Од почетник без предзнаење до Certified Digital Marketing Professional

Секогаш се радуваме кога споделуваме успешни приказни со вас! Запознајте ја Анѓела Милошевска, амбициозна девојка која на програмата на Galeksia се запиша без никакви предзнаења, а од неа излезе како Certified Digital Marketing Professional!


Програмите за дигитален маркетинг на Galeksia се прилагодени за секој! Сè што е потребно е голема желба и посветено учење за успешно да се совлада материјалот. Анѓела е пример за тоа како континуираното учење во текот на 6 месеци резултира со стекнување со светски признаен сертификат!


Ја прашавме Анѓела која беше нејзината мотивација да учи дигитален маркетинг, со какви предизвици се соочи за време на програмата и какви можности ѝ отвори работата на практичен проект за Neptun. 


Прочитајте повеќе во интервјуто подолу!





1. Официјално стана Certified Digital Marketing Specialist. Која беше твојата мотивација да научиш дигитален маркетинг?   



Промена на кариерата ми беше главната мотивација за запишување на програмата за дигитален маркетинг во Galeksia. Секако важно ми беше што овозможува и подобра кариерна иднина и светски признаен сертификат. 



2. Како се подготвуваше за полагањето на тестот?



Со многубројните ресурси кои DMI платформата ги нуди и со редовно присуство на предавањата.



3. Според тебе, што е клучно за успешно положување на тестот?



Редовно присуство на предавањата, фаќање забелешки во текот на предавањата, константно учење на материјалот и приклучување на некој од проектите даваат најдобри резултати на полагањето.



4. Кои беа твоите најголеми предизвици за време на програмата и како ги надмина?



Со оглед на тоа што немав никакво познавање од дигитален маркетинг, целиот процес беше предизвик за мене. Но, благодарение на менторите кои ни помогнаа на сите и ни беа достапни 24/7 за сè што не ни беше јасно, успешно го совладавме материјалот.



5. Какви бенефити очекуваш со стекнувањето со светски признаениот сертификат во својот кариерен развој?



Очекувам да ја работам работата што ја сакам, да можам да им помогнам на клиентите во развој на нивниот бизнис и да не ми е проблем да станам рано или пак да заглавам до доцна работејќи на проект.



6. Имаше прилика да работиш на практичен проект со Neptun и беше избрана за најдобар студент. На какви активности работеше и каков совет би им дала на другите студенти кои се вклучија на проекти?



Работев на SEO анализа, проект кој многу ми помогна практично да го искористам знаењето и подобро да го сфатам модулот. На останатите студенти би им препорачала да ги искористат проектите за нивна професионална надградба и да бидат спремни на team work.



7. Колку сметаш дека соработката на Galeksia со learning partners е корисна за вас студентите и какви можности ви отвора? 



Соработката е одлична можност за нас да работиме на реални проекти, да имаме материјал за во портфолио, а во иднина и да бидеме дел од тимот на некој од learning partners.



8. Со една реченица, по што ќе го паметиш учењето на Galeksia? 



Супер предавања и посветени ментори.



9. Што би им препорачала на сите кои сакаат да започнат дигитална трансформација? 



Никогаш не е доцна за добри промени во животот. Galeksia е токму тоа, избор кој ќе сакаш порано да си го направил/а!





Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.

Запиши се и учи со нас!



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче