10 факти за SEO кои секој почетник треба да ги знае

Кога беше последниот пат кога пребаравте нешто на Google? Пред можеби 1 час? Или пак 20 минути?


Прашањето „кога?“… да бидам искрен, не е ни важно, целта ми беше повеќе контекстот. Сите ние користиме пребарувачи за одговори – повеќето од нас и неколку пати дневно.


Што ме води до следново – Зошто пребарувате токму на Google?


Кога пребаруваме нешто на интернет, очекуваме да го најдеме тоа што ни треба. А Google е најкредибилното место за ова. Тој е најдобриот пребарувач во светот (речиси без конкуренција), како на техничко, така и на практично ниво. (Повеќе за ова во некоја наредна прилика)


Што се однесува на онлајн присуството на бизнисите, во последниве неколку години, речиси секој бизнис има своја веб-страница којашто има повеќе намени – од кои дигитален билборд, онлајн продавница, и контакт центар се само неколку. Доколку вашиот бизнис нема веб-страница, размислете дали ова е стратешки добро за вашиот бизнис.


Имајќи ја предвид намената на пребарувачите, што би било идеалното сценарио за бизнисот во однос на моментот зошто некој би отишол на Google да пребара нешто?


Веб-страницата на бизнисот да е на првиот резултат, што е секако многу логично. Но дали ова е игра на среќа, или е резултат на макотрпна работа што донела одличен резултат?


Одговорот е второто. И тоа има име – SEO или Search Engine Optimization.


Ова се 10 факти за SEO што секој почетник треба да ги знае.

 

Што е SEO?

 

Прво, мал вовед. Пребарувач и прелистувач се две различни нешта. Прелистувач е апликација која ја користите за пристап до веб содржина – како Google Chrome, Mozilla Firefox, и Microsoft Edge. Пребарувач е датабаза на веб страни, и истиот дава селекција од датабазата базирано на тоа што корисникот има внесено во пребарувањето.


Сега кога тоа е објаснето, да се навратиме на SEO. Можеби сте слушнале за SEO, можеби и не. Еве дефиниција што би ја дал за SEO:


SEO (Search Engine Optimization), или на македонски оптимизација за пребарувачи, е збир на активности што се одвиваат и директно на веб страната и надвор од неа. Целта на сите активности е веб страната да се рангира што е можно поблиску до првата позиција во пребарувачот за дадените клучни зборови.


А доколку го дочитате текстов, ќе го сфатите точно што значи секој дел од дефиницијата.

 

zapocni svetska kariera vo digitalen marketing

 

Факт 1: SEO е еден од најефективните канали за маркетинг

Оние што знаат што е SEO, знаат колку пари се потребни за да носите корисници на веб-страницаата.


За оние што не знаат, одговорот е нула. Сите корисници што ќе дојдат на веб страната преку SEO се донесени бесплатно.


Е сега, додека самата веб страна се доведе до тој степен да генерира корисници, треба работа, а со тоа и пари – но ова е случајот и со сите други канали. Впрочем, тие и изискуваат работа, и изискуваат буџет за рекламирање.

 

Факт 2: Клучните зборови се темелите на SEO


Ова е многу важно, бидејќи клучните зборови ја диктираат содржината, па дури и структурата на самиот веб сајт.


Така да треба да знаете како да пронајдете клучни зборови што се релеватни, и не само тоа – да ги пронајдете сите семантички варијации од истите. За важноста на семантичките варијации ќе зборуваме подетално во наредна прилика.

 

Факт 3: Има три типа на SEO активности:

 

1. On-page

2. Technical

3. Off-page


On-page SEO е секоја активност што се изведува на front-end на страната. Истото вклучува активности како мета тагови, структурирање на наслови и содржина, алтернативни тагови за слики, итн.


Technical SEO е секоја активност што се изведува на back-end на страната (иако има и неколку што се на фронт енд.) Целта е да ја направи страната структурно поврзана и индексирана од пребарувачите. Technical-page SEO вклучува редиректирања, SSL сертификат, канонизирање на страните, сајтмапа, robots.txt директиви, итн.


Off-page SEO е секоја активност вон страната, и истата служи за генерирање на проток на корисници од други страни кон вашата. И да, социјалните медиуми се тип на Off-page SEO, но истите се толку големи, што спаѓаат во еден канал наречен маркетинг на социјални медиуми. Целта на овој тип на SEO е да се добијат повратни линкови до вашата веб страна.

Факт 4: Треба да знаете каде да вметнувате клучни зборови


Клучните зборови не се вметнуваат туку така – има цела наука поврзана со тоа. Но, основните места каде што клучните зборови мора да се вметнат се:


1. Мета описот

2. Мета насловот

3. H1 насловот

4. Првиот параграф од текстот

5. URL патеката

 

Факт 5: Во SEO, содржината е сè

Кога слушате луѓе кога велат се’ е веќе кажано, не се многу далеку од вистината. Да се напише нешто оригинално што има тежина во себе е многу тешко. Во SEO, оригиналната содржината е се’ – и доколку успеете да дадете добар осврт на веќе кажаното на ваш начин, со ваши бројки и истражувања, вие сте на пат на првата страна во Google.

 

Факт 6: За добар ранг, потребни се повратни линкови

Како што напоменав во Off-page SEO, повратните линкови се резултат на активностите поврзани со него. Но, зошто токму повратни линкови?


Секој повратен линк од авторитетен домен кон вашата страна е гаранција дека информацијата што ја прикажувате вреди. Запазете го зборот авторитетен, бидејќи повратните линкови не се момент на квантитет, туку на квалитет. Ова значи дека еден повратен линк од авторитетен домен може да вреди како илјада од неавторитетни домени.

 

Факт 7: Треба да следите аналитики

Аналитиките се во сржта на дигиталниот маркетинг, и SEO не е исклучок. Во Google Analytics, ќе видите многу важни податоци, како на пример колку време корисниците се задржуваат на некоја страна, дали продолжуваат на друга, како и (со малку иновативност и знаење) да знаете кои елементи од страната се читани, а кои не, и со тоа да ги подобрите истите. Прочитај повеќе за модулот Google Analytics, во интервјуто со Сара Стојковска, ментор во Galeksia.

 

Факт 8: Треба да знаете да читате извештаи од Webmaster Console

Иако Webmaster Console е дел од аналитиките, заслужува посебно внимание. Оваа алатка од Google ви ги прикажува поголемиот дел од клучни зборови за кои вашата страна се појавила во пребарувачот, како и колку пати била кликната, во кои земји се појавила, и како изгледал резултатот.


Исто така, во оваа алатка може да прикачите сајтмап за да му ја олесните (и забрзате) работата на Google во индексирање на веб сајтот. Можете и рачно да индексирате и деиндексирате засебни страни.


(Не е на одмет да ја користите и алтернативата од Microsoft, Bing Webmaster tools паралелно со Google Webmaster Console)

Факт 9: Ако оптимизирате за Google, оптимизирате за сите

Фактот е дека Google е лидер во индустријата на пребарувачи, и држи над 90% од пазарот. Алгоритмот на Google е светлосни години пред конкурентите како Bing и Yandex, така да стандардите што се апликативни за Google се апликативни за сите пребарувачи.


Сите ги имаат прифатено стандардите што Google ги има поставено, така да ако оптимизирате за него, оптимизирате за сите.

Факт 10: За да добиете резултат од SEO, потребно е време

За SEO да вроди со плод треба време. Има многу фактори коишто играат улога во времето потребно за резултат, но најважните се староста на доменот, количината на повратни линкови, како и количината на содржина прикачена на доменот.


Искуството покажало дека е потребно време од 4 месеци до година за да се добие солиден резултат од SEO.

 

Уписите се во тек! Искористи ја оваа шанса и стани дел од глобалното семејство на DMI програмата.

 

Пријави се уште денес!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче