страна, линкови од други страни кои носат до вашата, добро техничко SEO итн.
Да го знае вистинското значење на оптимизацијата
Важно е да се разбере дека секогаш има нешто ново да се научи. Дигиталниот маркетинг секојдневно се менува, секој SEO професионалец треба да учи и да го надоградува своето знаење. Треба да сте во тек со сите трендови, да следите примери од светски SEO експерти и да знаете да ги изберете вистинските алатки кога станува збор за оптимизација.
Заклучок
SEO професионалците им помагаат на клиентите во оптимизирање на нивната веб-страницата за таа да се рангира на интернет пребарувачите. Со тоа, тие овозможуваат органски посетители кои што стануваат потенцијални клиенти, за на крај преку искуството и релевантноста која ја нуди веб-страницата да станат клиенти.
Тие го применуваат своето длабинско знаење и преку откривање на клучни зборови, нивно имплементирање во релевантна содржина, анализа на веб-страницата и нејзино подобрување, носат резултати.
Ако создадете добра содржина, ја оптимизирате веб-страницата, ги следите најдобрите практики за истражување на клучни зборови и градите врски со висок квалитет, содржината добро ќе се рангира на интернет пребарувачите.
Стекнување на вако знаење и станување професионалец во областа на Дигиталниот Маркетинг е овозможено со посетување на програмата за Дигитален Маркетинг на Galeksia. Дознај повеќе и стани SEO професионалец.
Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.
Запиши се и учи со нас!