Размисли за момент за твојата идеална публика. Кои се тие? Како размислуваат? На кои виртуелни платформи се движат? Овој модул ќе ти ги даде алатките за да ги најдеш – и тоа сите. Секако ќе треба и да поработиш на брендот – сè се врти околу контекст и релевантност, и околу пласманот на брендот во вистинскиот момент и на вистинското место.

И потоа, личниот траг. Личната поврзаност е дури и позначајна во дигиталниот маркетинг. Во овој модул ќе научиш витални техники за да таргетираш на интернет, да се конектираш и да воспоставиш врска со твоите потрошувачи.


Ќе научиш да креираш и усовршуваш таргет персони, ќе научиш да користиш social intelligence и social listening за да надгледуваш онлајн интеракции и однесувања на луѓето. Исто така, ќе научиш како да користиш истражување за да знаеш кога да го пласираш твојот бренд онлајн – и како да го кажеш магичниот збор кон секој поединец за да го придобиеш. Сè е до контекстот.