Мартина Зарева е сертифициран DMI тренер и ментор за Email Marketing модулот во Galeksia.
Во ова интервју ќе прочиташ повеќе за нејзините почетоци, за љубовта кон дигиталниот маркетинг, за модулот Email Marketing, што всушност опфаќа и кои се главните одлики на еден успешен дигитален маркетер.
Во моментов Мартина работи како Digital Marketing Specialist во KP Macedonia Export, а со своето долгогодишно искуство со над 100 проекти, повеќе од 1000 email секвенци за клиенти од над 25 различни индустрии, преку практични примери ќе ти го пренесе своето знаење и ќе ти помогне да ги совладаш клучните тактики и вештини за да креираш успешни Email кампањи.
Имавме навистина продуктивен и информативен разговор, прочитај го целосното интервју подолу!
1. Мартина, здраво! Digital Marketing Specialist, студент на мастер студии и од најново предавач на CDMP програмата во Galeksia. Тоа се титулите кои ги знаеме, но како би се опишала ти во неколку зборови? Откриј ни нешто повеќе за себе.
Tech savvy, хедонист, љубител на убава храна, муабет и природа. 😊
2. Имаш дипломирано на отсекот Е-business на Економскиот факултет во Скопје, студираше и во Русија а во меѓувреме запиша и мастер студии по IT management на ФИНКИ. Ти си вистински пример дека константната надоградба е клучот на успехот. Колку е битна оваа карактеристика за еден дигитален маркетер?
По природа сум личност која се стреми кон исполнување на повисоки цели и сака постојано да се надоградува.
Дигиталниот маркетинг е професија за луѓе кои сакаат динамичност, постојан раст и развој како и секојдневни предизвици. Најголемите предизвици на секој професионалец во денешно време е да остане релевантен и кредибилен за полето во кое работи. Токму тоа се бара од секој маркетер.
3. Од каде потекнува љубовта за дигиталниот маркетинг? Кога и како одлучи дека токму тоа ќе биде твојата професија?
Интернетот и можноста што ја нуди да го направи светот подостапен ме воодушевувале уште од најмала возраст. Како што растев, така и развојот на интернетот се зголемуваше со сè поголема брзина. Почнав да ја сфаќам неговата моќ да пренесе порака и можностите кои ќе ги отвори за нови професии и бизниси. Изборот на професија си дојде последователно на моите интереси кои ме следеле постојано.
4. Ако можеш да ја смениш професијата, барем на една недела, што би работела? Дали си размислувала на темава, имаш ли некоја неостварена желба?
Секогаш ме влечеше нешто креативно, желба ми беше да се запишам на глума. Но, бидејќи ми беа познати условите во театарската професија, не тргнав на тој пат.
Воопшто не се каам за одлуката што сум ја донела бидејќи ако бирам, повторно би избрала да сум дел од дигиталниот свет, едноставно уживам во секој работен ден. 😊
5. Работата како дигитален маркетер во голем дел од времето бара креативност и иновативност. Каде ја наоѓаш инспирацијата? Дали успеваш да најдеш дел од денот каде буквално ќе се исклучиш од сите социјални мрежи или си tech junkie?
Јас сум Z gen, од кога знам за себе користам компјутер па подоцна и интернет. Едноставно уживам да ги користам придобивките што ги нуди дигиталниот свет. Затоа кога не работам, слободното време уживам да го поминам на интернет и да читам за новостите и трендовите од областа на технологијата и дигиталниот маркетинг. Да наоѓам некои нови платформи и апликации кои можам да ги пробам на работа.
Но, преку викенд секогаш гледам батериите да ги полнам некаде во природа заедно со моето семејство и пријателите, а инспирацијата ја влечам од самата себе која е мотивирана за подобра иднина.
6. Речиси три години бележиш огромни успеси во KP Macedonia Export и работиш за неколку брендови. Ќе може ли да ни објасниш накратко како изгледа еден твој работен ден?
Како дигитален маркетер моите секојдневни обврски се разликуваат од ден во ден. Но, можам да кажам дека уживам во таа динамична средина која од мене бара секој ден да учам нови работи. Имам одлична комуникација со тимот за секојдневните обврски, бидејќи заедно ги градиме и реализираме стратегиите на неколкуте интернационални брендови на кои работиме.
7. Со огромно задоволство ќе го кажеме ова, ти си најновото засилување на прекрасниот тим на предавачи од Galeksia и ќе го предаваш модулот Email Marketing на програмата. Што може да очекуваат идните студенти од твоите предавања? Што е она што ќе го научат од тебе и ќе им помогне во професионалниот развој?
Co CDMP програмата покриено е сè она што е потребно за студентите да навлезат во светот на дигиталниот маркетинг – во случајов во Email маркетингот.
На овој модул ќе се запознаат зошто Email маркетингот е меѓу најважните канали, какви видови на маркетинг мејлови постојат, и некои tips & tricks како да се зголеми успешноста на кампањите. И за крај, ќе обратиме внимание што е Email Automation, како се гради еmail automation workflow и фазите кои се потребни за ги оптимизираме нашите резултати.
8. Дигиталниот маркетинг е сфера која постојано се менува, и секој што работи во ова поле мора да биде up to date со сите новости. Дали очекуваш промени конкретно и за Email Marketing за 5 години од сега? Неблагодарно е да направиш прогноза, ама give it a try!
Во моментов додека разговараме се случуваат некакви промени во дигиталниот маркетинг. Бидејќи тука сè брзо се менува , тешко ми е да прогнозирам, но не е тајна дека COVID-19 предизвика големи промени во бизнисите ширум светот. На брендовите им е претставена можност да испробаат нови маркетинг стратегии и нови бизнис модели.
Во наредниот период ќе видиме дека овие нови стратегии ќе функционираат со фокус на „people first“. Брендовите ќе станат поемпатични што ќе доведе до посилни односи меѓу клиентите и брендовите. Токму Email маркетингот е совршен маркетинг канал за градење на односи.
Исто така од трендовите во Email Marketing кои сметам дека ќе доминираат во следните пет години би издвоила: автоматизираните мејлови ќе станат пософистицирани, користејќи AI за подобро таргетирање клиенти, повеќе видео содржини, интерактивни мејлови и чет-ботови.
9. Менторството е исклучително предизвикувачка задача, покрај експертизата и знаењето во областа што се предава, бара и дополнителни вештини. Според тебе што треба да поседува еден предавач за да биде успешен во тоа што го работи, и што тебе би ти претставувало најголемо задоволство по завршување на секоја група?
Како ментор се радувам на можноста да запознавам амбициозни луѓе кои сакаат да научат нешто ново, но и на можноста и јас да научам нешто од нив преку нивните прашања, размислувања, идеи. Заедно ќе поминуваме 5 часа и ќе се обидам моето интернационално професионално искуство да го пренесам преку практично работење на реални случаи и разработка на успешни email стратегии и кампањи.
10. Исклучително ведра, позитивна и комуникативна – верувам дека така те доживуваат сите што те познаваат, а наскоро и студентите ќе се уверат во ова. 😊 Дали се разликува Мартина во професионалниот и во приватниот живот?
Хмм јас мислам не, ама за најточен одговор сепак прашајте ги моите пријатели и семејството. 😊
11. Како за крај, каков совет би им дала на сите кои сакаат да се запишат на програмата за дигитален маркетинг?
Секој почеток знае да изгледа страшно, но доколку сте личност која е креативна, во потрага по возбуда и динамика, тогаш дигиталниот маркетинг е одлична професија за вас.
Не размислувајте, излезете од комфорт зоната и запишете се на оваа светски призната програма за дигитален маркетинг. За краток период ќе добиете знаење кое ќе можете да го искористите практично во реални проекти.
Ако станеш и ти дел од предавањата на Мартина, ќе научиш како да креираш успешна email кампања, како да ја оптимизираш истата, кои алатки можеш да ги користиш и сè друго што ќе ти помогне да си го подобриш бизнисот или да почнеш кариера во дигиталниот маркетинг! Запиши се на програмата и стани сертифициран digital marketing specialist!
Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.