Интервју со Ема: Никогаш не е доцна за промена на кариерата

Ема е дел од ноемвриската група и една од најдобрите студенти воопшто пријавени на програмата за Digital Marketing на Galeksiа. Таа веќе работи како Marketing Executive во Dethtech Systems, но желбата да го надогради своето знаење и да додаде и digital skills во нејзиното CV ја донесоа токму овде, па по неколку месеци интензивна дружба, еве сме повторно, разговараме со Certified Digital Marketing Professional.

 

Перфекционист кој максимално вложено влегува во било која работа, вредна, амбициозна и трудољубива  – тоа е Ема во неколку зборови. А сите овие квалитети не ѝ донесоа само сертификат и знаење, туку и одличен резултат на испитот, што можеби и не претставува некое изненадување, барем не за менторите, колегите и сите кои ја познааваат.

 

Но, зошто Ема ја одбра токму Galeksia и дигиталниот маркетинг, какви се нејзините почетоци и што таа би им препорачала на оние кои размислуваат дали вреди инвестицијата во себеси? Прочитај подолу!

 

1. Ема, здраво! Знаеме дека веќе неколку седмици имаш нова „титула“ Certified Digital Marketing Professional да додадеш во твојата биографија, но ајде накратко кажи ни нешто повеќе за тебе?🙂

 

Здраво! Јас сум Ема. По професија сум забен техничар, но решив да направам промена на кариерата.

 

Моментално работам во Dethtech Systems и сакав дополнително да вложам во себеси и да се збогатам со интернационално признат сертификат, кој сметам дека ќе ми ги зголеми шансите за успех, а воедно и можностите за напредок во сопствената кариера. Токму поради тоа и се запишав на академијата на Galeksia.

 

2. Од каде и кога се роди љубовта кон дигиталниот маркетинг? Имаше некој посебен момент кога сфати дека сакаш промена во кариерата?

 

Веќе од поодамна почнав да работам во областа на маркетингот, меѓутоа сакав да се надоградам и да го збогатам своето знаење. Функционирам на база на импулсивни одлуки кои досега се покажале како најправилни. Една од нив е промена на кариерата.

 

3. Зошто баш дигитален маркетинг, што мислиш дека е клучно за започнување кариера во оваа област, и дали има доволно простор на пазарот секој да се докаже и покаже во најдобро светло ?

 

Сметам дека дигиталниот маркетинг е во подем и допрва ќе биде сè побаран како професија. Како личност која бара динамика во она што го работи, совршено се вклопува во мојот животен стил.

 

Сепак како и секоја професија, сè зависи колку енергија се вложува за да се постигне она што е зацртано.

 

4. Без сомнеж си една од најдобрите не само од твојата група, туку и општо на програмата. Со твојата ultra strong work ethic ги освои симпатиите на сите ментори, и не остана незабележана. Но, кои од менторите и модулите ти оставија тебе особен впечаток?

 

Секој модул си беше приказна за себе. Менторите се трудеа максимално да го пренесат своето знаење. Но, кога би морала да бирам, би рекла дека посебен впечаток ми остави Елена, односно модулот за социјални медиуми. Предавањата беа доста интерактивни и интересни.

 

Од друга страна и Наташа со модулот PPC ми остави голем впечаток. Тешко прашање.

 

5. Каде би сакала да ги примениш твоите новостекнати digital skills, дали можеби сакаш да се усовршиш во една област од дигиталниот маркетинг или имаш поинаква замисла?

 

Би сакала да се насочам кон социјалните медиуми. Во текот на предавањата, навистина добив одлични tips за тоа како да изградиш добра маркетинг кампања. Но, истовремено ме влече и позадинското истражување на метриките и успешноста на маркетинг кампањите. Не можам моментално да се одлучам во која насока би сакала да се усовршам. Би рекла, и двете. 🙂

 

6. Учествуваше во практичниот проект за Pneumatik, каде заедно со уште двајца колеги направивте буквално една цела кампања за брендот и мора да признаам одлично се снајдовте! Што научивте од ова искуство?

 

Навистина уживав додека работев на практичниот проект. Морам да признаам, беше доста голем предизвик со оглед дека немам искуство со автомобилската индустрија.

 

Но, кога сакам нешто да направам, се вложувам максимално во она што ми е дадено да го сработам. Ја вложив својата креативност и љубопитност и мислам дека на крајот сепак се исплатеше.

 

7. Ако можеш да се вратиш назад, кој совет би си го дала на себе пред почетокот на програмата?

 

Да бидам трпелива и дека инвестицијата ќе се исплати сепак на крајот. Од денешна перспектива, ова е една од подобрите одлуки во животот.

 

8. Дигиталниот маркетинг нуди еден тон можности, меѓу нив е секако сè попопуларниот remote начин на работа особено во услови на светска пандемија. Кои се предности и недостатоци според тебе?

 

Ќе бидам што е можно пократка и појасна на ова прашање. Remote начин на работа нема недостатоци, само предности🙂. Сè е полесно кога се работи од дома.

 

9. Сертификатот е интернационално признат, со самото тоа твоите можности за работа во странство се зголемуваат. Дали можеби размислуваш во таа насока, или пак Македонија ти ги нуди истите услови?

 

Размислувам од поодамна за работа надвор од Македонија и се надевам дека желбата набрзо ќе биде остварена.🙂

 

Токму сертификатот кој е интернационално признат беше предуслов да се запишам на академијата за дигитален маркетинг во Galeksia. Сега шансите за успех знам дека се во моја полза.

 

10. Како за крај, што би ги советувала сите оние кои сакаат да направат промена на кариерата?

 

Никогаш не е доцна за промена на кариерата. Доволно е само да бидеш упорен, решителен и да веруваш дека ќе успееш. Ништо не е невозможно.

 

 

Инспирирај се и ти од приказната на Ема и започни ја твојата кариера во дигиталниот свет. Нема подобро време од сега да се стекнеш со дигитални вештини и да се запишеш на програмата за дигитален маркетинг. Уписите се во тек, приклучи се денес!

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче