Зголемување на видливоста на Анни Фарм на социјалните мрежи

OVERVIEW

RESOURCES

Learning-partner компанија

Аптеките ДНА Анни Фарм повеќе од 10 години се грижат за здравјето и благосостојбата на своите клиенти. Компанијата постојано се стреми кон усовршување на услугите што ги дава.

Предизвик

Сите студенти се корисници на некој фармацевтски препарат. Сигурно секој од свој агол знае што е она што му пречи во делот на дигиталниот маркетинг на аптеките, а и што лично му недостасува како информација или услуга. Секоја аптека треба да понуди во доменот на фармацевстка грижа нешто по што ќе се одвојува од останатите и ќе ја прави препознатлива во мноштвото понуди кои ги има во дигиталните мрежи.

Целта на проектот е да се направи анализа на активностите од дигиталниот маркетинг на Анни Фарм како и на конкурентските компании, но и да се понудат решенија за подобра и поефикасна комуникација со клиентите, поголема застапеност на социјалните мрежи и препознатливост на брендот.

Решенија

  • Анализа на конкуренцијата за специфични производи;
  • Email marketing calendar;
  • Social media calendar;
  • Предлози за платени реклами на Google – PPC;
  • Предлози за активности на LinkedIn;
  • Предлози за email marketing и YouTube.

Цел на решенијата

Компанијата започна со активно користење на дигитален маркетинг и присуство на социјалните мрежи пред околу една година. Нивната цел е да изградат уште поблизок однос со своите клиенти, да покажат фармацевтска грижа преку постојана едукација и совети, да ја зголемат свесноста за постоењето на online аптека 24 часа на ден, како и зајакнување и препознатливост на брендот кој го градат. Со предложените решенија очекуваат да добијат нови и објективни идеи, кои ќе одат во насока на остварување на овие цели.

Очекувани резултати

  • Зголемено присуство на социјалните мрежи;
  • Фармацевтска грижа со помош на едукација и совети;
  • Присуство на YouTube;
  • Brand awareness;
  • Промоција на специфични производи кои ги нудат, како и едукација за корисноста од истите;
  • Промоција на 24 часа online аптека.


Со запишување на некоја од програмите на Galeksia, може да очекуваш дека ќе добиеш квалитетна едукација и поддршка од нашите ментори кои ќе ти помогнат да ги искористиш придобивките кои ги нудат нашите Learning Partners.